1k likes | 1.72k Views
K ардиоваскуларниот систем. K ардиоваскуларен систем. учествува во одржување на оптимална внатрешна хомеостаза , терморегулација и ацидобазна рамнотежа преку транспортот на: хранливи материи, кислород, хормони и метаболити и преку отстранувањето на непотребните материи ,
E N D
Kардиоваскуларен систем • учествува во одржување на оптимална внатрешна хомеостаза, терморегулација и ацидобазна рамнотежа преку транспортот на: хранливи материи, кислород, хормони и метаболити и преку отстранувањето на непотребните материи, • клучната улога во одржувањето на функционалностана ткивата и органите во организмот. • Оштетувањата на кардиоваскуларниот систем водат до промена на крвниот проток и појава на различни патолошки состојби. За превенција и третман на кардиоваскуларни заболувања како што се: конгестивна срцева слабост, срцева аритмија, ангина пекторис, хипертензија и хипотензија, постојат соодветни фитопрепарати, кои најчесто не овозможуваат целосен третман, туку само подобрување на состојбата на пациентите. Токму затоа, фитопрепаратите при третман на кардиоваскуларните заболувања се применуваат како дополнителна терапија и се дел од комплементарната медицина.
Фитотерапија на КВС вклучува терапија на: • конгестивна срцева инсдуфицијенција • ангина пекторис • артериска хипертензија • артериска хипотензија • хронична венска инсуфицијенција • хемороиди • артериско оклузивно заболување
1. КОНГЕСТИВНА СРЦЕВА СЛАБОСТ Срце • Централен орган на КВС • Напречно-пругаста мускулатура • Физиолошки својства слични на мазните мускули • Биолошка пумпа • Континуиран тек на крвта • Еднонасочен тек на крвта КОНГЕСТИВНА СРЦЕВА СЛАБОСТ e состојба која може да биде резултат на било кое структурно или функционално срцево нарушување кое што ја намалува способноста на срцето да испумпува потребно количество на крв низ целото тело.
1. КОНГЕСТИВНА СРЦЕВА СЛАБОСТ Клиничка слика • диспнеа, • ортопнеа, • слабост, абдоминални симптоми, конгестија на црн дроб • ноќна (пароксизмална) диспнеа, • Чејн – Штоксово дишење, • срцеви периферни едеми, • мозочни симптоми – конфузија, потешкотии во концентрацијата и меморијата, главоболка, • цијаноза, бледило, тахикардија, аритмија, хипертензија итн. • зголемување на телесната тежина.
1. КОНГЕСТИВНА СРЦЕВА СЛАБОСТ • Типови на срцева инсуфициенција • Десно-срцева слабост • Срцето не пумпа доволно крв во малиот (белодробен) крвоток • Едеми во долните екстремитети, зглобовите, стомакот, хепарот • Лево-срцева слабост • Срцето не пумпа доволно крв во остатокот од организмот • Белодробен едем
1. КОНГЕСТИВНА СРЦЕВА СЛАБОСТ The New York Heart Association (NYHA) го класифицира намалувањето на срцевата работа во четири класи: - класа I (слаба): пациенти кај кои нема ограничувања на физичката активност т.е. обична физичка активност не предизвикува замор, палпитации (неправилно чукање на срцето) или диспнеа, - класа II (слаба): пациенти со многу мали, умерени ограничувања на физичка активност. Тие се смирени кога се одмараат, имаат слабо ограничување на активноста, се чувствуваат добро при мал напор и при мирување, - класа III (умерена): пациенти со карактеристични ограничувања на физичката активност. Тие се смирени кога се одмараат, но при мала физичка активност се јавува замор, палпитации или диспнеа, - класа IV (остра): пациенти кои мора постојано да се одмараат, кај кои било каква физичка активност предизвикува појавување на симптомите. Се јавува можност за појава на симптоми на срцева инсуфициенција.
1. КОНГЕСТИВНА СРЦЕВА СЛАБОСТ Терапија на срцева инсуфициенција (конвенционален третман): • Промени во животниот стил: • Намалување на телесната тежина • Одржување на оптимална физичка активност • Избегнување на наркотици, алкохол и цигари • Квалитетен одмор • Медикаментозна терапија: • Диуретици • ACE инхибитори • Бета-блокатори • Директни вазодилататори • Кардиотонични гликозиди • Превенција од други заболувања
ФИТОТЕРАПИЈА НА СРЦЕВА ИНСУФИЦИЕНЦИЈАНајзначајни хербални суровини
Кардиотонични гликозидиРастенијата што содржат кардиотонични гликозиди имаат позитивен инотропен ефект, односно ја зголемуваат силата на контракција на срцевиот мускул.Според структурата на агликонскиот дел: Карденолиди Буфадиенолиди
КАРДИОТОНИЧНИ ДРОГИ Digitalis spp. (дигиталис, напрсток, бутин) Digitalis purpureaL. - пурпурен(црвен) бутин Digitalis lanataEhrh. - волнест бутин фам. Scrophulariaceae digit =прст (прстест изглед на цветовите ) дрога -исушени листови
Digitalislanata / purpurea • Главни гликозиди кај пурпуреа се пурпуреа гликозидите А и В, а кај ланата ланатозидите означени од А до Е (најзначаен ланатозид С). • Со отстранување на ацетатните групи и терминалната глукоза од шеќерите од нив се образуваат дигитоксин, гитоксин, дигоксин, дигиталин и гиталоксин, • Најголемо значење: • ланатозид С и дигоксин од ланата и • дигитоксин од пурпуреа.
Фармаколошко дејство и употреба на кардиотоничните хетерозиди Kлинички испитувања: • Лево-срцева конгестивна инсуфициенција и десно-срцева слабост. • Jа зголемуваат активноста на сите форми на мускулно ткиво, но особено на срцето и артериолите. • Мала доза има способност значително да го намали пулсот, како и да го нормализира ирегуларниот пулс. • Ја подобрува и исхраната на срцето преку зголемување на количината на крв која доспева во коронарните артерии.
Потребни се 12 или повеќе часа додека ги пројави своите ефекти врз срцевиот мускул, па поради тоа мора секогаш да се комбинира со други лекови. • Никогаш не се препишуваат во големи почетни дози, склоност кон предизвикување на значителни дигестивни непријатности, што најверојатно се должи на присусттвото на други, пратечки компоненти. • Дејство врз бубрезите: моќен диуретик, ја подобрува снабденоста на бубрезите со крв и ја намалува опструкцијата во бубрезите. Лек при водената болест (едеми и сл.), доколку е настаната како резултат на срцеви заболувања.
Механизам на дејство • позитивно инотропно дејство, jа зголемуваат силата на контракција на • срцевиот мускул, без да се зголеми потрошувачката на кислород. • зголемување на минутниот волумен на срцето, • намалување на венскиот притисок и на волуменот на крвта во • венскиот крвоток, • зголемување на брзината на систолата, а забавување на дијастолата.
Механизам на дејство • врзување за активниот калиумов центар на транспортната ATP-аза (Na⁺/K⁺-ATP-аза) со што предизвикуваат привремена, реверзибилна инхибиција на активноста на овој ензим, односно привремено го спречуваат транспортот на јоните на Na⁺ и K⁺ низ клеточната мембрана. • се зголемува интрацелуларната концентрација на Na+, што пак го фаворизира транспортот на Ca2+ во клетката преку механизмот на Na+/Ca2+ измена. Оттука призлегува зголемената интрацелуларна концентрација на Ca2+-јон, која води до зголемување на силата на систолната контракција.
Препарати, дози: • – од карденолидите на пурпурниот бутин практична примена денес имаат само изолирани кардиотонични гликозиди. • изолиран дигитоксин: Digitoxinum (Digitalin, Cardiotoxin), (пурпурен бутин), • ланатозидот C, ацетилдигоксин и дигоксинот. Познати препарати кои се добиваат од волнестиот бутин се: Digoxin, таблети и капки, Lanitop, β – metildigoxin, полусинтетски добиен производ, Lanatosid C (Isolanid), Acedoxin (Acetyldigoxin) волнестиот бутин најголема примена имаат . Спрашена дрога која порано се користела за изработка на галенски препарати, особено супозитории, денес повеќе не е во употреба. Поради фактот дека денес кардиотоничните дроги од групата на дигиталис се користат за изолација на кардиотонични хетерозиди кои понатаму се вметнуваат во дозирани фармацевтски облици, лекови, современата употреба на дигиталисот ги надминува рамиките на хербалната терапија и тие денес се средства што се користат во КОНВЕНЦИОНАЛНИОТ ТРЕТМАН НА СРЦЕВАТА ИНСУФИЦИЈЕНЦИЈА.
Токсичност Сите делови од растението се отровни. Гликозидите на дигиталис се екскретираат бавно и се кумулираат во организмот, па токму поради тоа и интоксикациите се својствени за време на третманот. Предозирањето со дигиталис често се среќава помеѓу адолесцентите и возрасните кои вршат намерно ингестирање заради суицидални цели. Како причина за клиничката токсичност се наведува интеракцијата помеѓу дигиталисот, различни електролитни абнормалности и нивниот комбиниран ефект на Na+/K+ ATP-азната пумпа.
ConvalariamajalisL., Liliaceae – момина солза Многугодишно тревесто, растение. Стебло: исправено цветоносно, високо до 20 cm. Цветови: ситни, мирисни, бели, ѕвонести. Листови: широки, крупни, со паралелна нерватура. Плодови: црвени бобинки. Се размножува брзо со помош на ризоми. Во терапијата се користат цветовите, листовите и корењата, но свежите листови имаат најголема потентност. Се собира за време на периодот на цветање во мај и јуни. Нативна е за Европа, но се среќава и низ источните делови на Северна Америка, Северна Азија и во Англија.
Хемиски состав • Кардиоактивни гликозиди: конвалотоксин, конвалотоксол, конвалозид, конвалотоксолозид, конваларин, конваламарин, глукоконвалозид; • Сапонини: конваларин и конваларинска киселина; • аспарагин; • флавоноиди; • етерично масло со фарнезол.
Дејство: - кардиотонично дејство, слично на строфантус, но послабо! • диуретично, • пургативно, • еметично. • Германската комисија Еја одобрува дрогата за: • третман на срцева инсуфициенција фаза I и II според NYHA класификацијата, • аритмии, кои се последица на нервни и срцеви нарушувања. Индикации: • аритмии, • конгестивна срцева слабост, • едеми од срцево потекло, • хипертензија, • атеросклероза, • камења во бубрези и жолчка, • венозна инсуфициенција, • кардијална астма.
Препарати и дози исушени листови: 60-200 mgза инфуз, течен екстракт: 1:1 во 25% алкохол, 0,6-2 ml, тинктура: 1:5 во 40% алкохол, 0,5-1 ml, тинктура (B.P.C. 1934): 1:8 во 60% алкохол, 0,3-1,2ml. Може да се најде и во комбинации со глогот, Leonoruscardicia и еден вид кактус од родот Selenicereus.
Хетерозидите на момината солза дејствуваат: - брзо, краткотрајно и воопшто не кумулираат.Момината солза ја зголемува и диурезата и ги намалува едемите настанати како последица од срцевата инсуфициенција. Голема примена дрогата и нејзините препарати имаат во Русија.Во употреба се комбинирани препарати со други кардиотонични и диретични дроги. • Pumpanсодржи: • Crataegus D1 20 ml, • Arnica D6 10 ml, • Kaliumcarbonicum D6 10 ml, • Digitalis D12 10 ml, • Convallaria D12 10 ml, • ethanol 43%, • purified water Производител: RICHARD BITTNER GmbH
Aurumheel Rx 50ml - Heel/BHIHomeopathics (!!!) Состав: - Crataegus oxyacantha 2X (неправилен, наизменичен, слаб пулс) 40 ml; - Aurum muriaticum natronatum 6X (атеросклероза, хипертензија), 5 ml; - Valeriana officinalis 2X (иритација, несоница) 2.5 ml; - Convallaria majalis 2X (чувство дека срцето престанува да чука), - Cytisus scoparius 2X (ангина пекторис; неправилен пулс) 1 ml од секое - Arnica montana, корен 2X (слаб пулс и неправилен мускулен тонус) 0.5 ml.
Dietary supplement Формулациски карактеристики:поткрепа на срцевиот мускул и нега на кардиоваскуларниот систем. Промоција на срцевата циркулација, конрактибилност на срцевиот мускул, искористување на кислород. Може да стимулира вазодилатација на коронарни крвни садови. *Овие тврдења не се евалуирани од FDA. Овој производ не е наменет за дијагноза, третман, нега и превенција на кое било заболување.
Потенцијални несакани ефекти • Може да се користи само под надзор од лекар или друго компетентно лице. • При предозирање, можнa е срцева слабост. • Во комбинација со хинидин, дигоксин, калциумови соли, салуретици и • гликокортикоиди несаканите дејства се потенцираат. • Не треба да се употреба за време на бременост и доење. • Црвените плодови на растението се многу отровни.
Strophanthi semen – семе од строфант, Strophantusspp., Apocynacae Видови од родот Strophantus: • Strophanthus hispidus DC. • Strophanthus kombe Oliv. • Strophanthus gratus (Wall. Et Hook) Baill. Автохтоно растат во тропските шуми на Африка
Фармаколошко дејство • Позитивно инотропно дејство • Најбрзо и најсилно • Механизам - како дигиталисовите хетерозиди • Краткотраен ефект • Не кумулираат, се излчуваат непроменети преку урина. Уабаин • Се користат само изолирани форми на хетерозиди • Се аплицираат i.v • Се употребува при срцева инсуфициенција, кардијална астма, белодробен едем, миокарден инфаркт • Се користат при тешки форми на хронична срцева инсуфициенција и неуспешно лекување со препарати на Digitalis spp.
Scillaebulbus– луковица од приморски лук, Urgineamaritima, (L.) Beker, Liliaceae Два вариетети: Scillaealbaebulbus-бел вариетет (терапевтски важен) Scillaerubraebulbus– црвен вариетет • Буфадиенолидни хетерозиди: • Просциларидин А • Сциларен А • Гликосцеларенин А • Според јачината на дејство се помеѓу хетерозидите на Digitalis spp. иStrophanthus spp. • Брзо дејство • Брза елиминација • Слабо кумулираат • Изразен диуретичен ефект
Глог, Crataegusspp. (Crataegi folium cum flore, Crataegifructus) • Crataegi foliumиCrataegi folium cum flore се офиценелни дроги (Ph. Eur.,DAB10, BHP и др.). Вклучени се во позитивната листа на Германската комисија Е. • Листовите, цветовите и плодовите кои се користат во традиоционалната медицина се добиваат од два видови глог: Crataegus laevigata (Poiret) SC, syn. C. monogyna Jacq. и Crataegus oxyacantha Auct. fam. Rosaceae • Листовите се трнливи, без влакна, со 3-5 лиски, има бели цветови распоредени во густо јато, а плодовите се темно црвени со едно семе (Crataegus monogyna) и со две семиња (Crataegus oxyacantha). Плодовите се користат за правење на џемови и вина.
Хемиски состав: • проантоцијаниди (1-3%), • флавоноиди(0,1% во бобинките и 1% во хербата), ароматични амини, сапонини и цијаногени хетерозиди. • За дејството на глогот особено се значајни С-гликозидите (витексин, витексин-2"-рамнозид, виценин) и проантоцијанидините Epikatehin Виексин Виексин-2-О’’-рамнозид
Механизам на дејство – активноста на глогот се должи на присутните флавоноиди, антоцијанидини и проантоцијанидини. Експериментално било утврдено дека глогот предизвикува голем број позитивни фармаколошки ефекти врз кардиоваскуларниот систем, од кои најзначајни се: • антиаритмичниот ефект (кој се должи на инхибирањето на реполаризацијата на вентрикуларниот мускул), • продолжувањето на рефракторниот период, • дилатацијата на коронарните крвни садови, • намалувањето на концентрацијата на холестерол и триглицериди во крвта, • редуцирањето на симптомите на ангина и конгестивната срцева слабост, • хипотензивниот ефект, предизвикувајќи периферна вазодилатација на крвните садови како резултат на присутните прантоцијанидини кои го инхибираат ангиотензин-конвертирачкиот ензим (ACE).
Механизам на дејството: • инхибиција на цикличната АМР-фосфодиестераза, ензим кој ја катализира деградацијата на цикличниот AMP (cAMP), • што резултира созголемување на интраклеточната концентрација на cAMP во миокардот. Зголемувањето на концентрацијата на cAMP доведува до протеинска фосфорилација, со што се зголемува силата на контракциите (позитивно инотропно дејство). ензими: AC – аденил циклаза, PDE – фосфодиестераза
Клиничка ефикасност • Глогот е екстензивно проучуван. Спроведени се најмалку 15 клинички студии, во кои биле вклучени 1000 пациенти со конгестивна срцева инсуфициенција од класа II (NYHA), кои укажуваат на терапевтската ефикасност на глогот во третман на симптомите на конгестивната срцева слабост како што се: засилена диспнеа, летаргија, засилена кашлица, намалување на работната толеранција итн. • Германската комисија Е потврдува дека листовите и цветовите од глогот се индицирани за подобрување на состојбата на срцето, кај пациенти од класа II според NYHA. • Испитувањата на експериментални животни, при што во една студија и изолирано срце од морско прасе покажале дека ефектот на флавоноидните компоненти од глогот врз срцевата работа е позитивен инотропен и хронотропен, со зголемување на коронарниот проток на крвта и зголемена брзина на коронарна релаксација
Несакани ефекти Високи дози од глог може да предизвикаат хипотензија, срцева аритмија и седација. Помалку сериозни несакани дејства претставуваат вртоглавицата, тремор и можност за појава на црвенило на лицето. Интеракции При истовремено користење на глогот со кардиотонични гликозиди, може да настане значително зголемување на активноста на гликозидите. При истовремено употреба со β–блокатори, глогот може да предизвика изразени промени во крвниот притисок. Контраиндикации Контраиндицирана е во првиот триместар од бременоста. Не се препорачува кај деца под 12 годишна возраст. Community herbal monograph (HMPC/EMA):Комитетот за хербални лекови при Европската агенција за лекови e во фаза на изработка на монографија за лист со цвет од глог. Објавен е повикот за прибирање на научни податоци.
Препарати и дозирање • Препаратите кои се добиваат од глог се стандардизирани да содржат: - 4-30 mg флавоноиди, сметано на хиперозид и - 30-160 mg процијанидини, сметано на епикатехин. • Дневна доза за екстракт: 160-900mg екстракт. • За подготовка на инфуз: 4-6 g глог/ден
2. АНГИНА ПЕКТОРИС • Најчеста манифестација на хронична исхемична срцева болест. • Главните симптоми на исхемичниот миокард се ангинозните болки. • Во развиените земји исхемичната срцева болест е најчеста причина за смрт. Причини • Најчестапричиназанастанувањенаисхемичнатаболестпретставуваатеросклеротичниотпроцесвосрцевитеартерии. • Состојбикоиводатдопотенцирање и забрзувањенанастанувањетонаатеросклерозата:артерискатахипертензија, дијабетесот, пушењето, покачените нивоанахолестерол.
Видови на ангина и симптоми Исхемичната срцева болест се манифестира како: • стабилна ангина пекторис, која се јавува при физички или психички напор и вообичаено трае 1-10 минути, при што интензитетот на болката е различен. При оваа состојба се аплицира нитроглицерин или антагонисти на калциум (на пр. нифедипин). • нестабилна ангина пекторис, која се одликува со појава на симптомите во неочекувани моменти и при мирување, при што времетраењето и интензитетот на болката се поголеми во однос на стабилната ангина. Оваа состојба може да се јави во облик на новонастаната ангина пекторис, која се јавува при мирување и при напор, влошена стабилна ангина пекторис и постинфарктна ангина пекторис. Конвенционална терапија - за временанападотседаваат1-2 лингвалетинитроглицеринво комбинација со анксиолитик, - променананачинотнаживоти примена на терапијата (лековивомонотерапијаиликомбинирано): нитратисодолгодејство - еднашдневно, бетаблокатори, антагонистинакалциум (дасеизбегнуваверапамилвокомбинацијасобета – блокатори), салицилати.
Фитотерапија при ангина Фитотерапијата за ангина се базира на употреба на бројни растенија чија што примарна функција им е: • инхибиција на акумулацијата на холестеролот во артериите, • вазодилатација, со што настанува ширење, отворање на артериите при што се овозможува поголем проток на крв, а со тоа и снабдување на срцето со кислород и хранливи материи, • аналгезија, со што се намалуваат болките при ангина. Најзначајна дрога: глог! Други значајни дроги: жен-шен, лук, кромид, артичока, ѓумбир, маслина, врба, зелен чај, арника и др.
Коренот содржи: - 2-3% тритерпенски тетрациклични сапонини од типот на дамаран. Изолирани се над 10 сапонини кои се означени како гинсенозиди. Жен-шен (Panax ginseng C.A. Meyer, Araliaceae) • често се употребувани за лекување на пациенти со ангина или со коронарни артериски заболувања.
Механизам на дејство на гинсенозиди Гинсенозидите се: - антагонисти на Ca-канали во васкуларните ткива (дилатација). - ги дилатираат коронарните артерии, - инхибираат атерогенеза, - зголемуваат фибринолизата на крвта. Експериментално е утврдено дека вазодилататорниот ефект на жен-шенот може се должи (меѓу другото) на: • ослободувањето на азот оксид (NO),потентен вазодилататор.
Salvia miltiorrhiza (Lamiaceae),тан-шен или дан-шен! • предизвикува дилатација на коронарните крвни садови. • покажува и протективна активност при миокардијална исхемија. • Ги заштитува миоклеточните митохондријални мембрани од исхемија, а со тоа инхибира липидна пероксидација. • Ин витро: • инхибира адхезија и агрегација на тримбоцити и • инхибира ослободување на серотонин. Се користи коренот (црвено обоен). Дитерпенскитекомпоненти, таншинони се веројатно одговорни за активноста.
3. АРТЕРИСКА ХИПЕРТЕНЗИЈА • Хипертензија или покачен крвен притисок е состојба на зголемен систолен и/или дијастолен притисок. • Нормалните вредности на крвниот притисок се 120-130/80-85 mmHg, односно 18,7/12,0 kpa. • Покачениот крвен притисок е во директна причинско-последична врска со атеросклерозата, срцевиот удар и особено мозочниот удар, периферната артериска болест, бубрежната слабост. Заради тоа Светската здравствена организација ја смета денес хипертензијата како прва причина зa смрт во светот, па затоа уште и се нарекува “тивок убиец”.
Хипертензија Споредетиологијатаседели на: • Есенцијалнатахипертензија • Секундарнатахипертензија Артерискиот крвен притисок е директно пропорционален со срцевата работа и со периферниот отпор. Ризик фактори кои исто така можат да доведат до покачување на КП се: пушење, дебелина, физичка неактивност, солена исхрана, алкохол во големи количини.
Клиничка слика • главоболка (особено наутро), • вртоглавица, • често се развива церебро-васкуларен инсулт (напад). Во тешките облици, настанува: хипертензивна енцефалопатија, одбележана со - стеснета свест - грчеви и - пораст на интракранијалниот притисок. Можедасејават и симптомиодзафатенитеоргани: • коронарнаболест, пореметувањанаартерискатациркулацијанапериферијата, вобубрезите, појава на ретинопатијаитн.
Лекови кои се користат во конвенционалната терапија на хипертензија: • диуретици (го намалуваат волуменот на крвта) • симпатолитици (блокатори на норадреналин – вазодилататори) • директни вазодилататори (намалување на периферна резистенција) • блокатори на калциумовите канали (инхибитори на инфлуксот на калиумови јони во васкуларните мазни мускулни клетки, со што се намалува периферната резистенција) • инхибитори на ангиотензин-конвертирачкиот ензим (ACE) (предизвикуваат вазодилатација преку блокирање на ензимите кои го раздвојуваат ангиотензин I од потентниот вазоконстриктор ангиотензин II) • алдостеронски антагонисти итн.
Фитотерапија во третман на хипертензија • Голем број растенија што дејствуваат врз хипертензијата своето дејство го остваруваат како и периферните вазодилататори. • Постојат голем број на хербални препарати кои се присутни во традиоционалната медицина и наоѓаат примена при хипертензија.
Маханизам на дејството на хербалните антихипертензиви • преку редукцијата на срцевата работа и/или • преку намалувањето на периферниот отпор. • го активираат n. vagus, со што предизвикуваат брадикардија, но и вазорелаксација, а со тоа и намалување на покачен крвен притисок. И покрај тоа што се спроведени голем број испитувања за антихипертензивниот ефект на одредени хербални лекови, сепак сеуште се смета дека постои недостаток на клинички податоци кои би ја потврдиле нивната ефикасност.
Allium sativum – лук Хемиски состав: – најважните се сулфурните компоненти, алиинот. Со механичка обработка алиинот се разложува со ензим алиназа до млечна киселина и 2-пропенилсулфинска киселина, која веднаш се трансформира во алицин. Со оксидација на алицинот се формира диалилдисулфид. Алкохолните екстракти од лук содржат кондензациони продукти од алицин, познати како ајоени, кои се јавуваат како Z и E изомери. Присутни се и циклични форми означени како винил-дитиини.
Дејство • антихипертензивно дејство, • антихиперлипидемично дејство, и • анти-PAF активност, односно способност за инхибиција на ”факторот на агрегација на тромбоцитите”- platelet activating factor, PAF. • Механизам на дејство • сеуште не е точно утврдено кои компоненти се одговорни за антихипертензивната активност, но познато е дека оваа активност се остварува со механизам на: • намалување на васкуларниот отпор и • директна релаксација на мазните мускули, • преку промена на мембранскиот потенцијал на мускулните клетки. • имено, се отвараат К-канали, додека Са-канали се затворени, за да се предизвика хиперполаризација, која резултира со вазодилатација.