140 likes | 279 Views
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ на СВР Скопје за 2005 година. Обем и движење на криминалот Криминалот и другите недозволени однесувања во Скопје, бележат намалување во споредба со лани, но и покрај тоа со нив е нанесена голема материјална штета на државниот имот и на
E N D
ГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ на СВР Скопје за 2005 година
Обем и движење на криминалот Криминалот и другите недозволени однесувања во Скопје, бележат намалување воспоредба со лани, но и покрај тоа со нив е нанесена голема материјална штета на државниот имот и на граѓаните, иако во однос на лани е намалена. Намалувањето е изразено пред се кај делата од областа на имотните деликти за 15,8%, потоа кај недозволената трговија за 13,8%, организираниот криминал 12,5%, како и во дел од другите области, а додека зголемување бележат откриените дела од областа на општата сигурност за 23%, економскиот криминал е зголемен за 26%, додека сообраќајните незгоди со потешки последици се намалени во однос на лани.Така во извештајниот период се регистрирани вкупно 9376 кривични дела и истите во однос на лани бележат намалување од 11%, а регистрираната материјална штета е над две милијарди денари. Со извршувањето на кривичните дела, сообраќаjните незгоди, пожарите, самоубиствата и во несреќните случаи животот го загубија 127 лица, а 382 се потешко и 1243 се полесно повредени. Вкупната ефикасност во откривањето на делата извршени од непознат сторител изнесува 52,6%(лани 40,4%), додека процентот на вкупно расчистените дела изнесува 59% (лани 51,1%) или изразено во апсолутни бројки, вкупно се расчистени 6.090 дела од кои 4006 биле од непознат сторител и 1142 со познат сторител и 942 кривични дела извршени во минатите години. Расчистени се и 25 кривични дела извршени надвор од Скопје. Исто така регистрирани се и 2775 кривични дела што се гонат по приватна тужба, од кои се расветлени 488 дела. Вкупниот број на откриени сторители 5.158 лица бележи незначително зголемување во однос на лани, а бројот на сторители повторници учествува со 33,4% од вкупниот број на пријавени лица кои најмногу се застапени во имотните деликти 52%. Вкупниот број на пријавени малолетници и деца бележи намалување во однос на лани за 18,8%, а намалување бележат и делата што тие ги извршиле за 13,2%. Инаку, како и досега малолетниците и децата најмногу се застапени кај имотните деликти каде процeнтуалната застапеност е значително поголема, односно кај откриените дела од овие деликти учествуваат со 29,3%, а кај пријавените лица со 26,9%.
Организиран криминал Годинава од оваа област се откриени вкупно 21 кривично дело (лани 24) од кои 15 с фалсификување пари,четири дела се примање поткуп и по едно кривично дело уцена и помагање во врска со уцената. Поднесени се вкупно 17 кривични пријави против 21 лице при што Истражниот судија на шест лица им одредимерка притвор во траење од по 30 и 15 дена. За кривичното дело фалсификување пари се пријавени 14 лица кои во менувачница, трафика, бензинска пумпаи колонијална продавница пуштиле во оптек 25 фалсфикувани банкноти и тоа: осум банкноти од по 100американски долари, седум од по 50 евра, шест банкноти од по 100,00 денари, две од по 200 евра и по еднабанкнота од по 500 евра и 1.000,00 денари. За кривичното дело примање поткуп се пријавени четири лица и тоа воспитач во КПУ Идризово, професор наПедагошки факултет, доктор од Градска болница и полицаец од ПС Бит Пазар кои за извршување односно неизвршување на службени дејствија од граѓани побарале и примиле поткуп во вкупен износ од 550 евра и5.000,00 денари.
РЕАЛИЗАЦИЈА • СВР СКОПЈЕПОСТИГНАТАВКУПНА ЕФИКАСНОСТОД59%
СОСТОЈБА НА КРИМИНАЛОТ ВО ТЕКОТ НА 2005/04 • НАМАЛУВАЊЕ НА КРИМИНАЛИТЕТОТ • КЛАСИЧЕН............ – 12,8% • ИМОТНИ ............... – 15,8% • РАЗБОЈНИШТВА . - 13% • Т.К. ВО СТАНОВИ...... - 40% • Т.К. НА ВОЗИЛА .......... - 40% • Т.К. ВО ВОЗИЛА .......... – 14% • ОДЗЕМАЊЕ НА М.В. ... – 64%
Регистрирани кривични дела во 2005/04 година
Извршени кривични дела на подрачјето на СВР Скопје за 2005 година
ПРОЦЕНТ НА ОТКРИВАЧКА ФУНКЦИЈА КАЈ ПОКАРАКТЕРИСТИЧНИ ДЕЛА • Т.К. ВО ПРОДАВНИЦИ ..... 52,6% • Т.К. ВО ТРАФИКИ ............. 52% • Т.К. ВО ВИКЕНДИЦИ........ 36% • Т.К. ВО СТАНОВИ ........... 46,6% • Т.К. ВО ВОЗИЛА .............. 38,8% • РАЗБ.КРАЖБИ ................. 53,3%
Вкупна ефикасност на СВР Скопје и по ОВР во 2005 год.
Извршени и расветлени разбојништва во 2005/04 год.
Потерници по кои е постапувано и реализирани споредбено за 2005/2004 година
Реализирани потерници споредбено 2005/2004 год.
Откриени кривични дела од областа на економскиот криминал споредбено 2005/2004година.