1 / 16

Македонско Австралиско Добротворно Друштво од Сиднеј

Македонско Австралиско Добротворно Друштво од Сиднеј. Откажување од пушење. Факти за пушењето. Пушењето убива! Еден од 10 возрасни умираат од болести поврзани со пушењето , или тоа се 4 милиони смртни случаи (во светот) Секои 8 секунди некој умира од користење на тутунот (во светот)

Download Presentation

Македонско Австралиско Добротворно Друштво од Сиднеј

An Image/Link below is provided (as is) to download presentation Download Policy: Content on the Website is provided to you AS IS for your information and personal use and may not be sold / licensed / shared on other websites without getting consent from its author. Content is provided to you AS IS for your information and personal use only. Download presentation by click this link. While downloading, if for some reason you are not able to download a presentation, the publisher may have deleted the file from their server. During download, if you can't get a presentation, the file might be deleted by the publisher.

E N D

Presentation Transcript


  1. Македонско Австралиско Добротворно Друштво од Сиднеј Откажување од пушење

  2. Факти за пушењето • Пушењето убива! • Еден од 10 возрасни умираат од болести поврзани со пушењето, или тоа се 4 милиони смртни случаи(во светот) • Секои 8 секунди некој умира од користење на тутунот (во светот) • Половина од долгогодишните пушачи ќе умрат заради пушењето • Секоја испушена цигара одзема во просек, најмалку, 5 минути од животот – тоа е отприлика времето што е потребно да се испуши една цигара • Пушењето е најголемата причина за болести и прерана смрт што би можела да се спречи • Чадот од цигарите содржи 11 хемиски соединенија што предизвикуваат рак • Чадот од тутунот содржи повеќе од 4000 отровни хемикалии или хемикалии што предизвикуваат рак

  3. Зошто луѓето пушат? • Социјално-економскиот статус (пониски приходи) • Образованието (пониско образование) • Фамилија и пријатели што пушат (влијанието на врсниците) • Карактерот на особата (навика и зависност/љубопитност) • Психолошки проблеми и проблеми во однесувањето • Физиолошко и ментално поттикнување • Достапност и можност (цената) • Генетика 40-60% (студии за близнаци), 11-78% (студии за поединци) • Стресни животни ситуации – траума (зголемено пушење после настаните како 11 септември, пожарите во Камбера итн.)

  4. Причини за пушење кај луѓе со ментални проблеми • На пушењето гледаат како нешто што можат да го контролираат • Се чувствуваат безнадежно и беспомошно така да не гледаат причина да се откажат од пушењето • Кога пушат се чувствуваат подобро • На пушењето гледаат како на сигурен пријател на кој можат да сметаат • Пушењето е прифатено и дозволено од врсниците и од здравствените институции и нивните вработени • Мислат дека е тешко да се откажат од пушењето Според квалитативната студија на Lawn et al.

  5. Ризични групи • Помлади луѓе на возраст од 16 – 34 години (25 – 30%) • Родители со ниски приходи (> 45%) • Абориџини (50%) • Затворениците (70 – 80%) • Луѓе со ментални болести (70 – 90%) • Луѓе под терапија за зависност од дрога (74 - 100%)

  6. Проблеми поврзани со пушењето Здравствени проблеми • Пушењето предизвикуварак на бешиката, усната празнина, грлото, хранопроводникот, цервиксот, бубрегот,белите дробови, панкреасот и стомакот, а исто така предизвикува и миелоидна леукемија • Пушењето е виновно за 90% од смртните случи кај болните од рак на белите дробови (80% кај жените) • Машките пушачи се 23 пати во поголем ризик да умрат од рак на белите дробови (а жените 13 пати) во однос на оние што никогаш не пушеле

  7. Проблеми поврзани со пушењето – продолжение • Пушењето предизвикува коронарно срцево заболување и кај пушачите ризикот, да ја добијат оваа болест, е 2 – 4 пати поголем од колку кај не пушачите • Пушењето двојно го зголемува ризикот од мозочен удар кај луѓето • Ризикот од периферна васкуларна болест (гангрена) е за 10 пати поголем кај пушачите одколку кај не пушачите • Пушењето го зголемува ризикот од неплодност, предвремено породување, раѓање на мртво дете, раѓање на дете со помала тежина и синдромот на ненадејна смрт кај новороденчињата • Прекумерното пушење е поврзано со оштетување и намалување на процесот на осознавање во средните години од животот

  8. Неуробиолошки проблеми и стрес • Пушењето предизвикува стрес, а не олеснување • Испитувањата покажуваат дека луѓето што пушат покажуваат висока нервоза, стрес и депресија. Кај многу луѓе кога ќе прекинат да пушат расположението се подобрува • Пушачите се во два пати поголем ризик од обид за самоубиство од не пушачите • Пушењето го дуплира ризикот од следен обид за самоубиство • Пушењето значително го зголемува ризикот од деменција • Пушењето може да го забрза опаѓањето на процесот на осознавање кај постари луѓе, кои немаат деменција

  9. Финансиски проблеми • Луѓето кои пушат во главно страдаат во поглед на: ниски приходи, повеќе отсуство од работа, повеќе повреди, и висок степен на невработеност • Продуктивноста на работното место исто така страда поради симптомите од откажување од пушењето и паузите за пушење • Многу луѓе со ментални проблеми добиваат пензија и испитувањата покажуваат дека 30% од овие приходи се трошат на пушењето • Често пушачите трошат повеќе пари на цигарите од колку на здравата исхрана

  10. Што влијае на намалување на пушењето • Зголемување на цената на цигарите • Намалување на достапноста • Менување на околината • Едукативни кампањи • Намалување на рекламите • Достапност на соодветни третмани: • Терапија со замена на никотинот • Терапија со лекови

  11. Зошто луѓето би престанале да пушат • Здравје • Пари • Созревање • Менување на личноста / идентитетот • Влијание на врсниците • Желбата да се биде позитивен пример (родителите) • Намален дозволен простор за пушење

  12. Откажување од пушење • Нагло прекинување на пушењето • Планирано наспроти непланирано откажување • Практични совети за откажувањето: • Одредете ден за откажување • Размислете за минатите искуства; што помогнало, а што не помогнало при откажувањето • Согледајте ги проблемите околу откажувањето и најдете начини како да ги надминете • Вклучете ги фамилијата и пријателите како поддршка • Откажувањето од пушењето заедно со пријател е поуспешно • Намалете го користењето на алкохол и кофеин во првите две недели • Избегнувањето го чадот од цигарите • Размислувајте позитивно: „Јас можам да престанам да пушам“ • Вежбајте да ги избегнувате предизвиците:„Не благодарам, јас не сум пушач“, „...јас не пушам“ • Немојте да се обесхрабрувате ако во текот на периодот на откажување вовлечете еднаш или два пати од една цигара, продолжете со процесот на откажување

  13. Откажување од пушење - продолжување • Терапија со замена на никотинот (лепенка, гума за џвакање, бонбони, таблети за под јазик и инхалатор). Сите производи можат да се купат во аптека без рецепта, а некои може да се најдат во супермаркетите. Оваа терапија има ниско ниво на токсичност, посигурна е од пушењето на цигари, ја намалува желбата за пушење, ја прекинува навиката за пушење, одржува констано ниво на никотин и е поефтина од цигарите • Терапија со лекови – за оваа терапија мора да го консултирате вашиот доктор, кој ќе ви ги препише овие таблети на рецепта. Некои од овие таблети се вклучени во Програмата за фармацеутски бенефиции (Pharmaceutical Benefits Scheme) така што ги прави поевтини • Правилната употреба на гореспомнатите производи двојно ги зголемува шансите за прекинување со пушењето • Ако неодамна сте имале срцев удар, сте бремена или доите, разговарајте со вашиот лекар пред да ги употребите овие производи

  14. Друг вид на помош при откажување од пушењето • Федералната влада ги субвенционира терапиите со замена на никотинот, така што ги вклучи во Програмата за фармацеутски бенефиции од 1-ви фебруари 2011 година • Quitline – Телефонска линија за помош при откажување од пушење - 131 848 • Quit pack – бесплатен комплет на материјали за помош при откажувањето од пушење • Книга за откажување • Избирање на правилен начин на откажување (Сервиси и производи) • Советување – ако сакате да зборувате со некого околу откажувањето ќе добиете информации за: • Најдобриот начин на откажување за вас • Справување со симптомите во текот на откажувањето • Курсеви за откажување и организации кои даваат индивидуална помош и советување • Quitcoach – бесплатна веб програма http://www.quitcoach.org.au/ • Ќе ви бидат поставени прашања и после тоа ќе ви бидат дадени идеи и сугестии кои ќе ви помогнат во откажувањето од пушењето

  15. За повеќе информации јавете се во: Mакедонското Добротворно Друштво од Сиднеј – Проект за намлување на пушењето Телефон: 9597 5455 (Hot-line) Факс: (02) 9567 3326 Email: mawaproject2@mawasydney.org.au 552 Princess Hwy, Rockdale, NSW,2216 Ви благодарам

  16. Материјалите за оваа презентација се земени од следните извори: Совет за координирање на менталното здравје на Нов Јужен Велс Совет за борба против ракот на Нов Јужен Велс http://smoking.ygoy.com http://www.ergpa.com.au http://www.quitnow.gov.au http://www.quitcoach.org.au

More Related