1 / 62

Заштитете се

Заштитете се. Вируси. Вирусите (наречени според биолошките вируси) се опасни програми кои секојдневно низ светот предизвикуваат огромна штета.

keegan
Download Presentation

Заштитете се

An Image/Link below is provided (as is) to download presentation Download Policy: Content on the Website is provided to you AS IS for your information and personal use and may not be sold / licensed / shared on other websites without getting consent from its author. Content is provided to you AS IS for your information and personal use only. Download presentation by click this link. While downloading, if for some reason you are not able to download a presentation, the publisher may have deleted the file from their server. During download, if you can't get a presentation, the file might be deleted by the publisher.

E N D

Presentation Transcript


  1. Заштитете се

  2. Вируси • Вирусите (наречени според биолошките вируси) се опасни програми кои секојдневно низ светот предизвикуваат огромна штета. • Вирусот е програма која бара компјутер -домаќин за да може да направи сопствени копии и на тој начин да се распространи. Тоа се остварува така што вирусот се прикачува за некоја датотека (на пр. од типовите: .exe, .dll, или .com) и се извршува секојпат кога се извршува и програмата - домаќин. Основна функција на вирусот е да направи штета. Ако компјутерот е приклучен во мрежа, тогаш може да ги зарази сите компјутери што се во мрежата. Некои вируси се способни да ги избришат сите датотеки во мрежата. • Важно е да ја заштитите мрежата од вируси и да ги обучите корисниците како да го избегнат нивното ширење.

  3. Црви (worms) • Компјутерскиот црв (worm)е програма или серија од програми кои мно­гу побрзо се размножуваат од класичниот вирус. За да се придвижи црвот, не е потребен човечки фактор. Штом ќе влезе во компјутерскиот систем, цр­вот понатаму може да патува сам (за разлика од вирусот, не е потребна прог­рама – домаќин). Црвот се размножува во огромни количини. На пример, на 19.07.2001 година, црвот Code Red за само 9 часа се размножил 250 000 пати.

  4. Тројанци (Trojan horse programs) • Овие програми се именувани според легендата за големиот дрвен коњ во кого биле скриени грчките војници кои го употребиле за да ја нападнат Троја. Исто како познатиот трик што е употребен во легендата така и оваа програма делува како корисен софтвер, но всушност ја загрозува без­бедноста и предизвикува штета. • Тројанците ретко се размножуваат, односно ретко преминуваат од компјутер на компјутер. Тоа се релативно мали програми кои луѓето ги преземаат на сопствените компјутери мислејќи дека станува збор за корисни датотеки, не знаејќи дека на тој начин хакерите влегуваат во нивните компјутери со цел да уништат или украдат податоци или пак да активираат некои други програми. Најчесто се добиваат преку електронска пошта.

  5. Спам пораки • Спам пораките се непосакувани, комерцијални електронски поштенски пратки, кои се сместуваат во поштенските сандачиња на корисниците и ги принудуваат корисниците непотребно да губат време, за нивно анализирање, односно бришење. Покрај психолошкиот негативен ефект, овие пораки често се придружени со прикачени документи, кои доколку бидат отворени, можат да го заразат компјутерот со вирус. Спам пораките од категоријата "phishing," ги мамат примачите да ги откријат своите лозинки и други вредни информации што би можеле да ја нарушат безбедноста на податоците и на работата.

  6. Adware и Spyware • Adware е софтвер кој се појавува на Вашиот екран во вид на светлечка рекламна порака, во текот на извршувањето на друга програма. Овој софтвер редовно го забавува работењето на системот. • Spyware е софтвер кој без дозвола на корисникот испраќа информации за неговите online активности. Самото име укажува на фактот дека тоа е програма која ја надгледува работата на корисникот, но овој термин опфаќа широка палета на програми кои искористуваат (злоупотребуваат) туѓ компјутер за стекнување на корист на трето лице. Овој софтвер, за разлика од вирусите и црвите, обично не се размножува, туку е дизајниран да ги искористува заразените компјутери за комерцијална добивка. Типичните применувани тактики се: активирање на небарани pop-up реклами; крадење на лични информации (на пр., броеви на кредитни картички и лозинки); следење на активностите на Интернет во рекламни цели; или пренасочување на HTTP барање кон рекламна страница. Во некои случаи, spyware се користи за да се потврди придржувањето кон условите на лиценца за користење на програма.

  7. Колачиња (Cookies) Колачињата (cookies), се мали текстуални датотеки со одредени податоци, кои серверот ги снима на вашиот диск (некои веб-страници ги имаат, некои ги немаат, а на некои се задолжителни). Тие не се програми, односно вируси и не можат да се користат за ширење на вируси. Во Cookies се складираат разновидни информации. Можат да послужат за персонализирaње страници, за памтење на веќе посетени страници, а неретко помагаат интеракција на Вашиот прегледник и одредена Интернет страница при работа on-line.

  8. Пример за колачиња Кога прв пат се пристапува на Google, серверот на кој се наоѓа Google поставува прашање дали постои колаче (Cookies) поставено од Google веб-страната. Ако одговорот е негативен, Google ќе постави колаче. Доколку е потребно да се измени јазикот со кој ќе се пребаруваат веб-страниците, Google ќе го препише колачето кое го поставил и при тоа ќе допише дека има потреба од пребарување на тој јазик. Следниот пат кога ќе се посети веб-страната, Google ќе го праша компјутерот дали има cookies. Вашиот компјутер ќе одговори дека има и ќе испрати информација во која пишува дека е потребно Google веб-страната да биде прикажана на тој јазик. Вежба: Бришење на колачиња - Internet Explorer.

  9. Огнен ѕид (Firewall) • Огнениот ѕид (firewall) претставува заштита на компјутерот преку филтрирање, анализа и проверка на пакетите податоци кои внесуваат или изнесуваат информации од компјутерот преку Интернет. Направен е за да ги заштити доверливите кориснички податоци од неавторизирани корисници по пат на блокирање и забрана на сообраќајот според правилата кои ги одредува самиот корисник. • Постојат софтверски и хардверски огнени ѕидови. Софтверскиот firewall штити еден компјутер, освен во случај кога компјутерот не е предвиден за заштита на целата мрежа. Хардверскиот firewall овозможува заштита на целата мрежа или на одреден број на компјутери. За исправно работење на firewall-от, потребно е прецизно да се одреди низата правила кои одредуваат што претставува дозволен сообраќај, а што забранет сообраќај. Истотака, firewall-от ја крие компјутерската мрежа од Интернет, со што ги намалува опасностите од напади.

  10. Како да се заштитите • Задачи за тимот за поддршка: • Инсталирајте антивирусни програми. • Користете алатки за ажурирање на софтвер. • Инсталирајте anti-spyware програми. • Инсталирајте софтверски огнен ѕид. • Инсталирајте софтвер за филтрирање на спам пораки. • Една од најважните превентивни безбедносни мерки, која треба да се примени на секоја мрежа, е откривањето и елиминацијата на вирусите.

  11. Антивирусни програми • Освен инсталирањето антивирусна програма, друга, подеднакво важна задача, е нејзино редовно ажурирање. Многу е битно да знаете како антивирусната програма ги препознава и уништува вирусите. Таа во својата база на податоци ги има запишано дефинициите на вирусите. Секоја програма, односно датотека која влегува во компјутерот мора прво да биде проверена од антивирусната програма и тоа врз основа на дефиницијата која се наоѓа во базата податоци. Вирус дефиницијата овозможува антивирусната програма да го најде специфичниот вирус, и да се погрижи за него, или да алармира за неговото постоење. Слободните антивирусни програми кои ги препорачуваме: Avast (avast!Virus Cleaner, avast! 4 Home Edition) произведени од компанијата Alwil Software и антивирусната програма, AVG, која е производ на компанијата GriSoft.

  12. Пронајди ја веб страницата на која се наоѓаат антивирусните програми Avast. Дали антивирусната програма avast! 4 Home Edition има македонска верзија

  13. WLAN-безжични локални мрежи

  14. Компјутерска мрежа е група меѓусебно поврзани компјутери кои овозможуваат размена на податоци и информации и заедничко користење на ресурси. Ресурсите можат да бидат • хардверски (на пример печатач (printer), скенер) • софтверски (на пример различни апликации и документи).

  15. Домени Овој вид нагрупирање на компјутерите е карактеристичен и погоден за големи фирми или установи, кои се простираат на поголем простор, со посебна безбедносна политика за пристап и користење на ресурсите. За да се постават домени потребни се посебни сервери.

  16. Работни групи Работна група (workgroup) е групирање на компјутери кои користат заеднички ресурси како што се печатачи, датотеки и друго. Работните групи (workgroups) се познати како peer-to-peer мрежи бидејќи сите компјутери во мрежата се рамноправни во пристапот кон ресурсите. Кај нив нема потреба за именување на сервер. Кај малите фирми и училиштата компјутерите најчесто се организираат во работни групи.

  17. TCP/IP Internetи поголемиот број мрежи го поддржуваат т.н. TCP/IPпротокол како " јазик " кој го користат компјутерите за да се пронајдат, поврзат,користат заеднички ресурси и комуницират еден со друг. IP адреса IP адресата е еден вид компјутерска адреса, која е единствена за секој компјутер во мрежата. Без неа компјутерите не можат да праќаат или примаат информации, не можат да пристапат до Интернет, ниту да разменуваат информации со другите компјутери. IP адресите се четворки од броеви разделени со точки, пример 192.168.1.2. Значи и компјутерот на кој работиш има своја IP адреса

  18. Како ќе откриеш која е IP адресата на твојот компjутер? За да ја откриеш IP адресата треба да ја употребиш наредбата ipconfig/all IP адресата можеш да ја откриеш и преку Веб станицата http://whatismyipaddress.com/ На истата страница најди ја локацијата на твојот компјутер според IP адресата

  19. DHCP • Dynamic Host Configuration Protocol (DHCP) e сервис (услуга) што се извршува на сервер или на некој уред (на пример, рутер) и им овозможува на компјутерите кои сеповрзанина таа мрежа автоматски да добиваат IP адреси ододнапред определенранг адреси. Во мрежи каде што има голем број компјутери, пожелно е да се активира овој сервис. DefaultGateway • Тоа е уред (PC или рутер) со сопствена IP адреса,преку кој останатите компјутери во работната група добиваат пристап на Интернет.Во училишните компјутерски мрежи оваа улога ја има рутерот. DNS • DNS – Domain Name System, Service илиServer - се Интернет сервиси кои што логичките имиња ги преведуваат­ во IP адреси. На пример, адресата www.on.net.mk, DNS серверите ја преведуваат во 217.16.95.41.Може да се замисли како телефонски именик, во кој за секој корисник постои посебен и единствен тел.број.

  20. Еве табела од неколку логички имиња и нивните IP адреси

  21. Откри ја IP адресата на следните веб станици www.schools.edu.mk ljubenlape.schools.edu.mk Blazekoneski.schools.edu.mk ....... За да ја откриеш IPадресата посети ја веб сраницата http://www.hcidata.co.uk/host2ip.htm Провери го и обратното Внеси ја IPадресатаза да го откриеш логичкото име

  22. Безжична компјутерска мрежа

  23. Уреди во безжична компјутерска мрежа • Рутер (router) • Пристапна точка (accesspoint) • Уред за непрекинато напојување (UPS-uninterruptedpowersupply) • POE (power over Ethernet) адаптери

  24. Рутер Тоа е уред што овозможува поврзувањене само на компјутерите во мрежата, туку преку него се овозможува поврзување на повеќе мрежи.Во неко се извршуваат повеќе сервиси и операции – им доделува IP адреси на компјутерите во мрежата, преку него другите компјутери пристапуваат на Интернет и т.н. Посети ја страницата http://www.techwarelabs.com/articles/other/routervsap

  25. 1: POWER - Светилка за напојување. Ако свети, рутерот е приклучен на струја. 2:WLAN - индикатор за постоење на безжична врска. Ако индикаторот свети, тоа значи дека. Wi-Fi мрежата функционира правилно. 3: (LAN) - Овие индикатори означени со броеви од 1 – 4 покажуваат дали на рутерот има приклучено Ethernet конекција. Во случај на една пристапна точка еден од овие индикатори треба да свети, а за две треба да светат два индикатори. Ова покажува дека рутерот и пристапната точка меѓусебно комуницираат . Доколку постои пристапната точка, а овој индикатор не свети тогаш нема физичка врска помеѓу рутерот и пристапната точка. 4: (INTERNET) - Овој индикатор ја означува состојбата на врската со антената за Интернет пристап приклучена во WAN портата на рутерот. Доколку овој индикатор не свети значи дека нема физичка врска помеѓу рутерот и антената.

  26. Копче за ресетирање Приклучоци 1-4 Приклучок за адаптер Приклучок за Интернет Слика 3: Задниот дел на рутерот

  27. Пристапна точка (access point) Овој уред личи на рутерот и служи за проширување (зголемување) на опсегот на безжичната мрежа. Ако го има (некои училишта немаат пристапни точки), тој е поставен надвор од компјутерската лабораторија за да биде „покриен“ поголем дел од просторот UPS (Uninterrupted Power Supply / Непрекинат извор на струја) UPS уредот служи како стабилизатор и во случај на прекин на напојувањето, обезбедува електрична енергија уште определен временски период. Тој е приклучен во струја и преку него се напојуваат другите уреди (рутерот директно, а пристапната точка преку POE) POE (power over Ethernet) адаптери Овие адаптери служат за напојување на пристапните точки преку мрежен кабел. Значи доколку во училиштето има една или повеќе пристапни точки, тогаш дел од мрежната опрема се и POE адаптерите UPS POE

  28. Унификација на постоечките компјутерски лаборатории Пред да се започне со одржување на компјутерските лаборатории во училиштата, треба да се изврши унификација на конфигурациите во компјутерите што ќе се одржуваат. Унификацијата треба да ги опфати следниве работи: • Определување која работна станица ќе служи како сервер. • Конфигурација на ново вклучените компјутери во оригиналната мрежа. • Поставување на WORKGROUP и додавање нови компјутери во таа група • Конфигурирање на функцијата за автоматско доделување на IP адреса на секоја работна станица. • Именување на работните станици по шемата pc1, pc2 … pcN и серверот со server

  29. Локалната мрежа имплементирана во училиштата претставува Wi-Fi LAN (WLAN - безжична локална мрежа) според стандардите 802.11g или 802.11b. Стандардите 802.11b и 802.11g работат на иста фреквенција - 2.4GHz и се компатибилни. Основната пропусна моќ кај стандардот 802.11g е 54 Mbps (мегабита во секунда). Ова подразбира дека уредите кои се во опсегот на безжичниот рутер меѓусебно комуницираат со брзина од 54 Mbps. Основната пропусна моќ кај стандардот 802.11bе 11 Mbps. Брзи­на­та на комуникација зависи и од јачината на сигналот до клиентот, односно местоположбата на која се наоѓа клиентот. Провери кој стандард го поддржува мрежната картичка на твојот компјутер

  30. Поврзување на нов компјутер во постоечката WLAN мрежа Пред да започне процедурата на најавување на нов компјутер во WLAN мрежата, потребно е исполнување на следниве услови: • Мрежната картичка да го подржува соодветниот стандард на безжичната локал­на мрежа (802.11g или 802.11b). • Треба да биде позната администраторската лозинка од работната станица - во нашиот случај лозинката за teacher корисникот. • Соодветните управувачки програми за мрежната картичка да се инсталирани и да постои комуникација помеѓу мрежната картичка и оперативниот систем. • Треба да се знае WPAPSK (Wi-FiProtectedAccessPre-SharedKey – систем за сигурен пристап до безжични компјутерски мрежи со претходно доделен клуч) за пристап во локалната безжична мрежа.

  31. Најавување на нов компјутер во мрежа под оперативниот систем WindowsXP Како знаете дали компјутерот е во мрежа? Вклучување на компјутер во работна група (workgroup) Следејќи го упатството од стр. 82, сменете го името на работната група според упатствата од обучувачот. Мала дискусија

  32. Користење на заеднички папки

  33. Едноставна метода за заедничко користење на папки • За да се користи едноставната метода која овозможува заедничко користење на папки (Simple File Sharing), претходно се проверува дали е овозможена оваа опција. Од било кој директориум се одбира ToolsFolderOptions и се кликнува на картичката View. • Од понудените можности во Advanced settings со лизгачот се пронаоѓа и со кликнување на глувчето се одбира последната опција Use simple file sharing.

  34. Со десен клик се кликнува врз папката што е потребно да се користи заеднички. • Од менито, се избира опцијата SharingandSecurity (заедничко користење и безбедност). • Се кликнува на опцијата Share This Folder on the Network. • Се внесува симболично име за папката. • Со избор на опцијата Allow Network Users to Change My Files им се дозволува на мрежните корисници да вршат измени во папката. • Се кликнува ОК.

  35. Пристапување кон заедничките папки • Во менито Start се избира опцијата MyNetworkPlaces. • Во левиот дел од прозорецот се одбира опцијата Viewworkgroupcomputers (Windows ги прикажува само оние компјутери што се наоѓаат во иста работна група). • Двојно се кликнува врз името на компјутерот на кој е креирана папката. • Во новиот прозорец е прикажана заедничката папка на која може да и се пристапи како што се пристапува и кон секоја друга папка.

  36. Креирај папка со име “тим за поддршка“. Според упатството направи ја папката заедничка. Дали другите корисници можат да ја видат папката?

  37. 4. Откривање и отстранување на проблеми

  38. а) Проверка и откривање на проблеми со електрично напојување / физичка поврзаност Да се проверат сите врски помеѓу уредите и сите приклучоци.

  39. б) Проверка на конекција со рутерот и кон надвор Во DOS прозорецот се внесува наредбата ipconfig/all Ќе се добие листа на локалните IP адреси (во форма на 192.168.1.*) и Default gateway со истата форма (најчесто е 192.168.1.1). Прикажано на слика изгледа вака: Од тука се гледа дека рутерот ја има улогата и на Default Gateway, преку кој се добива Интернет врска.

  40. Се пишува следната наредба:ping 192.168.1.1 Доколку го добивте следниов резултат по зададената команда Ова значи дека компјутерот има воспоставено мрежна комуникација со рутерот. Со ping наредбата може да се провери и комуникацијата со некоја веб-страница на Интернет. Пример: pingwww.yahoo.com, за да се провери врската со антената

  41. Провери дали постои комуникација помеѓу работната станица и мрежната картичка. IP адресата на мрежната картичка е 127.0.0.1. Провери ја комуникацијата со веб-страната www.schools.edu.mk.

  42. Пронајди ги следните податоци за компјутерот на кој работиш. IP address:__________________________________ Default gateway: _________________________________________ Дали за користење на командите ping и ipconfig потребно е да бидеш најавен со администраторски права (како teacher)? ________________________________.

  43. Индикаторите на рутерот (1, 2, 4) треба да светат. Доколку има пристапна точка, во зависност од нивниот број, индикаторите под реден број 3 треба да светат.

  44. Дали е правилно поврзан рутерот.Ова подразбира • Дали е поврзан во електричната мрежа(црн адаптер) Дали кабелот кој доаѓа од антената е поврзан во рутерот како на сликата

  45. Ако тоа е во ред, следно што треба да се провери е дали постои поврзаност меѓу компјутерите и рутерот. • Изберете Start --> Run. • Во полето се внесува командата cmd и OK • DOS прозорецот (command prompt). • наредба Ping.

  46. IP адресата на рутерот преку кој се добива Интернет е 192.168.1.1 • Се внесува Ping наредбата:ping 192.168.1.1

  47. Адаптерот преку кој рутерот добива електрично напојување треба да се исклучи од струја и по 10-15 секунди да се вклучи повторно.

  48. Доколку се воспостави комуникацијата со рутерот, а сеуште нема Интернет, следно што треба да се направи е да се провери пристапот од рутерот кон надвор на пример со google.com и тоа со наредбата: pingwww.google.com

More Related