1 / 34

Народна банка на Република Македонија Дирекција за статистика

Статистика на странски директни и портфолио инвестиции во Р.М. и во странство. Народна банка на Република Македонија Дирекција за статистика Отсек за Меѓународна инвестициска позиција декември, 2012. Содржина. Законска регулатива за известување до НБРМ Цели на измените

fathi
Download Presentation

Народна банка на Република Македонија Дирекција за статистика

An Image/Link below is provided (as is) to download presentation Download Policy: Content on the Website is provided to you AS IS for your information and personal use and may not be sold / licensed / shared on other websites without getting consent from its author. Content is provided to you AS IS for your information and personal use only. Download presentation by click this link. While downloading, if for some reason you are not able to download a presentation, the publisher may have deleted the file from their server. During download, if you can't get a presentation, the file might be deleted by the publisher.

E N D

Presentation Transcript


  1. Статистика на странски директни и портфолио инвестиции во Р.М. и во странство Народна банка на Република Македонија Дирекција за статистика Отсек за Меѓународна инвестициска позиција декември, 2012

  2. Содржина Законска регулатива за известување до НБРМ Цели на измените Значајни измени во Упатствата Видови инвеститори Примери за видови на инвеститори Важност Примери за пополнување на образец ВС 22

  3. Законска регулатива за известување до НБРМ Закон за Народна банка на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 158/2010 и 123/2012) Закон за девизно работење („Службен весник на Република Македонија“ бр. 34/2001, 49/2001, 103/2001, 51/2003, 81/2008, 24/2011 и 135/2011) Одлука за начинот и постапката на известување за трансакции со нерезиденти („Службен весник на Република Македонија“ бр. 74/2012) Упатство за начинот на известување за состојбата и промените на капиталот и на меѓукомпанискиот долг на капитално поврзаните субјекти врз основа на вложувања во странство Упатство за начинот на известување за состојбата и промените на капиталот и на меѓукомпанискиот долг на капитално поврзаните субјекти врз основа на вложувања од странство

  4. Цели на измените Усогласување со измените на стандардите согласно меѓународните прирачници на ММФ, ОЕЦД, ЕЦБ, УНКТАД и др. Хармонизирање и конзистентност со статистиките на централни банки на земјите членки на ЕУ Подобар опфат на статистиката за директни инвестиции во и од странство на Р.М. Поширок опфат на структурата на поврзаност на капитално поврзаните субјекти, имено покрај поврзаноста со директниот инвеститор се опфаќа и поврзаноста со останатите инвеститори кои се наоѓаат во вертикална и хоризонтална поврзаност Усогласување со барањата на извештајните форми на ПБ и МИП на Р.М.

  5. Значајни измени во Упатствата Идентификација на сите инвеститори и претпријатија во кои се инвестира во синџирот на поврзаност вертикална поврзаност -директни и индиректни инвеститори; хоризонтална поврзаност -сестрински фирми; повратно капитално вложување – учествово капиталот на директниот инвеститор под 10% од страна на инвестираното претпријатие во кое директниот инвеститор претходно вложил капитал; КВС 22 – Квартален извештај за вложувања од странство врз основа на примерок на претпријатија определен од страна на НБРМ; Рокот на доставување на обрасците ВС 22/11 е 15 март во тековната година, со податоци за претходната извештајна година; Рокот на доставување на образецот КВС 22 е 20 дена по завршувањето на извештајниот квартал.

  6. Претпријатиево кое се инвестира Претпријатиево кое се инвестира претставува резидент (правно лице) коешто има капитално вложување од нерезидент (правно или физичко лице) и/или има побарувања/обврски од работењето со инвеститори - нерезиденти (меѓукомпаниски долг), во зависност од видот на поврзаноста.

  7. Видови инвеститори Директен инвеститоре нерезидент кој учествувасо 10% или над 10%во капиталот на претпријатието во кое се инвестира. Претпријатието во кое се инвестира покрај капиталното вложување од директниот инвеститор може да има и меѓукомпаниски долг со него. Портфолио-инвеститор е нерезидент кој учествува со помалку од 10%во капиталот на претпријатието во кое се инвестира. Портфолио-инвеститорот може да биде дел од синџирот на поврзаност или да е надвор од него. Претпријатието во кое се инвестира покрај капиталното вложување од портфолио - инвеститорот може да има и меѓукомпаниски долг со него.

  8. Пример за директен инвеститор и претпријатие во кое се инвестира

  9. Синџир на поврзаностиметод на мултиплицирано учество Синџир на поврзаностпретставува структура на вертикални(директни и индиректни) и хоризонтални врскипомеѓу инвеститорите и претпријатијата во кои се инвестира. Методот на мултиплицирано учествое метод за пресметување на индиректната поврзаност на инвеститорите со претпријатието во кое се инвестира. Индиректната поврзаност се утврдува преку т.н. индиректно учество од 10% или над 10%. Пресметувањето на процентот на индиректно учество се врши врз основа на множење на процентите на учествона сите инвеститори нагоре во синџирот на поврзаност.

  10. Пример за метод на мултиплицирано учество

  11. Видови инвеститори Индиректен инвеститоре нерезидент кој нема капитално вложување, но има индиректна поврзаност со претпријатието во кое се инвестира, односно има меѓукомпаниски долг со него. Матичен инвеститоре инвеститор кој се наоѓа на врвот на синџирот на поврзаност. Матичниот инвеститор може да се јави во својство на директен инвеститор или индиректен инвеститор. Директниот инвеститор истовремено е и матичен инвеститор само кога е единствен инвеститор. Во сите други случаи, матичниот инвеститор се јавува во својство на индиректен инвеститор за кој се известува само доколку има меѓукомпаниски долг со него.

  12. Пример за матичен инвеститор и индиректен инвеститор

  13. Видови инвеститори Инвеститор со хоризонтална поврзаноство синџирот (ИХП) е нерезидент којшто заедно со претпријатието во кое се инвестира - резидент имаат заеднички матичен инвеститор. Претпријатието во кое се инвестира може (но не мора) да има капитално вложување помало од 10%од овој инвеститор и/или има меѓукомпаниски долг со него.

  14. Пример за хоризонтална поврзаност

  15. Повратно вложување Повратно вложување претставува учество во капиталот на директниот инвеститор под 10% од страна на инвестираното претпријатие во кое директниот инвеститор претходно вложил капитал; *Во случај кога претпријатието во кое се инвестира има учество во капиталот од 10% или над 10% кај неговиот директен инвеститор, тогаш се работи за директно вложување во/од странство, а не за повратно вложување. Во овој случај се заокружува опцијата на директен инвеститорво ВС образацот.

  16. Пример за повратно вложување

  17. Пример за матичен инвеститор и инвеститор со индиректна поврзаност под 10%

  18. Видови инвеститори Претпријатие со посебна намена (ППН)е инвеститор - нерезидент (правно лице) што е дел од организациската структура на мултинационални компании и што се формира со намена да служи како спроводник на финансиски средства, притоа најчесто нема развиена економска дејност, вработени, не продава стоки и услуги на пазарот и сл., туку се занимава исклучиво со финансиско посредување.

  19. ВАЖНОСТ Со влегувањето во сила на ова упатство, престанува да важи Упатството за начинот на известување за работењето на поврзаните субјекти врз основа на вложувања во и од странство („Службен весник на Република Македонија“ бр. 79/2002). Ова упатство влегува во сила следниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“, а ќе се применува од 01.01.2013 година.

  20. Практичен пример за пополнување на образец ВС 22

  21. Синџир на поврзаност на инвеститорот

  22. Почитувани известувачи, Доколку Ви се потребни дополнителни информации за начинот на пополнување на обрасците ВС 22/11, Ве молиме да не контактирате преку испраќање на порака на следната e-mail адреса: Contact.statistika@nbrm.mk или да се јавите на некој од следните телефонски броеви: 02/3108-372 02/3108-113 02/3108-421 02/3108-289 02/3108-360 Дирекција за статистика, Народна банка на Република Македонија

More Related