1 / 53

Крсто Несторов

Ажурирање на прашањата од даноч ниот систем на Република Македонија за фискалната година 20 10 Скопје, 2 9 Септември 2010 . Крсто Несторов. √. п р о г р а м а. Општ осврт за тековниот даночен систем и значењето на даноците Данокот на добивка во 2010 година

amma
Download Presentation

Крсто Несторов

An Image/Link below is provided (as is) to download presentation Download Policy: Content on the Website is provided to you AS IS for your information and personal use and may not be sold / licensed / shared on other websites without getting consent from its author. Content is provided to you AS IS for your information and personal use only. Download presentation by click this link. While downloading, if for some reason you are not able to download a presentation, the publisher may have deleted the file from their server. During download, if you can't get a presentation, the file might be deleted by the publisher.

E N D

Presentation Transcript


  1. Ажурирање на прашањата од даночниот систем на Република Македонијаза фискалната година 2010Скопје, 29 Септември 2010 Крсто Несторов √

  2. п р о г р а м а • Општ осврт за тековниот даночен систем и значењето на даноците • Данокот на добивка во 2010 година • Дирекни даноци – неколку анализи на случаи √

  3. Основни принципи на современите даночни системи [i]Приспособеност на условите на пазарни односи во стопанството- целосна еманципација на принципот на неутралност на даноците во однос на двигателите на економските законитости [ii]Ефикасен во исполнувањето на основната фискална функција – обзбедување на потребниот обем за финансирање на јавните расходи на земјата. Тоа мора да биде во рамките на /а/ подносливо вкупно фискално оптоварување /б/ рамномерна дистрибуција на даночниот товар на обврзниците [iii]Mеѓународнa компатибилност – пред се со земјите со кои е главната севкупна меѓудржавна размена на инвестиции, добра и услуги [iv]Определување на висината на даночните обврски на конкурентно рамниште – определување на севкупно оданочување на рамниште не повисоко споредбено со компатабилните, соседните и земјите кон чии партерства се цели [v]Определување на даночната основа со најголема возможна ширина на опфатност – ослободувањата да се што повеќе лимитирани што истовремено е услов за примена на пониски стапки [vi]Едноставност и транспарентност при примената – легислативата мора да биде подеднакво разбирлив за обврзниците и за даночните власти √

  4. Закони ефективни за фискалната година 2010 Даноци кои ги оптоваруваат добивката и доходот • Персонален данок од доход -80/93, 3/94, 70/94, 31/96, 40/96, 71/96, 28/97, 2/99, 8/01, 50/01, 02/02, 44/02, 96/04, 120/05, 52/06, 139/06, 160/07, 159/08, 20/09 и 139/09 • Данок од добивка -80/93, 33/95, 43/95, 71/96, 5/97, 28/98, 11/01, 02/02, 44/02, 51/03, 120/05, 139/06, 160/07, 122/08 УС, 159/08 и 85/10 √

  5. Закони ефективни за фискалната година 2010 Даноци со кои се оптоварува потрошувачката • ДДВ - 44/99, 59/99, 86/99, 11/00, 93/00-УС, 08/01, 21/03 , 19/04, 33/06, 45/06, 101/06, 114/07, 103/08, 114/09, 133/09, 95/10 и 102/10 • Акцизи - 32/01, 50/01, исп. 52/01, 45/02, 98/02, 24/03, 96/04, 38/2005, 88/08, 105/09 и 34/10 • Царини - 39/05, 04/08 и 48/10 √

  6. Закони ефективни за фискалната година 2010 Даноци на прометот и состојбата на имотот • Данок на имот - 61/04, 92/07 и 102/08 √

  7. Закони ефективни за фискалната година 2010 Социјалните давчки • Придонеси од задолжително социјално осигурувње -142/2008,64/2009 и 156/2009 √

  8. Закони ефективни за фискалната година 2010 Други важни прописи • Даночна постапка -13/06, 88/08, 159/08, 105/09 и133/09 • Општа управна постапка -38/05 и 110/08 √

  9. Едноставен електронски пристап до прописите Пречистени текстови на закони и подзаконска регулатива за сите даноци освен царините: www.ujp.gov.mk Пречистени текстови на царинските прописи : www.customs.gov.mk Онака како што се објавени во службен весник на РМ но само законските прописи: www.pravo.org.mk Договори за избегнување на двојно оданочување и договори за социјално осигурување: www.mfa.gov.mk Комерцијалните сајтови на консултантските куќи Web Страната на Службен весник на Република Македонија √

  10. ДДВ - 44/99, 59/99, 86/99, 11/00, 93/00-УС, 08/01, 21/03, 19/04, 33/06, 45/06, 101/06, 114/07, 103/08, 114/09, 133/09, 95/10 и 102/10 Основните системски определби на ДДВ и покрај честите промени не се менувани од првична примена на ДДВ до денес. Примената е доста едноставна и транспарентна и скоро сите измени се однесуваат на пренос на добра од оданочиви по општа стапка во оданочиви по повластена стапка. √

  11. ДДВ – Сумаризација на измените Сл. В. 114/2009 • Прометот со вода за наводнување се префрла од добро оданочиво со општата (18%) во повластена (5%) стапка – примена од 22 Септември 2009 Сл. В. 133/2009 • Преносот на целокупниот или дел од имотот во случај на продолжување со истата дејност од страна на стекнувачот се смета за промет и станува оданочив со општа даночна стапка – примена од 11 Ноември 2009 • На лицата кои доброволно се регистрираат за ДДВ за даночен период им се определува календарската година – примена 1 Јануари 2010 √

  12. ДДВ – Сумаризација на измените Сл. В. 133/2009 • Кај доброволно регистрираните ДДВ обврзници за даночни период може да се определи календарскиот месец.Услов влезни исполнувања (набавки) за инвестиции во опрема или недвижности во износ без ДДВ од најмалку МКД 100 милиони Остварување врз основана писмено барање и решение од даночните власти. Решението е ефективно во месецот кој следи на месецот на доставување на барање. Обврска за составување на ДДВ пријава од 1 Јануари до крајот на месецот во кој е доставено барањето. Рок 15 (25) дена по доставување на барањето.Примена 1 Јануари 2010 √

  13. ДДВ – Сумаризација на измените Сл. В. 133/2009 и 102/2010 • Со ДДВ пријавата се доставувапериодичен финансиски извештај ▪ За регистар касите Примена 11 Ноември 2009 ▪Банкарските сметки преку кои го остварува остварува работењето Примена 11 Ноември 2009 [со ДДВ пријава која се доставува на 25 Октомври 2010 банките дирекно ќе ги доставуваат овие извештаи] А зошто овие извештаи служат ????????? √

  14. ДДВ – Сумаризација на измените Сл. В. 133/2009 • Исправка на ДДВ пријавите заради погрешно или нецелосно пријавени промети и припаѓачкиот ДДВ за даночните периоди од тековната ФГ може да се врши најдоцна до 28 (29) Февруари наредната година. Нелогичност: Може да се заклучи дека исправка по овој датум е забранета. Но ако таа се уочи подоцна и се однесува на помалку патен данок неможноста да се исправи грешката во случај на идно откривање од даночните власти би значело плаќање врз основа на контрола на ДДВ + камата за задоцнето плаќање + глоба за грешкатаИсправка на грешка на повеќе или помалку пријавен ДДВ под 1% од пријавениот ДДВ во даночниот период за кој се прави исправка се врши во последната ДДВ пријава од календарската година.Примена 11 Ноември 2009 √

  15. ДДВ – Сумаризација на измените Сл. В. 133/2009 • Бришена е одредбата според која даночните власти должат камата во висина од 0,03% за секој ден задоцнување на враќањето на ДДВ.Козметика – укинувањето е предизвикано од пропуст при донесувањето на Законот за даночна постапка да се брише овој став. √

  16. ДДВ – Сумаризација на измените Сл. В. 133/2009 • Задолжителна регистрација за ДДВ во месецот кој следи на месецот на надминување на прагот од МКД 1,3м. Примена 11 Ноември 2009 до 31 Декември 2010 Сл. В. 103/2010 • Поместување на прагот за задолжителна регистрација за ДДВ од МКД 1,3 на МКД 2,0. Регистрација во месецот кој следи на месецот на надминување на прагот од МКД 2,0м. Примена 1 Јануари 2011 √

  17. ДДВ – Сумаризација на измените Сл. В. 133/2009 • Даночните власти може да извршат дерегистрација пред истек на 5 години по регистрацијата и ако: ▪Не може да го најдат обврзникот на регистарската или бизнис адресата ▪ Месечниот и тримесечниот обврзник не поднесе ДДВ пријава за два последователни ДДВ периода ▪ Годишниот обврзник не поднесе ДДВ пријава за еден ДДВ период ▪ Кај обврзникот е идентификувано даночно затајување Примена 11 Ноември 2009 √

  18. ДДВ – Сумаризација на измените Сл. В. 133/2009 • Даночните власти може да извршат дерегистрација пред истек на 5 години по регистрацијата и ако: ▪Не може да го најдат обврзникот на регистарската или бизнис адресата ▪ Месечниот и тримесечниот обврзник не поднесе ДДВ пријава за два последователни ДДВ периода ▪ Годишниот обврзник не поднесе ДДВ пријава за еден ДДВ период ▪ Кај обврзникот е идентификувано даночно затајување Примена 11 Ноември 2009 √

  19. ДДВ – Сумаризација на измените Сл. В. 133/2009 • Даночните власти ќе ја одбијат доброволната или регистрација на почетокот на вршењето на дејност ако: ▪ Не може да го најдат обврзникот на регистарската или бизнис адресата ▪ Не може да се докаже реалната намера за вршење на дејност ▪ Годишниот обврзник не поднесе ДДВ пријава за еден ДДВ период ▪ Кај обврзникот е идентификувано даночно затајување ??? Примена 11 Ноември 2009 √

  20. ДДВ – Сумаризација на измените Сл. В. 133/2009 • Првиот промет на станови и станбени згради извршен во рок од 5 години од денот на завршување на изградбата во делот во кои тие се користат за стамбени цели во периодот од 11 Ноември 2009 до 31 Декември 2011 ќе се оданочува со повластена стапка од 5%. √

  21. ДДВ – Сумаризација на измените Сл. В. 95/2010 • Прометот на земјоделска механизација ќе се оданичува по повластена стапка од 5% до пристапувањето на РМ во ЕУ. √

  22. ДДВ – Сумаризација на измените Сл. В. 102/2010 • ДДВ пријавите за ДДВ периодот се доставуваат најдоцна до 25 од месецот кој следи на даночниот период. Примена: ДДВ пријава за даночниот период кој завршува на 31 Јули 2010 √

  23. ДДВ – Сумаризација на измените Сл. В. 102/2010 • Дефинирано на терминот “отпочнување на вршење дејност“ за регистрација при отпочнување на дејност Прва набавка или продажба на добра или услуги Примена 1 Јануари 2011 [до тогаш извод со трансакција] √

  24. ДДВ – Сумаризација на измените Сл. В. 102/2010 • Измени во глобите и другите казни за скоро сите видови прекршоци √

  25. ДДВ пријавата - можна алатка за аналитички процедури и постапки или замена за тестовите на детали ДДВ пријавата и нејзината анализа може да се искористи во аналитичките ревизорски техники за потврдување на: • Приходите и • Набавките на добра и услуги за годината Со анализата на ДДВ пријавата може релативно лесно да се потврдат нивните износи на ниво на ДДВ период и на годишно ниво. Посебно се значајни затоа што: • Често податоците потребни за ДДВ пријавата се следат во различни оддели (два независни извора на исти податоци) • Клиентот вообичаено на даноците обрнува поголемо внимание во поглед на настанувањето (појавување), точноста, навременоста (временски пресек) ... √

  26. Акцизи - 32/01, 50/01, исп. 52/01, 45/02, 98/02, 24/03, 96/04, 38/2005, 88/08, 105/09 и 34/10 Стабилна легислатива каде измените повторно се однесуваат на измената на оптоварувањето со акцизната давачка. Примената и контролата бара повеќе ангажман кај нафтените деривати. Причина: Ценовната структура која ја вклучува и акцизата се предмет на честа измена [цените и акцизата се предмет на 15-дневно утврдување] Тоа значи утврдување на залихи на секои 15 дена Едноставен за примена и контрола кај производите кои се одбележуваат со бандерола. √

  27. Акцизи - Сумаризација на измените Сл. В. 105/2009 • Пренос на надлежноста за спро- ведување и контрола во прометот во Земјата од Управата за јавни приходи на Царинската Урава • Утврдување на приоритет на примена на други закони за прашања кои не ги уредува Законот за акцизи (Закон за даночна постапка и царинските прописи) Примена 1 Јануари 2010 √

  28. Акцизи - Сумаризација на измените Сл. В. 34/2010 • Акциза за патнички автомобили наместо во фиксен износ за определен опсег на ccm3се пресметува како % применет на: Утврената продажна цена без ДДВ за прометот во земјата Царинската вредност згоелемена за износто за царина за увозот Примена 11 Март 2010 √

  29. Акцизи - Сумаризација на измените Сл. В. 34/2010 • Измена на казнените одредби за недозволено пренесување на акцизни добра и недозволено користење на акцизна дозвола и одобрение Презирање на делата на кои се однесуваат како и износите на акцизата за кои државате е оштетена Примена 22 Март 2010 √

  30. Царини - 39/2005, 04/2008 и 48/2010 Релативно е нов но нема коренити системски измени во однос на предходниот Царински Закон. Стапките се разликуваат за земјите од ЕУ и “остатокот од светот“ и тие за ЕУ се предмет на намалување секоја последователна година. √

  31. Царини – Сумаризација на измените Сл. В. 34/2010 • Измени кои се од значење на царинската постапка и се однесуваат на заринската постапка на царинските органи • Нов член 256-а Царинската управа води сметководствена евиденција на увозните и извозните давачки и даноци кои ги наплатува. Министерот за финасии го пропишува начинот на водење на сметководствената евиденција ... Би било полезно за ревизорите кога обврзниците би можеле да добиваат извод од нивната картица што Царинската управа ја води √

  32. Данок на имот - 61/04, 92/07 и 102/08 Релативно е нов но без коренити системски измени во однос на предходниот. Еден ако не и единствен даночен пропис пренесен во целосна надлежност на локалните власти. Стапките се рамковно определени по систем “од – до“ стапка при што актуелната висина се определува од локалните власти. Тешкотија: Не постои единствена информативна база за стапките што ги применуваат одделните локални власти. √

  33. Придонеси од задолжително социјлно осигурувње - 142/2008, 64/2009 и 156/2009 Централизирана легислатива со која одделно се регулираа социјалните давачки кои се плаќаат од плата. Дел е од пакетот на мерки кои беа неопходни за воведувањето на концептот на “Бруто Плата“ во РМ Во основа ги дефинира обврзниците за пресметка, задршка и уплата на социјалните давачки, основицата за пресметка на задолжителните социјални давачки, стапките на придонесите Ја префрла надлежноста за контрола, наплата, присилна наплата, застареноста и отписот на побарувањата по основ на придонеси од Фондовите корисници на средствата на Управата за јавни приходи. √

  34. Придонеси од задолжително социјално осигурување Ја ограничува солидарноста во партиципацијата на финансирањето максимален износ над кој не се плаќаат Динамика на опаѓање на висината на социјалните давачки во три последователни години почнувајќи од воведувањето во 2009 √

  35. Придонеси од задолжително социјално осигурување √

  36. Персонален данок од доход -80/93, 3/94, 70/94, 31/96, 40/96, 71/96, 28/97, 2/99, 8/01, 50/01, 02/02, 44/02, 96/04, 120/05, 52/06, 139/06, 160/07, 159/08, 20/09 и 139/09 И кај персоналниот данок од доход нема измени кои задираат во системското решение на оданочувањето. Од иницјалното донесување до денес измените се сведуваат на измени на стапки и на проширување или стеснување на неоданочивите видови приходи Опсегот на неоданочиви видови приходи е особено намален во годините кои предходеа како и во годината на воведувањето на рамниот данок. √

  37. Персонален данок од доход Од измените: • Воведено е ново изземање на вид на приход – надоместок на трошоци за службени патувања (трошоци за превоз, сместување и исхрана) при патување на државните репрезентации и спортските клубови на официјални првенства и други меѓународни натпревари. Примена: 27 Ноември 2009 √

  38. Персонален данок од доход Важност за ревизорите: Нашите клиенти како исплатители на приходи се должни да го пресметаат, задржат и уплатат данокот секогаш кога вршат исплата на некој приход спрема физички лица Важни документи за во ревизорските техники на верификацијата на трансакциите и салдата: • Поединечните деклатрации за пресметка на платите за персоналниот данок од плати • Образецот ПДД – ГИ во која се сумаризирани сите исплати на персонален данок за сите видови на иплати на приходи спрема физички лица на годишно ниво • Проверка на нивната усполасеност до сметководствената евиденција Документите имаат особена важност затоа што ги потврдуваат и основиците (разни видови трошоци) како и самиот персонален данок √

  39. Даночна постапка - 13/06, 88/08, 159/08, 105/09 и 133/09 Исклучително важен пропис кој го определува “партнерскиот однос“ меѓу данончите обврзници и даночните власти. Сл. В. 34/2010 • Се иззема Законот за акцизи од надлежностите за контрола според овој закон. Илузорност затоа што во Зсаконот за акцизи пак е направена измена во која се вели за се што не е пропишано во Законот за акцизи соодветно ке се применуваат Законот за даночна постапка и Царинските прописи. Измена предизвикана од преносот на надлежност на контрола во внатрешниот промет на акцизни производи од Управата за јавни приходи на Царинската Управа на Република Македонија. Примена: 1 Јануари 2010 √

  40. Даночна постапка - 13/06, 88/08, 159/08, 105/09 и 133/09 Сл. В. 133/2010 • Можност да се одобри продолжување на доспеаност на период не подолг од 90 дена без достава на гаранција за обврзниците кои во предходниот даночен период немале даночни долгови. • Намалена вредноста за гаранција за одлагање на плаќањето и за продолжувањето на доспеаноста на даночниот долг и тоа од 250% на 100% од висината на даночниот долг чија наплата се обезбедува за сите видови на гаранции а кај неотповикливата банкарска гаранција од 100% на 75% од висината на даночниот долг чија наплата се обезбедува Примена: 11 Ноември 2009 √

  41. Општа управна постапка - 38/05 и 110/08 Да проанализираме една одредба од Законот за управна постапка Член 129-а (1) За работите во кои според закон или според природата на работите на постапката се поведува барање на странката во форма и содржина утврдени со закон, органот што ја води постапката е должен да донесе решение по барањето во рок пропишан со материјалниот закон. (2) Во случаите од ставот (1) на овој член, ако надлежниот орган не донесе решение во пропишаниот рок ќе се смета дека барањето на странката е уважено, во постапка и под услови пропишани со закон. √

  42. Данок од добивка - 80/93, 33/95, 43/95, 71/96, 5/97, 28/98, 11/01, 02/02, 44/02, 51/03, 120/05, 139/06, 160/07, 122/08 УС, 159/08 и139/09

  43. Данок од добивка – генерално за пристапот во измените Се прават чести измени понекогаш дури и во системските определби без притоа да се даде доволно време одредени решенија да заживеат и да се тестира нивната успешност. Пример: Измените ефективни за ФГ 2007 веќе во ФГ 2009 се менуваат и укинуваат. Измените иницирани при воведувањето на рамниот данок и етапното намалување на стапката од 15% за ФГ 2006 на 12% за ФГ 2007 и на 10% за ФГ 2008 и натаму иако се декларирани како олеснувачки во суштина се направени за да обезбедат исто ниво на приходи иако стапката се намалува. Оваа цел е постигната со укинувањето на бројни намалувања и истовремено воведување на третманот одредени трошоци да не се признаваат како трошоци за потребите на данокот од добивка. √

  44. Данок од добивка – измени ефективни за ФГ 2009 и натаму Измените се во функција на давање владина подршка во условите на светската финансиска криза Направен е целосен системски пресврт при што данокот од добивка се наплатува на две компоненти: [i] Целосно оданочување во моментот на доставувањето на годишниот даночен биланс на износите на трошоците кои не се признати за потребите на данокот од добивка [ii] Оданочување само на делот од финансиската добивка која се употребува за исплата на дивиденда и тоа во моментот на актуелната исплата на дивидендата √

  45. Данок од добивка – измени ефективни за ФГ 2009 и натаму Дадено беше право - пропишана беше обврска наМинистерот за финансии да го пропише образецот Пресметка на данок на исплатена дивиденда или друга распределба од добивката, во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон. Правилникот за жал се објави со огромно задоцнување од пропишаниот рок и тоа на 17 Декември 2009 година или само неполни два и пол месеци пред рокот за составувањето на годишниот даночен биланс за 2009 година. √

  46. Данок од добивка за ФГ 2010 Kомпонента I Тековен данок – Утврдување на износот оданочив со годишниот ДБ Се утврдува износот на трошоците кои не се дозволени за потребите за данокот од добивка за ФГ Корегирани за Се утврдува износот на истите такви трошоци репортирани во предходните финансиски години при утврдувањето на данокот од добивка, а кои последователно се квалификувале да бидат признат трошок за потребите на данокот од добивка Разликата на овие два износа е даночната основа на која се применува пропишаната стапка √

  47. Данок од добивка за ФГ 2010

  48. Данок од добивка за ФГ 2010 Kомпонента II Данок на исплата на дивиденда – Утврдување на износот само при исплата на дивиденда Се утврдува само за износот на исплатата на дивидендата која се исплатува од акумулиранта добивка од добивката за фискланата година 2009 и натаму При исплатата се должи образецот ДД ИД – Пресметка на исплатена дивиденда и друга распределба на добивка и прилогот пресметка кон ДД-ИД √

  49. Аконтации во текот на ФГ 2010 Во 2010 година и натаму меродавни за пресметка на аконтациите се одредбите на членот 40 од Законот за ДД. Битна разлика во однос на плаќањето на аконтациите за 2009 година е што Образецот ДБ и износот на данокот од добивка (пресметан на трошоците непризнати за целите на ДБ за 2009 година намален за износите на трошоците од предходни години а кои во текот на 2009 година се квалификувале да се признаат за потребите на данокот од добивка и намалаен за даночните ослободувања - практично само за фискални каси) е основа за плаќање на аконтациите во текот на целата 2010 година. Предходно основата можеше во да се корегира за троѓоците кои дополнително се квалификуваат да бидат признаени за потребите на данокот од добивка во првата аконтација по стекнувањето на статус “признаени трошоци“. √

  50. Некои анализи и заклучоци – Владата губи дел од данокот при исплатата на дивидендата √

More Related