120 likes | 298 Views
Агенција за вработување на Република Македонија. АКТИВНИ МЕРКИ И ПРОГРАМИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ – КАКО ПОДДРШКА ВО ОТВОРАЊЕ НА ДОМОВИ ЗА СТАРИ ЛИЦА И ДЕТСКИ ГРАДИНКИ. 1.САМОВРАБОТУВАЊЕ. Финансиска и советодавна поддршка за набавка на опрема и репроматеријали во висина од 185 000,00 денари.
E N D
Агенција за вработување на Република Македонија АКТИВНИ МЕРКИ И ПРОГРАМИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ – КАКО ПОДДРШКА ВО ОТВОРАЊЕ НА ДОМОВИ ЗА СТАРИ ЛИЦА И ДЕТСКИ ГРАДИНКИ
1.САМОВРАБОТУВАЊЕ • Финансиска и советодавна поддршка за набавка на опрема и репроматеријали во висина од 185 000,00 денари. • Експертска поддршка во форма на обука за развивање на бизнис идеја • Експертска обука за изработка на бизнис план
ПОЈАСНУВАЊЕ • На оваа активна мерка можат да аплицираат сите невработени лица кои имаат бизнис идеја а редовно се пријавуваат во АВРМ • Лицата кои ќе добијат можност за отворање на сопствен бизнис добиваат: 1.Изработка на бизнис план 2.Регистарција во Централен Регистар на РМ 3.Изработка на печати за фирмата 4. Постапка за вработување 5.Опрема и репроматеријали во висина од 185 000,00 денари Во оваа мерка аплицира само едно лице,нема можност за здружување на две или повеќе лица, ниту припојување кон веќе постоечки правни лица.
2.САМОВРАБОТУВАЊЕ СО КРЕДИТИРАЊЕ • Можност за здружување на најмногу пет лица на активни баратели на работа од евиденција на АВРМ за отворање на сопствен бизнис • 3000 евра или 5 000 евра за едно лице и најмногу за 5 лица 15 000 или 17 000 евра во денарска противвредност • Одлична можност за поволен кредит со 1% каматна стапка и 1 година грејс период
ПОЈАСНУВАЊЕ • Лицата кои аплицираат на оваа мерка мора да се активни баратели на работа • Да имаат сопствена бизнис идеја • Аплицираат 1,2,3,4 најмногу 5 лица • Поволен рок за враќање со 1 година грејс период • Каматна стапка од само 1% • Лицата обезбедуваат гаранција за поврат на средствата • Сопствено учество • Аплицирање за мерката од 1-15 секој месец во годината
3. Финансиска поддршка на правни субјекти за отворање на нови работни места • За вработување на активни баратели на работа од евиденција на АВРМ • 92 000,00 денари во опрема и репроматеријали (неповратни средства) за вработување на едно лице
ПОЈАСНУВАЊЕ • Мерката е наменета за веќе постоечки правни субјекти кои имаат потреба од ново вработување • За секое ново вработување правниот субјект добива опрема и репроматеријали во висина од 92 000,00 денари • Правниот субјект треба да ги исполни следниве услови: - да не го намалил бројот на вработени во период од 6 месеци; - позитивна завршна сметка за изминатата година; - да нема покрената постапка за ликвидација или стечај;
4. КРЕДИТИРАЊЕ НА ПРАВНИ СУБЈЕКТИ ЗА ОТВОРАЊЕ НА НОВИ РАБОТНИ МЕСТА • 3000 евра во денарска противвредност за едно новоотворено работно место • 1 година грејс период • 1% каматна стапка
ПОЈАСНУВАЊЕ • Правното лице има можност да побара и повеќе лица за вработување за секое по 3 000 евра во денарска противвредност • 1 година грејс период • 1% годишна каматна стапка • Обезбедува гаранција за поврат на средствата • Обврска на правниот субјект е да ги задржи лицата во работен однос најмалку 36 месеци • Аплицирање за мерката од 1-15 секој месец во годината
5.СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ВРАБОТУВАЊЕ • Можност за правните лица за ново вработување да добијат субвенции во време траење од 6 месеци • Износот на субвенциите се во бруто износ за секоја целна група од невработените лица кои се опфатени со оваа мерка се различни
ПОЈАСНУВАЊЕ - Договорот за вработување е за 18 месеци од кои во првите 6 месеци се исплаќаат субвенциите за вработување во бруто износ од 13.000,00 денари односно до 17.000,00 денари во зависност од целната група за која ќе аплицира работодавачот. - Нема ограничување за бројот на побарани нови работни места
КОНТАКТ ЛИЦА ОД АВРМ • Едвин Муковиќ – АВРМ тел: 02/3111-850, лок.123 е-маил: edvin.mukovik@avrm.gov.mk • Ели Павловска – МТСП тел: 02/3106-325 mail: EPavlovska@mtsp.gov.mk