1 / 31

Националните знамиња на државите во Азија

Националните знамиња на државите во Азија. Наставник: Богоевски Методиј . I Општ дел. Поим за знаме Кратка историја за потеклото на знамето Вексилологија Видови на знамиња Национални знамиња Промена на национални знамиња. Поим за знаме.

kitra
Download Presentation

Националните знамиња на државите во Азија

An Image/Link below is provided (as is) to download presentation Download Policy: Content on the Website is provided to you AS IS for your information and personal use and may not be sold / licensed / shared on other websites without getting consent from its author. Content is provided to you AS IS for your information and personal use only. Download presentation by click this link. While downloading, if for some reason you are not able to download a presentation, the publisher may have deleted the file from their server. During download, if you can't get a presentation, the file might be deleted by the publisher.

E N D

Presentation Transcript


  1. Националните знамиња на државите во Азија Наставник: Богоевски Методиј

  2. IОпшт дел • Поим за знаме • Кратка историја за потеклото на знамето • Вексилологија • Видови на знамиња • Национални знамиња • Промена на национални знамиња

  3. Поим за знаме • Знаме- еднобојно или повеќебојно, парче ткаенина , понекогаш со украсни симболи, прицврстено за вертикално поставено копје или јарбол • Употреба- сигнализација, идентификација, означување на територија , симбол на државна независност и припадност • Појава- првична употреба за координација на бојните полиња, односно за препознавање или разликување на војските • Вексилологија (лат. Vexillum- знаме, бајрак)- наука која се занимава со проучување на знамињата со сите нивни аспекти

  4. Кратка историја запотеклотона знамето Реконструкција на римски војник, со знаме (вексилум) на шкорпија • Знамето се смета дека потекнува од стариот век, поточно се појавило во времето на Римската Империја • Неговата употреба продолжила и во текот на средниот век, најчесто за време на борби заради идентификација на воините • Од времето на Големите географски откритија, знамињата се користат за да се означат териториите на колонијалните империи, за подоцна тие да преминат во национални- копнени и поморски знамиња на државите, какви што се познати до денес • Првата Светска Војна го означи крајот на употребата на знамињата на бојните полиња и од тој период најчесто се користат за време на одржување на свечености

  5. Вексилологија • Вексилологијата се смета за помошна историска дисциплина, но и како гранка на современата применета уметност • За прв пат терминот бил употребен во 1958 година во САД од Витни Смит • Функцијата на вексилологијата е дефинирана според уставот на ФИАВ (Меѓународна федерација на вексилолошките здруженија) • Во контекст на науката се разликуваат Вексилолог- особа што се занимава со проучување на знамињата и Вексилограф- особа што се занимава со дизајнирање на истите Знамето на ФИАВ

  6. Видови на знамиња Денес во светот се разликуваат најразлични видови на знамиња, и тоа според: формата, големината, дизајнот, употребата, значењето и слично • Според формата, знамињата најчесто се правоаголни, поретко во форма на квадрат, а многу ретко се среќаваат други форми Националното знаме на Непал Националното знаме на Швајцарија

  7. Според боитекои се застапени во дизајнот на знамето, постојат најразлични знамиња, но генерално кај европските држави преовладуваат: црвената, белата и сината боја, кај африканските држави се најзастапени: црвената, жолтата и зелената, додека кај земјите каде што е раширен исламот, најзастапени се: зелената белата и црната боја. • Според сложеноста на дизајнот, најкарактеристични се знамињата на Либија и Туркменистан. Знамето на Либија (1977-2011 година) Знамето на Туркменистан • Според големината, најголемо знаме поставено на јарбол досега е знамето на Бразил, во главниот град Бразилија, со димензии 100 х 70 метри. • Според големината на јарболот, односно неговата височина, се издвојува знамето на Северна Кореја, поставено во градот Геонг-ри, на височина од 160 метри.

  8. Според намената, покрај националните кои се најпрепознатливи, се разликуваат: воени, знамиња кои се користат на море, верски, знамиња што се употребуваат во спортот, сообраќајот, политички знамиња итн. Карактеристична е намената на белото знаме, при воени услови, што укажува предавање или капитулација. Поразени германски трупи за време на Втората Светска Војна

  9. Национални знамиња • Денес најширока употреба имаат националните знамиња. Тие се еден од најбитните симболи на секоја држава или народ. Според намената се разликуваат: државни, цивилни и воени национални знамиња, и тоа може истите да се разликуваат на копно и на море. Но сепак помал е бројот на држави чии национални знамиња за различни намени се различни. Воено копнено знаме на НР Кина Воено поморско знаме на Јапонија • Употребата на странски знамиња во една држава има строго одреден протокол, и истите се користат при посета на државни делегации, при спортски натпревари и сл. Од друга страна нелегалната (ткн) употреба на национални знамиња на други држави, најчесто од страна на етнички заедници (малцинства), со цел да се декларира поврзаноста со соодветната држава по разни основи, често е потврда за одреден степен на автономија или желба истата да се постигне.

  10. Националното знаме на Данска, е најстарото национално знаме, сеуште во употреба, а датира од XIV век. Истото веројатно било инспирација за дизајнирањето на знамињата надржавите: Знамето на Данска Знамето на Финска Знамето на Шведска Знамето на Норвешка Знамето на Исланд • Знамето на Обединетото Кралство послужи како основа при изборот на дизајн на знаме кај некои британски колонии. Кај сите нив Британското знаме е сместено во горниот лев агол. Со тоа се покажува прифаќањето на културно-историските влијанија Знамето на Австралија Знамето на Нов Зеланд Знамето на Фиџи Знамето на Тувалу • Холандското знаме е првото тробојно знаме, потекнува од XVI век, а се смета дека е инспирација при дизајнирањето на знамињата на државите: Знамето на Холандија Знамето на Индија Знамето на Русија Знамето на Франција

  11. Знамето на САД имало пресудно влијание врз дизајнот на националните знамиња на следните држави: Знамето на САД Знамето на Либерија Знамето на Чиле Знамето на Уругвај • Знамето на Русија беше извор на инспирација кај многу словенски народи при изборот на дизајн за сопственото знаме. Таков е примерот со националните знамиња на државите: Знамето на Словачка Знамето на Србија Знамето на Хрватска Знамето на Словенија • Етиопија е една од првите африкански земји која стекна независност, со што постана модел за испливување од колонијалното ропство, особено во 50-тите и 60-тите години од минатиот век. Па од таму и не треба да изненадува сличноста помеѓу знамињата на голем број на африкански земји. Знамето на Етиопија Знамето на Того Знамето на Сенегал Знамето на Гана Знамето на Мали

  12. Знамето на Турција, доста слично со знамето на Отоманската Империја- со знаците ѕвезда и полумесечина- симбол на исламот , било пример за знамињата на многу муслимански земји. Знамето на Турција Знамето на Тунис Знамето на Алжир Знамето на Мавританија Знамето на Пакистан • Советското знаме, со златно-жолти симболи на црвена основа, несомнено беше инспирација за знамињата на останатите комунистички земји. Знамето на СССР Знамето на НР Кина Знамето на Виетнам Знамето на Ангола Знамето на Источна Германија • Аргентинското знаме, креирано за време на борбата за независност, имаше големо влијание врз изгледот на националните знамиња на многу централноамерикански земји. Знамето на Аргентина Знамето на Гватемала Знамето на Хондурас Знамето на Ел Салвадор Знамето на Никарагва

  13. Иако знамето на една држава треба да ја изразува нејзината посебност и да се одликува со оригиналност, покрај наведените свесни копирања на одредени аспекти на знамињата, постојат бројни примери каде што сличностите на знамињата не се резултат на било какви влијанија меѓу соодветните држави. Такви се следните примери: Знамето на Монако Знамето на Индонезија Знамето на Полска Знамето на Р. Ирска Знамето на Знамето на Италија Брегот на Слоновата Коска Знамето на Романија Знамето на Андора Знамето на Чад

  14. Промена на националните знамиња Националните знамиња меѓу другото се и променлива категорија. Многу ретки се примерите на држави чии знамиња останале непроменети. Промените настануват често како последица на промената на: државното уредување, општествениот систем, промена во етничкиот или верскиот состав на населението во државата, надворешно-политички притисок и друго. Знамето на СР Македонија Знамето на Република Македонија Знамето на Република Македонија (1946 – 1992 година) (1992 – 1995 година) (1995 - )

  15. Игра Знамиња на државите во светот

  16. II Национални знамиња на државите во Азија • Преглед на националните знамиња на државите во Југо-западна Азија • Преглед на националните знамиња на државите во Средна Азија • Преглед на националните знамиња на државите во Јужна Азија • Преглед на националните знамиња на државите во Југо-источна Азија • Преглед на националните знамиња на државите во Источна Азија

  17. Преглед на националните знамиња на државите во Југо-западна Азија Знамето на Кипар Знамето на Турција Знамето на Ерменија Знамето на Азербејџан Знамето на Грузија Знамето на Иран Знамето на Ирак Знамето на Сирија Знамето на Либан Знамето на Израел Знамето на Јордан Знамето на С. Арабија Знамето на Кувајт Знамето на Бахреин Знамето на Катар Знамето на О. А. Е. Знамето на Оман Знамето на Јемен

  18. Националното знаме на Грузија • Знамето на Грузија е едно од најстарите дизајни на знаме меѓу азиските држави, иако истото беше усвоено за национално во 2004 година. До тогаш, а почнувајќи од 1918 година (добивање на независност), националното знаме имаше уште две различни варијанти. • Во 1918 година Грузија го доби своето прво знаме. Тоа се употребуваше до 1921 година, кога Грузија стана дел од СССР. Интересно, истото знаме што се употребуваше до тогаш, повторно беше избрано за национално 70-тина години подоцна, во 1990 година, кога Грузија истапи од СССР. Тоа знаме постепено ја губеше својата популарност, преставувајќи кај Грузијците синоним за еден период на хаос и насилство, па се употребуваше се до 2004 година. Знамето на Република Грузија Знамето на ССР Грузија (1918-1921; 1990-2004 година) (1921-1990 година)

  19. Знамето на Грузија е усвоено на 25 јануари, 2004 година. • Сличен дизајн на знаме се споменува дека се користело како симбол на Грузиското кралство уште во V век. • Такво знаме (со пет крста), користеле и крстоносците, што ги симболизирало пак светите рани на Христос. • Денешното знаме на Грузија, беше популаризирано од Грузиското Национално Движење (за независност од СССР) во 1990 година, и беше предлог знаме, кое не беше прифатено од страна на претседателот Е. Шевернадзе, и стана симбол на отпорот против него и неговата власт. • Знамето на опозиционата партија, на чело со М. Саакашвили, стана официјално национално знаме на Грузија, со неговото доаѓање на власт. • Инаку знамето е со пропорции 2:3, и се користи како државно и цивилно знаме, на копно и море. Знамето на Република Грузија

  20. Националното знаме на Иран • На просторите на Иран (до 1935 година Персија), разни симболи се користеле уште од времето на династиите на Ахеменидите и Сасанидите, но од инвазијата на Арапите во VII век, еден подолг период се употребуваат знамиња со исламски симболи. • Од периодот на владеење на династијата Афшариди (во XVIII век), знамето на Персија (Иран) е тробојно, а во периодот на владеење на династијата Ќајар (1779-1924), е утврдено значењето на боите, и тоа: зелената- го симболизира исламот, црвената- крвта на војниците и белата- Зороастризмот, древна религија на пред-исламска Персија. Покрај тоа на знамињата на Персија од владеењето на султанот Масуд Газвани (XI век), многу често го вклучуваат лавот како симбол. Династијата Пахлави (1925-1979) го користеше тробојното знаме, без никакви симболи, за подоцна повторно да го придодаде лавот како симбол. Националното знаме на Иран (1964-1979 година)

  21. Знамето Иран е во употрена од 29 јули, 1980 година, со доаѓањето на чело на државата на Ајатолахот Хомеини, во 1979 година, кога е прогласена Иранската Исламска Република. • Знамето го задржа дизајнот со три хоризонтални траки: зелена, бела и црвена, кои соодветно го означуваат означуваат: исламот, мирот и храброста, а пак новина е Иранскиот грб, во вид на лале, кое има повеќекратно значење, и тоа: го означува зборот Алах, сабјата во средината ја симболизира моќта на Иранската Република, полумесечините го симболизираат исламот, а самото лале претставува патриотизам и саможртвување. Друга карактеристика е фразата Allahu Akbar (Голем е Бог), испишана 22 (2х11) пати. Тоа го симболизира денот на Исламската револуција- 11 февруари 1979 година, односно 22 Бахман 1357 година според Персискиот календар. Знамето на Иран

  22. Преглед на националните знамиња на државите во Средна Азија Знамето на Авганистан Знамето на Туркменистан Знамето на Узбекистан Знамето на Казахстан Знамето на Таџикистан Знамето на Киргистан Знамето на Монголија

  23. Националното знаме на Туркменистан • Знамето на Туркменистан својата последна верзија ја доби на 24 јануари, 2001 година. Него му претходеше знаме слично како и на останатите републики од СССР, до 1992 година, а потоа беа променети уште два доста слични дизајни на националното знаме. Знамето на ССР Туркменистан Знамето на Туркменистан Знамето на Туркменистан (1992-1997 година) (1997-2001 година)

  24. Знамето на Туркменистан се состои од зелена позадина, со црвена трака на која се претставени пет дизајни на килими, под кои се претставени две маслинови гранки поврзани со венец. Исто така знамето состои млада месечина и пет петокраки ѕвезди. • Црвената и зелената боја ги означуваат Туркмените и нивната историја, како најброен народ во државата. • Младата полумесечина симболизира надеж за светла иднина на државата, а ѕвездите се симбол за петте туркменистански провинции (Ахал, Балхан, Дашховуз, Лебап и Мари). • Петте мотиви на традиционални килими, ги симболизираат поголемите туркменистански родови (Теке, Јомут, Арсари, Човдур и Сарик). • Златно-жолтите маслинови гранки со венецот се симбол на перманентната неутралност на државата. • Официјалните пропорции на знамето на Туркменистан изнесуваат 2:3. Знамето на Туркменистан

  25. Преглед на националните знамиња на државите воЈужна Азија Знамето на Индија Знамето на Пакистан Знамето на Непал Знамето на Бутан Знамето на Бангладеш Знамето на Шри Ланка Знамето на Малдиви

  26. Националното знаме на Индија • Знамето на Индија е усвоено на 22 јули, 1947 година. Година кога Индија се ослободува од статусот - британска колонија. Знамето на Британската колонија-Индија (до 1947 година) • Знамето на Индија е тробојно- портокалово, бело и зелено. Во средината белото поле е сместено тркало, познато како Ашока Чакра- симболизира движење на нацијата кон просперитетна иднина. Портокаловата боја означува духовност, односно одрекување од материјални богатства, белата ја симболизира светлината кон која се движи државата, додека пак зелената ја претставува плодноста на растителниот свет во Индија. Знамето е со пропорции 2:3. Знамето на Индија

  27. Преглед на националните знамиња на државите воЈуго-источна Азија Знамето на Мјанмар Знамето на Тајланд Знамето на Лаос Знамето на Камбоџа Знамето на Виетнам Знамето на Малезија Знамето на Сингапур Знамето на Индонезија Знамето на Брунеи Знамето на Источен Тимор Знамето на Филипини

  28. Националното знаме на Виетнам • Националното знаме на (обединет) Виетнам е усвоено на 2 јули, 1976 година. Тоа всушност е истото знаме кое дотогаш беше знаме на Северен Виетнам, додека Јужен Виетнам имаше друго знаме. Употребата на знамето датира уште од 1940 година, како симбол против францускиот колонијализам. Знамето на Јужен Виетнам Знамето на Северен Виетнам (1948-1975 година) (1955-1976 година) • Жолтата боја на петто-краката ѕвезда на знамето ја симболизира жолтата раса, на која припаѓаат Виетнамците, додека пак црвената боја е симбол на социјалистичкото општествено уредување на Виетнам. Петте краци на ѕвездата поединечно, ги симболизираат: работниците, селанството, војниците, интелектуалците и трговците.

  29. Преглед на националните знамиња на државите воИсточна Азија Знамето на Кина Знамето на Северна Кореја Знамето на Јужна Кореја Знамето на Јапонија

  30. Националното знаме на Кина • Националното знаме на Кина е усвоено на 27 септември, 1949 година, откако Кина е прогласена за Народна Република, после народната револуција во Кина (1924-1949). Инаку соодветното знаме било едно од 38-те финални знамиња, од вкупно 3 000 пријавени предлози на конкурсот. Знамето на НР Кина • Националното знаме на НР Кина ги вклучува истите симболи како и државниот грб, а тоа се петте петто-краки ѕвезди на црвена основа. Црвената боја на знамето ја симболизира народната револуција, а четирите еднакви ѕвезди го означуваат единството на кинескиот народ, под водство на Комунистичката Партија на Кина, претставена со петтата, најголема ѕвезда.

  31. Игра Знамиња на државите во Азија

More Related