220 likes | 420 Views
Трета ревизија на референтни цени на лекови 8 4 % лекови без доплата или со минимална доплата. Скопје, јуни 2012. Структура на презентацијата. Цели на ФЗОМ Референтна цена на лек - дефиниција Методологија на ФЗОМ за утврдување на РЦ на лекови
E N D
Трета ревизија на референтни ценина лекови84% лекови без доплата или со минимална доплата Скопје, јуни 2012
Структура на презентацијата • Цели на ФЗОМ • Референтна цена на лек - дефиниција • Методологија на ФЗОМ за утврдување на РЦ на лекови • Ефекти од референтните цени на лекови до 2011 година • Годишна ревизија 2012 година – резултати • Примарна позитивна листа на лекови • Болничка позитивна листа на лекови • Заклучоци
Цели на ФЗОМ • Квалитетна здравствена услуга • Поголем број лекови • Повеќе лекови без доплата и со намалена доплата • Најдобра терапија за најниска цена • Рационално користење на лекови • Усогласување на цените на лековите со регионот • Наменско, ефикасно, ефективно и рационално користење на финансиските средства
Референтна цена на лек Закон за здравствено осигурување • Максимален износ кој Фондот го обезбедува за одреден лек • На ниво на големопродажна ценa co вклучен ДДВ • Се гарантира за сите осигурени лица
Методологија за утврдување на референтни цени на лекови Правилник за утврдување на референтни цени на лекови на ФЗОМ • Интернационална методологија • Компаративна анализа на големопродажните цени на лековите во • Република Македонија • Референтните земји според ЗЗО (Р.Словенија, Р.Хрватска, Р.Бугарија и Р.Србија) • Транспарентен процес - Одлука за предлог референтни цени на лекови се објавува на веб страната на ФЗОМ - 15 дена рок за забелешки од носителите на одобренија
Ефект: Потрошувачка на лекови во ПЗЗ2008 – 2011година По вкупни износи (милијарди денари) По број на рецепти (милиони)
Годишна ревизија на РЦ на лекови 2012 година Разгледани се податоци за околу 1.700 лекови по заштитени имиња ( ≥ 20.000 податоци) • 726 лекови по генерики со фармацевтска форма и јачина со утврдена РЦ: - 376 на примарна позитивна листа, - 343 на болничка позитивна листа + 7 инсулини • РЦ се утврдени за 1568 лекови по заштитено име: - 936 на примарната позитивна листа, - 598 на болничка позитивна листа + 34 инсулини
Референти цени на лекови на рецепт - примарна позитивна листа Резултати за референтните цени на лекови Напомена:- заради континуитет во ревидирањето на РЦ за лекови на рецепт, ситуацијата во примарната ПЛЛ е постабилна - разликите во РЦ се настанати заради усогласување со цените на лековите во референтните земји и новите единствени цени на лекови во РМ и дополнителни намалувања како резултат на преговорите со ФЗОМ
Примери за намалувања на РЦ на лекови 2009-2012 година Сите овие лекови се БЕЗ ДОПЛАТА!
Реплек Јака 80 Крка Алкалоид Плива Новартис Септима Плива Медис Astellas Ireland – PharmaSwiss Глаксо Смит Клајн Bayer ... А има најави за уште лекови без доплата или со намалена доплата! 54 лекови од различни производители се обезбедени без доплата за осигурениците, а повеќе лекови поефтинуваат. Повеќе лекови без доплата и со намалена доплата по остварени преговори
ПЗЗ: Лекови по генеричко име2009 - 2012 година
Нови лекови по генерики без доплата во 2012 година • Calcium carbonate Таблети 1g - антацид, за бубрежна инсуфициенција... • Ferrous fumarate Капсули 350mg – антианемичен лек • Isosorbide mononitrate Таблети/Капсули 40mg - вазодилататор • Losartan Таблети 25mg – за хипертензија, срцева слабост • Betamethasone Крема 0,5mg/g - кортикостероид, за кожни заболувања • Betamethasone Маст 0,5mg/g - кортикостероид, за кожни заболувања • Cyproterone + ethinyl estradiol Обложени таблети 2mg+0,035mg – хормонски препарат – за идиопатски хирзутизам, акни • Desmopressin Таблети 0,2mg - хормон на неврохипофиза • Amoxicillin +clavulanic acid Суспензија (125+31,25)mg/5ml - антибиотик • Tacrolimus Капсули 1mg – имуносупресив, за трансплантација • Tacrolimus Капсули 0,5mg - имуносупресив, за трансплантација • Indometacin Капсули 25mg – против воспалителенија и реума • Diazepam Обложени таблети/Таблети 2mg – за смирување, анксиолитик • Diazepam Обложени таблети/Таблети 5mg – за смирување, анксиолитик • Zolpidem Таблети/Филм обложени таблети 5mg – хипнотик и седатив • Budesonide Назален спреј 100mcg/доза – за респираторен систем • Ciprofloxacin Капки за око и уво 3mg/ml - антибиотик
Споредба на доплатата за лекови по заштитено име 2009-2012 година
Болничка позитивна листа и инсулини • Здравствените установи се задолжени да ги обезбедуваат сите потребни лекови и материјали за осигурениците • ЈЗУ добиваат договорени надоместоци од ФЗОМ , а услугите се плаќаат по ДСГ и дефинираните пакети на услуги • Набавките во ЈЗУ се вршат преку постапки за јавни набавки каде улога има максималната единствена одобрена цена за лек од МЗ - Во случај на рефундација, разликата во цената за лек би била на товар на осигуреното лице • Доколку тендерската цена на лек е пониска од РЦ која е максимална цена, ЗУ треба да фактурира по пониската цена - ова се однесува на околу 5% лекови од БПЛЛ • На болничката позитивна листа, лековите се во сите регистрирани јачини во РМ
РЦ за лекови од Болничка позитивна листа • Усогласување на РЦ со единствените одобрени цени на лекови во РМ по новата методологија на МЗ, кои се применуваат од 01.02.2012 год. • Ревизија на РЦ на лекови од БПЛЛ утврдени во 2008 година • РЦ за лек е еднаква на најниската единствена одобрена цена за лек од МЗ
Ефекти: РЦ на лекови од Болничката позитивна листа 2012 година
Заклучоци ФЗОМ обезбеди: • Поголем број на лекови • Повеќе лекови без доплата и со намалена доплата – 84% лекови по заштитено име се без доплата или со минимална доплата • Нема дополнителни финансиски импликации за осигурениците и за Фондот • Дополнително намалување на единствени цени на лекови
Идни ефекти • Зголемена конкуренција на пазарот на лекови во државата • Повеќе лекови • Поефтинување на лековите од позитивната листа за осигурениците • Зголемување на бројот на лекови без доплата и со намалена доплата • Континуиран партнерски однос помеѓу Фондот и фармацевтските фирми за доброто на осигурениците
Нови референтни цени на лекови • Со одлуката на Управниот Одбор на Фондот за нови референтни цени на лекови, предвидено е тие да се применуваат од 1 јули 2012 година • Се очекува согласност на Одлуката од министерот за здравство • Следи објава на Одлуката во Службен Весник на РМ • Нови РЦ на лекови евентуално најдоцна од 1 август 2012
Благодарност • Фондот изразува задоволство и благодарност за позитивната соработка со фармацевтските куќи кои обезбедија повеќе лекови без доплата и со намалена доплата за осигурениците Реплек, Јака 80, Крка, Плива, Алкалоид, Медис (УСБ), Септима, Pharma Swiss, Новартис, Bayer, Glaxo Smith Kline и други
Благодариме на вниманието! Контакти • Бесплатна телефонска линија 080033222 • info@fzo.org.mk • www.fzo.org.mk