320 likes | 649 Views
Техники и видови на анестезија Изработил Тушевска Марија. СПИНАЛНА АНЕСТЕЗИЈА Spinal anesthesia. ВОВЕД.
E N D
Техники и видови на анестезија Изработил Тушевска Марија
ВОВЕД • Спинална или субарахноидална анестезија претставува аплицирање на локален анестетик преку игла или катетер во субарахноидалниот простор на спиналниот канал пониско од висината на стеблото на рбетниот мозок • Кај возрасни во ниво на L 2 кај деца во ниво на L 3. • Целта е привремено губење на автономната, осетната и моторната активност.
На задниот дел од пршленските тела се простираат лигаментите
Ориентациони дерматоми • Vertebra prominens во висина на C7 и е силно испакната на вратот • Spina scapulae во висина на Th 3 • Долниот дел од лопатката - Th 7 • Spina iliaca anterior superior - L 4
ИНДИКАЦИИ ЗА СПИНАЛНА АНЕСТЕЗИЈА • Хируршки интервенции на долни екстремитети • Хируршки интервенции во перинеум (анус,ректум, гинеколошки и уролошки интервенции) • Хирургија на горен и долен дел на абдомен • Кај стари пациенти со хронични болести на респираторен систем, болести на хепар, бубрези и ендокрини заболувања.
АПСОЛУТНИ КОНТРАИНДИКАЦИИ ЗА СПИНАЛНА АНЕСТЕЗИЈА • Немање согласност од пациентот • Ако не постои адекватна опрема и медикаменти за нејзино изведување • Болести со пореметена коагулација • Хроничен дерматитис • Зголемен интракранијален притисок
АПСОЛУТНИ КОНТРАИНДИКАЦИИ ЗА СПИНАЛНА АНЕСТЕЗИЈА • Системски заболувања со неуролошки секвели (пернициозна анемија) , мултипла склероза • Хипотензија. • Дехидрација • Болни со деформитети на р’бетен столб • Болни со хронична главоболка
РЕЛАТИВНИ КОНТРАИНДИКАЦИИ ЗА СПИНАЛНА АНЕСТЕЗИЈА • Дегенеративни заболувања на рбет, артритис • Респираторни заболувања • Изразена хипертензија и психотични состојби кај кои е отежната комуникацијата (деца и болни со пречки во равојот) • Акутни респираторни инфекции и вирусен менингитис. • Отпор од страна на хирургот
ПРИПРЕМА И ПРЕМЕДИКАЦИЈА НА ПАЦИЕНТОТ • Премедикацијата треба да биде средно јака, односно: • Болниот треба да биде релаксиран • Лесно поспан • Пациентот да биде доволно контактибилен за да соработува (доколку е потребно). • Најчесто за премедикација се користат бензодиазепински препарати, а може и наркотици и барбитурати.
ПОТРЕБЕН МАТЕРИЈАЛ ЗА СПИНАЛНА АНЕСТЕЗИЈА • Спинални игли (cutting bevel Quincke) (pencil point needle Whitacre), имаат должина од 7-9 см и пречник 25 G и 26 G (gauge). • Локални анестетици • Сет за реанимација, интубација и антишок терапија • Опрема за инхалација на кислород, атропин, седативи, вазоконстриктори, инфузиони раствори • Локални анестетици за инфилтрација на кожата на местото на кое ќе се прави пункцијата • Дезинфекциони средства.
СЕТ ЗА СПИНАЛНА АНЕСТЕЗИЈА • PENCIL-POINT игла (PENCIL-POINT needle Whitacre type) • - Водич игла (guiding needle) • - Субкутана игла за анестезија (subcutaneous anaesthesia needle 0.5 x 25 mm) • - Игла со мандрен (needle for medicine drawing 0.9 x 40 mm) • - Шприц од 2.5 ml (regular syringe 2.5 ml) • - Шприц од 5 ml (regular syringe 5 ml)
Положби на болниот за изведување на спинална анестезија • Седечка положба • Пронаторна положба и • Латерална декубитус положба со флектирани раце и нозе кон абдоменот и со максимално флектирана глава.
ТЕХНИКА ЗА ИЗВЕДУВАЊЕ НА СПИНАЛНА АНЕСТЕЗИЈА • Антисептичката подготовка на кожата • Се пунктира субарахноидалниот простор во ниво помеѓу 2 и 3 или 3 и 4 лумбален прешлен под строго асептични услови • Повлечената линија која ги поврзува највисоките точки на двете crista iliaca поминува низ L4 и служи како ориентација за пронаоѓање на одредениот меѓупрешленски простор.
ПАТ НА СПИНАЛНАТА ИГЛА ВО ТЕК НА ПУНКЦИЈАТА • Кожа • Поткожно ткиво • Супрасинозен лигамент • Интерспинозен лигамент • Ligamentum flavum • Епидурален простор • Dura mater • Субарахноидален простор
ЛОКАЛНИ АНЕСТЕТИЦИ ВО СПИНАЛНАТА АНЕСТЕЗИЈА • Најчесто употребувани локални анестетици се: - Lidocain - Bupivacain - Etidocain - Prilocain - Tetracain
Поделба на локалните анестетици според начинот на дејство • Во однос на нивната специфична тежина кон цереброспиналната течност: - Хипобарични - Изобарични - Хипербарични • Во однос на патиштата на ширење поделени се на локални анестетици кои се шират: - Кранијално - Каудално
Хипербарна техника • Хипербаричните локални анестетици се користат за да се постигне еднострана или нагласено еднострана спинална анестезија. • Болниот лежи на страна 10-15 минути после апликацијата на локалниот анестетик • За оваа техника се користи 2 -4 мл Бупивакаин 0,5 % разреден со 10 % Декстроза.
Изобарна техника • Кај изобарната техника локалните анестетици се подготвуваат со додавање на 7,5 % или 10 % Декстроза за да се овозможи зголемување на специфичната тежина на локалниот анестетик (над 1,009).
Хипобарна техника • За хипобаричната техника се користи 0,5 % Бупивакаин и дестилирана вода ( aqua destilata ) со која се разредува локалниот анестетик во однос 1 : 1.
Фактори кои влијаат на ширењето на локалниот анестетик • Местото на апликација • Анатомската конфигурација на рбетниот столб • Волуменот на спиналниот ликвор • Специфичната тежина на растворите на локалниот анестетик • Дозата и брзината на апликација • Старосната возраст на пациентот и положбата за време на апликацијата • Правецот на отворот на врвот на спиналната игла
КОМПЛИКАЦИИ ПРИ СПИНАЛНА АНЕСТЕЗИЈА • 1. Хипотензија • Терапија • Вазоконстриктори ( Efedrin 25-50 mg) • Атропин • Давање на течности (кристалоиди и колоиди) • Оксигенација • Поставување на пациентот во Тренделенбургова положба.
КОМПЛИКАЦИИ ПРИ СПИНАЛНА АНЕСТЕЗИЈА • 2. Постпункциона главоболка - настапува после 24 -48 часа од спиналната анестезија. • Таа е окципитална, обострано фронтална и често е пратена со мачнина и повраќање, фотофобија, диплопија. • Третман • Примена на Patch методата т.е. со епидурална игла се аплицираат 10-20 мл на сопствена крв во пункциониот отвор на дурата.
КОМПЛИКАЦИИ ПРИ СПИНАЛНА АНЕСТЕЗИЈА • 3. Уринарна ретенција • Терапија • Поставување на уринарен катетер. Нормализирањето настанува за време од 24-48 часа. 4. Болки во грбот и на местото на убодот 5. Неуролошките компликации 6. Инфекции 7. Парализа на VI-от кранијален нерв n.abducens при што доаѓа до диплопија и главоболка
ЗАКЛУЧОК Со примената на спиналната анестезија се постигнува поголема доверба кај пациентите, се намалува стравот дека нема да се разбудат после самата операција, а со примената на адекватна медикаментозна терапија се намалуваат и компликациите кои почесто се јавуваат при општата анестезија.
БЛАГОДАРНОСТ • До мојот ментор Д-р. Билјана Ефтимова за неизмерната подршка при изработката на оваа семинарска работа и на целокупниот медицински персонал кој допринесе да се реализира истата.
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРАREFERENCES • Arzola C, Davies S, Rofaeel A, Carvalho JC: Ultrasound using the transverse approach to the lumbar spine provides reliable landmarks for labor epidurals. Anesth.Analg. 2007; 104: 1188-92. http://www.usra.ca/sb_neuraxial • Бокуров Станислав, Хиругија, 453-454 • Ferre RM, Sweeney TW: Emergency physicians can easily obtain ultrasound images of anatomical landmarks relevant to lumbar puncture. Am.J.Emerg.Med. 2007; 25: 291-6. http://www.usra.ca/sb_neuroaxial • Лалевиќ П. Анестезиологија • Асс.Д-р Нанчева Јасминка, Спинална анестезија, 157-162 • Macintosh RR. Lumbar puncture and spinal analgesia. Edinburgh, Livingstone, 1951.
КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРАREFERENCES Spinal Anesthesia:Subarachnoid Block, Editor(s): Lee A.Fisher.MD,FACC,FAHA Robert Dunning Dripps Professor and Chair Department of Anesthesiology and Critical Care, Professor og Medicine of University of Pennsilvania School of Medicine http://www.proceduresconsult.com/medical-procedures/spinal-anesthesia-subarahnoi-block-AN-procedure.aspx http://blog,ritelefax.hr/post/2005/06.050609-spinalna-anestezija.aspx www.anestezija.org http://www.akromion.hr/default.aspx?id=63