90 likes | 247 Views
FATF и MONEYVAL. Пристап на „меко право“. FATF. Работна група за финансиски дејства за перење пари (FATF) Основана во 1989 година 36 членки (на пример, САД, 15 земји-членки на ЕУ од пред проширувањето, Европската комисија, Кина, Јапонија, Швајцарија, Русија)
E N D
FATF и MONEYVAL Пристап на „меко право“
FATF • Работна група за финансиски дејства за перење пари (FATF) • Основана во 1989 година • 36 членки (на пример, САД, 15 земји-членки на ЕУ од пред проширувањето, Европската комисија, Кина, Јапонија, Швајцарија, Русија) • Овластување да се бори против перењето пари (овластувањата се проширени и вклучено е финансирање терористи) • Цели: • утврдување стандарди и промовирање ефективно спроведување на правните, регулаторни и оперативни мерки за сузбивање на перењето пари, финансирање терористи и други поврзани закани по интегритетот на меѓународниот финансиски систем • следење на напредокот на земјите во спроведувањето на препораките на FATF • преглед на техниките за перење пари и финансирање терористи и противмерки • Објавување на соопштенија за јавност и извештаи за високоризичните земји
FATF Како функционира FATF: • FATF го следи пристапот на „меко право“, што значи нивните насоки не се обврзувачки, туку поттикнуваат доброволна соработка • Цели: • Годишно самооценување на секоја земја-членка • Теренски мониторинг не само на земјите-членки, туку на сите земји значајни за финансискиот систем • Објавување на список на земји кои не соработуваат (кампања за „објавување на столбот на срамот“) • Појавувањето на овој список има големо негативно влијание врз угледот на финансискиот сектор на земјата
FATF • Цел на глобално применување на стандардите: • FATF го подржува основањето регионални под-организации (на пример, Moneyval) • Заеднички стандард за теренско оценување на земјите • Поддршка за земјите кои не ги исполнуваат стандардите • Објавување на земји и територии кои не соработуваат • Список на земји кои не соработуваат: во моментов, Иран и Северна Кореја • Земји со недостатоци: во моментов има 9 земји, на пример, Турција, Сирија, Јемен • Посебно внимание да се посвети при деловната соработка со офшор финансиските центри и наведените земји • Билатерални договори за да се осигури примената на стандардите
FATF 40 препораки на FATF за перењето пари: • Збир на принципи посебно прилагодени за трговскиот и правниот систем на секоја земја • Општа рамка (чл. 1-3) • Улогата на правниот систем на земјата во судско гонење за перење пари (чл. 4-7) • Улогата на финансискиот систем во спречувањето на перењето пари (чл. 8-29) • Улогата на регулаторните и на агенциите за спроведување на правото во сузбивањето на перењето пари (чл. 30-40)
Препораки на FATF • Препорака 3: Земјите треба да го криминализираат перењето пари • Врз основа на Конвенциите од Виена и Палермо • Да се примени кривичното дело перење пари кај сите сериозни престапи • Со цел да се вклучи најширок опсег предикативни дела • Препорака 4: Заплена и провизорни мерки • Замрзнување, заплена или конфискување на „испраниот“ имот, приносите од перењето пари или терористички дела и приноси од имот поврзан со финансирање тероризам • Имот со соодветна вредност треба исто така да се конфискува • Почитување на правата на bonafide на трети земји • Кривично обвинение не треба да биде неопходно • Пренесување на товарот на докажување предвиден во случај на конфискација
Препораки на FATF • Препораките силно ги нагласуваат финансиските оператори • Темелна анализа на клиентите („Познавајте го клиентот“) (Преп. 10) • Деловни контакти со странски политички изложени лица треба да се третираат со посебно внимание (Преп. 12) • Управување со ризик и тековно следење • Одлуки донесени на повисоко ниво • Преземање разумни мерки за утврдување на изворот на средства • Пријавување сомнителни трансакции (преп. 20) • Државите треба да преземат мерки за заштита на финансиските институции и нивните вработени ако пријават сомнителни трансакции • Транспарентност и сопственост на правни лица и правни аранжмани (преп. 24 и 25) • Правните лица и правните аранжмани не смее да се злоупотребат за криење на вистинскиот извор на приносите
MONEYVAL • Тело за мониторинг на Советот на Европа • Оценување според постапките на FATF за • Членки на СЕ кои не се членки на FATF • Членки на СЕ кои стануваат членки на FATF на барање • Мониторинг на европските стандарди кои не се опфатени од FATF • Извештаи за • карактеристиките и големината на перењето пари и финансирањето тероризам • Ефикасност на мерките преземени во борбата против перењето пари • Истрага и проверка на напредокот