210 likes | 942 Views
СМУГС”Д-р Панче Караѓозов”. ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ПО АНАТОМИЈА. Organ za vid (Organum Visus). Марија Костева. Маја Митевска . Ментор: Нада Терзиовска . Ивана Атанасова. Моника Митевска . Јовица Тодоров. Маја Денковска. Тамара Бошковска. Марија Димитрова .
E N D
СМУГС”Д-р Панче Караѓозов” ПРОЕКТНА ЗАДАЧА ПО АНАТОМИЈА Organ za vid (OrganumVisus) Марија Костева Маја Митевска Ментор: Нада Терзиовска Ивана Атанасова Моника Митевска Јовица Тодоров Маја Денковска Тамара Бошковска Марија Димитрова Изработиле: I -1 ф.л.т
Sodr`ina 1. Voved vo setilni organi i o~i 2. Nadvore{na o~na obvivka 3. Sredna o~na obvivka 4. Vnatre{na o~na obvivka 5. Proyirni delovi na okoto i na~in na gledawe 6. Anomalii i bolesti na okoto 7. Pomo{ni organi na okoto 8. Solzen aparat 9. Koristena literatura
Voved vo setilni organi i o~i Setilni ograni (ograna sensorial) Za nadvore{nite slu~uvawa CNS go informiraat setilnite organi. Drazbite na nivo na receptor so podsredstvo na perifernite nervi (opti~ki, olfaktoren) i setilnite pati{ta (opti~en, akusti~en, olfaktoren i dr) gi prenesuva do cortexcerebri (korata na golemiot mozok). Vo cortex cerebridoa|a do prerabotka na drazbite i dobiva vistinska slika za ona {to go ~ustvuvame. Sekoj analizator se sostoi od tri dela: 1.. Periferen ili receptoren del - koj ja pretvora energijata stimulusot vo drazba. 2.. Sprovoden del - niz koj se prenesuva drazba 3. Centralen del - del od korata na golemiot mozok vo koj drazbata se pretvora vo implus. Organ za vid (organum visus) Organ za vid e okoto(oculus) smesten vo orbitata(o~na praznina koj se sostoi od : 1. Bulbus oculi(o~no jabolko) 2. n.optimus(opti~ki nerv) 3. organa oculi accessoria(pomo{ni nervi na okoto) O~no jabolko(bulbus oculi) Okoto nalikuva na {upliva nepravilna topka ~ij preden del e providen i ispup~en. Toj se sostoi od tri obvivki nadvoresna, sredna i vnatresna.
Nadvore{na o~na obvivka Tunica fibroza bulbi - ецврста, нерастегливасврзнаобвивкакојајадаваформатанаочнотојаболко, сеспротивставуванапритисокоткојпостоивнатревоокотијаштитисодржината. Сесостоиодпреденделозначенкако cornea(рожница) и од заден, непровиден дела означен како sclera(белка). • Scelra(белка) го гради задниот, многу поголем дел на tunica fibroza bulbi. Имa форма на топkа, чиј преден дел се вовлекува во limbus corneae Белката е цврста, нерастеглива и не е провидна. На нејзината надворешна површина се присоединуваат mm.bulbi (мускули кои го движат окото). На задниот дел на белката се наоѓаат многубројни отвори низ кои поминуваат влакната на nervus opticus и многубројни крвни садови и нерви. Во предниот дел од белката се наоѓа sinus venosus sclerae (кружен венски канал) преку кој истекува humor aquosus (очна водичка) од предната очна комора. • Cornea(рожница) претставува преден, помал дел на tunicafibrozabulbi. Таа е провидна, лесно испупчена и нема крвни и лимфни садови. Со limbus corneae (кружен раб на рожницата) се вовлекува во кружниот жлеб на предниот дел од белката. Рожницта се одликува со способност да ги прекржува светлосните зрацо кои доаѓаат во внатрешноста на окото.
Sredna o~na obvivka na okoto (tunica vasculosa bulbi) • Средната обвивка на окото е богата со крвни садови, пигментни клетки и мазни мускули. Составена е од три дела: цилијарно тело, садовница и шареница. • Садовницата (choroidea) се наоѓа на задниот најголем дел на средната очна обвивка на окото. Содржи голем број на крвни сплетови наменети за исхрана на голем дел од очното јаболко, а пред се на ретината. • Цилијарното тело (corpus ciliare)претставува прстеновиден набор, сместен во просторот меѓу предниот раб на мрежницата и задниот раб на шареницата. Неговиот преден, поширок дел е образуван од очна леќа (lens) со помош на zonula ciliaris. Сусперзорниот лигамент на леќата (zonula ciliaris или zonula Zinii) e составен од систем на радијално поставени нееластични влакна кои започнуваат од цилијарните израстоци, а се прикрепуваат за капсулата на леќата. Во внатрешностa на цилијарното тело е сместен цилијарен мускул (m. ciliaris) изграден од радијално и кружно распоредени мазни мускулни клетки. Цилијарниот мускул предизвикува промена на издаденоста на светлосните зраци и на тој начин оневозможува гледање на предмети кои се блиску или далеку. Внатрешната површина има голем број на цилијарни израстоци (proc. ciliares) кои напрестојно создаваат humor aquosus.Humor aquosus обезбедува постојан притисок внатре во очното јаболко. • Шареницата (iris) претставува задебелување во форма на плочка во чија средина се наоѓа отвор, зеница или црнка (pupilla).Составена е од пигментно соединително ткиво, а содржи и мускулни клетки кои овозможуваат ширење (m. dilatator pupillae) и стеснување (m. sphincter pupillae) на зеницата. Од бојата на шареницата зависи бојата на окото: ако во неа има повеќе пигмент, бојата на окото е црна, а ако има помалку тогаш, бојата на окото е сива или светло сина.
Кога осветленоста е слаба како што е тоа навечер, зениците се шират за да влезе во окото повеќе светлина и поголем дел од ретината да земе учество во рецепцијата. При силна светлина зениците се затвораат. Ова рефлексно ширење и стеснување на зениците е познатао како рефлекс на зеницата на светлост. Зеницата се шири кога се контрахираат радијарните мускулни влакна во шареницата (m.dilatator papule), а се стеснува при контракција на циркуларните влакна (m. sphincter papillae). За стеснувањето на зеницата одговорен е парасимпатичкиот, а за ширењето симпатичкиот нервен систем. Зениците се и шират кога гледаме надалеку бидејки така овозможуваат зголемено навлегување на светлосните зраци со што се добива појасна слика за предметот кој се наоѓа далеку. Кога гледаме одблизу тогаш зениците се стеснуваат бидејки така зраците се насочуваат кон местото на јасно гледање
Vnatre{na o~na obvivka (tunica interna bulbi) Внатрешната обвивка на окото претставува невроепителна обвивка составена од два листа, надворешен пигмент и внатрешен наречен мрежница (retina). • Retinata (мрежницата) е функционално најважен дел на bulbus oculi кој содржи рецепторски клетки кои реагираат на светлина- стапчија и на боја- чепчиња. Делот од мрежницата што ја покрива задната страна на цилијарното тело и ирисот не содржи рецептори и тој дел е слеп (macula ceca), не е осетлив на светлосни дразби. На задниот или видниот дел од мрежницата се наоѓа папилата од очниот нерв, а латерално од неа 4 мм. жолтата дамка (macula lutea). Во центарот на жолтата дамка се наоѓа централна јамичка (fovea centralis) каде нема крвни садови, таа е безбојна и проѕирна.
Чунчињата и стапчињата се свртени кон пигментниот слој. • На мрежницата се разликуваат три основни клеточни слоеви. Надворешниот слој е составен од клетки фоторецептори со продолжетоци налик на стапчиња и чунчиња. Стапчињата се најбројни во централната јамичка, а одејќи кон периферијата нивниот број се намалува. Пигментниот слој од ретината ја преобразува внатрешноста на очното јаболко во темна комора. Чунчињата и стапчињата се свртени кон пигментниот слој. Средниот клеточен слој од ретината го градат клетки чии дендрити примаат нервни дразби од стапчињата и чунчињата. Длабокиот слој е изграден од големи ганглиски клетки чии неврити го градат очниот нерв (nervus opticus). Тој го напушта очното јаболко кај папилата од очниот нерв.
Proyirni delovi na okoto i na~in na gledawe Проѕирните делови од окото го сочинуваат: рожницата, очната водичка , леќата и стаклестото тело. • Очната водичка (лат. humor aquosus ) е бистра безбојна течност која ги исполнува шуплините што се наоѓаат пред и зад ирисот, односно предната и задната очна комора. Таа непрекинато се создава во задната очна комора од страна на processus ciliares . Од задната очна комора преминува во предната и преку angulus iridocornealis истекува во sinus venosus sklerae, а преку него преоѓа во венските садови на белката. Има улога да одржува одреден притисок во очното јаболко.
Леќите имаат соодветна фокусна точка. Колки леќите се поиздадени толку фокусната точка( F) е поблиску до леќата и обратно . • Стаклесто тело (corpus vitreum) го исполнува најголемиот дел од очното јаболко, очната празнина помеѓу lens и corpuscialare. Стаклесто тело е изградено од пивтиеста , желатинозна и проѕирна материја обвиена со тенка обвивка. Со својот волумен овозможува постојана прилепност на ретината за садовницата со што обезбедува исхрана за ретината , а го спречува и нејзиното набирање (аблација). Во некои случјаи притисокот на corpus vitreum опаѓа при што доведува до одлепување на ретината од садовницата , па следствено на тоа доаѓа до слепило. • Леќата(lens) е биконвексна и провидна.Таа е сместена зад ирисот , а пред corpus vitreum. Леќата е поврзана со цијаларното тело со тенки влакненца. Отпуштањето и затегнувањето на овие влакненца ја менуваат нејзината издаденост, а со тоа и начинот на прекршување на светлината. Светлината се одбива од предметите околу нас и при допир со леќата светлината се прекршува, при што сите здраци мораат да поминат низ фокуснaта точка на леќата каде се најконцентрирани. На ваков начин се добива слика.
Фокусот кај очната леќа треба да биде така наместен за сликата од објектот да падне дирекно на ретината во жолтата дамка, за сликата да биде јасна . Така ако еден објект биде на одредена оддалеченост од леќата , таа ќе се акомодира односно приспособи , за нејзиниот фокус да падне на ретината . Ако потоа телото се оддалечи тогаш сликата паѓа пред жолтата дамка при што неможе убаво да се види сликата. За таа цел очната леќа се акомодира , во овој случај се собира (со затегнување на влакненцата) и фокусот се поместува поназат , при што се избиструва сликата. Сликата која се добива на овој начин е превртена и намалена во однос на објектот. Потоа нервните импулси кои се добиени преку фотохемиски реакции, од рецепторите минуваат преку nervus opticus . Oчните нерви се вкрстуваат во chiasma opticum и продолжуваат до центарот за вид сместен во окципиталниот лобус на големиот мозок, каде се препознаваат сликите. Доколку и покрај акомодацијата на очната леќа , повторно сликата не паѓа на ретината ( при што имаме заматена слика), станува збор за аномалии на окото.
Anomalii i bolesti na o~ite • Кратковидност претставува рефлектирачки дефект на окото каде очната леќа не може да се акомодира , па фокусот паѓа пред ретината . Кратковидноста може да се јави при деформации на окото. Лугето со оваа болест ги гледаат далечните предмети заматено , поради тоа што фокусот не паѓа на ретината, а блиските предмети се со остра слика. Овој дефект може да се корегира со носење наочари со растурачки леќи. • Спротивно на кратковидноста е далековидноста. Поради одреден дефект на очното јаболко или леќата сликата и по акомодацијата на очната леќа неможе да падне на ретината , односно паѓа позади ретината. Според ова оние кои имаа ваква аномалија на окото заматело ги гледаат поблиските предмети , а поостро подалечните. Далековидноста се корегира до собирни леќи .
Во зависност од промените во окото освен овии едве аномалии има и други. Потоа хроматска аберација , кома , сверична аберација , астигматизам и други очни аномалии. • Дисторција е аномалија во која сликите се изобличуваат или вдлабнуваат . Од овие три бои се може да се препознаат сите други , па според тоа ако откаже некој од овие рецептори , неможе да се препознае голем спектар на бои.Човек со далтонизам има проблем во собраќајот и виножитото би го гледале како на следните слики. Имаме различни видови на далтонизам. • Далтонизам претставува заболување на окото , при што луѓето кои заболуваат од оваа болест неможат да видат зелена и црвена боја . На очната ретина иамаме рецепторни клетки за сина , црвена и зелена светлина. • Од заболувањата на окото може да биде и катарактата , која е представена со заматување на очната леќа. Имаме различни степени на развиеност на катарактата , а се корегира со хирутшки зафат. • Може да се јави и слепило од голем број причини: повреда на окципиталниот лобус (центарот за вид) , заболувања и повреди на очниот нерв, одлепување на рожницата од садовницата како резувтат на повреда или драстично намален притисок во очното јаболко, и раслични повреди на окото и очната леќа. Покрај овие има и голем број на други очни заболувања и аномалии
Pomo{ni organi na okoto Помошни органи на окото се: очните муслкули, фасција на очното јаболко, очна преграда, сврзница, очни капаци, веѓи и солзниот апарат. 1. Levator palpebræ superioris 2. Rectus superior 3. Rectus inferior • Очни мускули ( musculi buldi ) 4. Rectus medialis Очните мускули го движат очното јаболко во сите насоки. Тоа се шест пара на наперчно пругасти мускули. Од нив двата се коси, а останатите четири се прави мускули. 5. Rectus lateralis 6. Obliquus superior
Oчни капаци (palpebrae) Тоа се кружни мускулни дипли кои што го заштитуваат окото од предната страна и се подвижни. На нивните слободни рабови се всадени трепките (cilia). Тие цврстината ја добиваат од сврзнорскавичната плочка. Големината на меѓу капаковиот простор се регулира со повеќе напречно пругасти мускули, како и еден мазен мускул. Горниот капак поседува и посебен мускул подигнувач. • Спојница ( tunica conjuctiva) Ја претставува лигавицата што ја покрива задната страна на капаците и предниот дел од белката. На местата каде што се спојуваат очните делови со тој од белката се формираат два лигавични џеба-горен и долен. Во горниот лигавичен џеб се излеваат каналчињата од солзната жлезда.
Solzen aparat Солзниот апарат (apparatus lacrimalis) е составен од солзна жлезда(glandula lacrimalis), солзни каналчиња, солзна кесичка и носносолзен канал. Солзните или лакрималните жлезди представуваат парни жлезди во облик на бадем. Тие се сместени во горниот латерален агол над окото, а нивните екскреторните канали се движат надолу кон окото. Улогата на солзниот апарат е постојано да го навлажнува окото,како и да го штити од прашина и други иритирачки честички. Доколку имаме постојан прилив на солзи, тие го мијат надворешниот дел на окото, односно коњуктивата, а потоа навлегуваат во два мали отвори кои што се наоѓаат во внатрешниот агол на окото. Преку овие отвори солзите навлегуваат во лакрималниот, односно солзниот канал,а преку солзната кесичка навлегуваат во носната празнина.
Солзниот апарат е поделен на два сектора. Помалиот дел се наоѓа по должина на внатрешната површина на очниот капак. Орбиталниот дел пак се состои од каналчиња, кои се обединуваат со цел да формираат екскреторни канали. Солзниот апарат е составен од многу резени кои се оделени со сврзно ткиво. Инервацијата на солзниот апарат се врши преку вегетативниот нервен систем,односно преку симпатикусот и парасимпатикусот. Парасимпатикусот добива нервни импулси од лакрималното јадро на фацијалните нерви, кои што се наоѓаат во понсот. Солзната жлезда се снабдува со артериска крв преку солзната односно лакрималната артерија, добиена од офталмолошката артерија. А венската крв се врака преку офталмолошката вена.
Koristena literatura Анатомија за I година…………………………...Славица Видеска Анатомија за I година……………………………………....НадаТерзиовска Физиологија за I година………………………………………Славица Видеска