1 / 77

ПРЕКРШОЧНА ОДГОВОРНОСТ

ПРЕКРШОЧНА ОДГОВОРНОСТ. Во законот за прекршоци се определуваат општите услови за пропишување на прекршоци и прекршочна одговорност, општите услови за утврдување на прекршочната одговорност, како и одговорните органи за изрекување на прекршочни санкции.

lucien
Download Presentation

ПРЕКРШОЧНА ОДГОВОРНОСТ

An Image/Link below is provided (as is) to download presentation Download Policy: Content on the Website is provided to you AS IS for your information and personal use and may not be sold / licensed / shared on other websites without getting consent from its author. Content is provided to you AS IS for your information and personal use only. Download presentation by click this link. While downloading, if for some reason you are not able to download a presentation, the publisher may have deleted the file from their server. During download, if you can't get a presentation, the file might be deleted by the publisher.

E N D

Presentation Transcript


  1. ПРЕКРШОЧНА ОДГОВОРНОСТ

  2. Во законот за прекршоци се определуваат општите услови за пропишување на прекршоци и прекршочна одговорност, општите услови за утврдување на прекршочната одговорност, како и одговорните органи за изрекување на прекршочни санкции. • За прекршокот и прекршочната одговорност сообразно се применуваат одредбите од општиот дел на Кривишниот закон. Со тоа ако нешто не е определено со овој закон ќе бидат применети одредбите од Кривичниот закон.

  3. Мора да постои законитост во определувањето на прекршоците и во пропишувањето на прекршочните санкции.Тоа знаци дека никому не може да му биде изречена прекршочна санкција за дело за кое пред да биде сторено не било определено со закон како прекршок и за кое не била пропишана санкција со закон. • Во однос на прекршочните санкции за сторен прекршок се изрекуваат следниве санкции: • 1)прекршочни санкции за полнолетни сторители • 2) прекршочни санкции за малолетни лица • 3) прекршочни санкции за правни лица • 4)посебни прекршочни мерки

  4. Прекршок е противправно дело кое со закон е определено како прекршок, чии обележја се определени со закон и за кое е определена прекршочна санкција. • Во однос на одговорноста на физичкото лице се смета дека е достатна небрежност,доколку со законот во кој е пропиша прекршокот не е определено дека ќе се казни само кога е сторен прекршокот со умисла. • Одговорност за сторен прекршок ќе сноси одговорното лице во правното лице или трговец поединец, ако до прекршок дошло поради негово дејствување или пропуштање на должен надзор.

  5. Се смета дека нема одговорност за обид за прекршок освен во слушаите определени со закон. • Нема одговорност за поттикнување или помагање на прекршок, освен во случаите определени со закон. • За прекршоци сторени од полонолетни сторители се предвидени следниве санкции 1) Глоба 2) Опомена 3) Престанок на важење на возачка дозвола

  6. 4) Забрана за управување со моторно возило 5) Забрана на вршење професија,должност или дејност 6) Протерување странец од земјата и 7) Задолжително лекување на алкохоличари и наркомани(лица со болести на зависности).

  7. Во однос на изрекувањето на санкциите глобата се пропишува и изрекува како главна санкција. • Опомена се изрекува наместо глоба кога се работи за полесен прекршок. • Забрана на вршење професија, должност или дејност се изрекува само кога на сторителот му е изречена глоба. • Престанок на важење на возачка дозвола, забрана за управување со моторно возило и протерување странец од земјата се изрекуваат заедно со глоба, опомена или како самостојни. • Задолжителното лекување на алкохоличари и наркомани се изрекува заедно со глоба или како самостојна санкција во случаите определени со закон.

  8. Глобата како санкција за физичките лица се состои во плаќање на определен паричен ознос кој не може да биде помал од 15 а поголем од 1000 евра. Глобата за одговорното лице во правното лице или службеното лице или трговец-поединец не може да биде помала од 50 евра а поголема од 2000евра. • Опомена може да се изрече доколку е сторен прекршок кој според околностите во кој истиот е сторен се смета за особено лесен. Исто така опомената може да се изрече и ако прекршокот се состои од неисполнување на пропишаната обврска, или со прекршокот е нанесена штета.

  9. Санцијата престанок на важење на возачка дозвола се изрекува доколку е сторен прекршок во безбедноста на сообраќајот со кој е предизвикаана опасност за настанување на теска последица и доколку е поднесен доказ дека сторителот направил 100 негативни поени во јавниот сообраќај. • Сторителот на прекршокот не може да се стекне со правото да управува со моторното возило од категоријата со која го сторил прекршокот за кој му е одземена возачката дозвола пред истекот на една година од денот на престанок на важењето на возачката дозвола.

  10. Забрана за управување на моторно возило се изрекува за прекршок против безбедноста во јавниот сообраќај, со кој е предизвикана опасност за настанување на тешка последица, односно со дејствието настане штетна последица во траење од 30 дена до 1 година. • Забрана за вршење професија, дејност или должност се изрекува за временски период кој не може да биде пократок од 1 а подолго од 5 години. • Протерување на странец од земјата може да се изрече на лице кое не е државјанин на Република Македонија кога ќе оцени дека поради природата на прекршокот, побудите на сторителот и околностите под кој е сторен прекршокот укажуваат дека истиот е непожелен во земјата. Ваквата санкција може да трае од 1 до 10 години.

  11. На сторител на прекршок поради зависност од постојана употреба на алкохолни пијалоци, дроги и груги психотропни супстанци кога постои опасност поради оваа зависност и натаму да врши прекршоци судот може да изрече задолжително лекување на алкохоличари и наркомани. • Спрема малолетник кој во времето на извршување на прекршокот нема наполнето 14 години не може да се примеат прекршочни санции. • На поллад малолетник може да му се изречат само воспитни мерки, а на постар малолетник може да му се изрече воспитна мерка а по исклучок глоба.

  12. На малолетни лица сторутели на прекршок може да се изречат следниве воспитни мерки: • А) дисциплински укор или упшатување во дисциплински центар за малолетници • Б) мерки на засилен надзор од страна на родителите, посвоителот или старателот или од страна на социјален орган • На постар малолетник може да му се изрече по исклучок глоба ако во времето на извршувањето на прекршокот можел да го разбере значењето на прекршокот, ако постојат други услови за одговорност за прекршок според одредбите на овој закон и ако има сопствен приход или имот.

  13. ПРЕКРШОЧНИ САНКЦИИ НА ПРАВНО ЛИЦЕ Видови прекршочни санкции на правни лица • За прекршоци на правни лица може да се изречат следниве санкции: • 1) глоба и • 2) привремена забрана за вршење одделна дејност. • Глобата се изрекува во износ кој не може да биде помал од 200 евра во денарска противвредност, ниту поголем од 5.000 евра во денарска противвредност. • Со законот со кој се пропишува прекршокот може да се пропише и повисока глоба од определената во ставовите (2) и (3).

  14. Со законот со кој се пропишува прекршокот за изрекување глоба на самото место може да се пропише износ кој не може да биде поголем од 1.000 евра во денарска противвредност. • Во одлуката со која на правното лице се изрекува санкција привремена забрана на вршење одделна дејност, се наведува дејноста чие вршење му се забранува на правното лице. • Санкцијата привремена забрана на вршење одделна дејност на правно лице, може да се изрече ако постои опасност со вршењето на таква дејност правното лице да изврши повторно прекршок опасен за животот или здравјето на луѓето или прекршок со кој може да се нанесе имотна штета на друго правно лице или на граѓани, или ако на правното лице во последните две години му е изречена прекршочна санкција поради ист или сличен прекршок.

  15. Со законот со кој се пропишува прекршокот, може да се пропише задолжително изрекување на санкција забрана на вршење одделна дејност на правно лице. • Судот го определува траењето на санкцијата од ставот (6), кое не може да биде пократко од шест месеца ниту подолго од пет години, сметајќи од денот на правосилноста на одлуката. • Прекршочниот орган санкцијата од ставот (6), може да ја изрече во траење од најмалку три дена до најмногу 30 дена. • Санкцијата привремена забрана за вршење на дејност не може да се изрече на правно лице основано со закон или политичка партија.

  16. Одмерување на санкцијата • При одмерување на санкцијата ќе се земе предвид билансот на состојбите и билансот на успехот на правното лице, висината на причинетата штета или прибавената корист, видот на дејноста и природата и тежината на извршениот прекршок. • Ако судот, односно прекршочниот орган утврди глоба за два или повеќе прекршоци во стек, единствената глоба претставува збир на поединечно утврдените глоби, која не може да го надмине законскиот максимум на глобата пропишана за правното лице.

  17. ПОСЕБНИ ПРЕКРШОЧНИ МЕРКИКонфискација на имот и имотна корист и одземање на предмети • За конфискуван имот и имотна корист прибавена со прекршок на физичко лице соодветно се применуваат одредбите за конфискација на имот и имотна корист и одземање на предмети од членовите 97 до 100-а на Кривичниот законик. • За конфискуван имот и имотна корист прибавена со прекршок на правно лице соодветно се применува одредбата за видови казни на правно лице од членот 96-а на Кривичниот законик. • За одземање предмети соодветно се применува одредбата од услови за одземање на предмети од членот 100-а на Кривичниот законик.

  18. Прекршочен орган од посебните прекршочни мерки може да примени само мерка одземање на предмети. • Доколку прекршочниот орган смета дека за одреден прекршок треб да се изречат мерките конфискација на имот и имотна корист ќе поднесе барање за поведување прекршочна постапка пред суд.

  19. ЗАСТАРЕНОСТЗастареност на поведување и водење на прекршочната постапка • Прекршочната постапка не може да се поведе ниту да се води ако помине една година од денот кога е сторен прекршокот. • Застарувањето на прекршочното гонење започнува од денот кога е сторен прекршокот. • Застарувањето не тече за времето за кое според законот гонење не може да започне или да продолжи. • Застарувањето се прекинува со секое процесно дејствие што се презема заради гонење на сторителот на прекршокот. • Застарувањето се прекинува и кога сторителот во времето додека тече рокот на застареноста стори, исто така, тежок или потежок прекршок.

  20. По секој прекин застарувањето започнува повторно да тече. • Застареност на прекршочното гонење настанува во секој случај кога ќе измине двапати онолку време колку што според закон се бара за застареност на прекршочното гонење. • Со закон со кој се пропишува прекршок, може за одделни прекршоци да се определат рокови на застареност подолги од роковите од ставот (1) на овој член, но не подолги од пет години.

  21. Застареност на извршувањето на прекршочните санкции • Изречената прекршочна санкција не може да се изврши ако од денот на правосилноста на одлуката за прекршокот помине една година. • Застарувањето на извршување на прекршочната санкција започнува да тече од денот кога одлуката за прекршокот станала правосилна. • Застарувањето не тече за времето за кое извршувањето не може да се преземе според закон. • Застарувањето се прекинува со секое дејствие на надлежниот орган што се презема заради извршување на прекршочната санкција.

  22. По секој прекин застарувањето почнува повторно да тече. • Застареност на прекршочната санкција настанува во секој случај кога ќе измине двапати онолку време колку што според закон се бара за застареност на извршувањето. • Со закон со кој се пропишува прекршокот, може за одделни санкции да се определат рокови на застареност на извршување подолги од роковите од ставот (1), но не подолги од две години.

  23. ЕВИДЕНЦИЈА НА ПРЕКРШОЧНИ САНКЦИИ Водење на евиденција на прекршочни санкции • Евиденцијата на прекршочни санкции се води само за изречени санкции што се состојат во забрани, и тоа: забрана на управување со моторно возило и забрана на вршење професија, дејност или должност, протерување странец од земјата и привремена забрана за вршење одделна дејност. • Евиденцијата на прекршочните санкции ја води првостепениот суд според местото на раѓање на сторителот на прекршокот, односно седиштето на правното лице.

  24. За лицата родени во странство или за оние чие место на раѓање е непознато, како и за странските правни лица, казнената евиденција ја води судот определен со закон. • Податоци од евиденцијата на прекршочните санкции, судот дава само по образложено барање од други државни органи, правни или физички лица кои имаат правен интерес ако се уште траат мерките на забрана. • По истекот на времето за кое се изречени санкциите се бришат од евиденцијата на прекршочните санкции

  25. ПОСТАПКА ЗА ПОРАМНУВАЊЕ И ПОСРЕДУВАЊЕ Цел на постапката за порамнување и посредување • Целта на постапката за порамнување и посредување е постигнување на согласност на сторителите на прекршоци и надлежните органи за отстранување на штетните последици на сторениот прекршок и спречување на повторно вршење на прекршоци и поради тоа избегнување на водење прекршочна постапка пред надлежниот суд, односно прекршочен орган.

  26. Дејствија во постапката за порамнување • Кога овластениот орган за поведување на прекршочна постапка ќе констатира прекршок составува записник во кој ги забележува битните елементи на дејствието од кое произлегува правното обележје на прекршокот, времето, местото и начинот на сторувањето на прекршокот, описот на дејствието и лицата затекнати на самото место. Записникот го потпишува овластено службено лице и сторителот. • Доколку во постапката на сторителот му бил даден платен налог, тоа ќе се забележи во записникот.

  27. Мандатна постапка • Кога службеното лице ќе утврди дека е сторен прекршок, на сторителот на прекршокот ќе му врачи покана за плаќање на глоба, во рок од осум дена од денот на врачувањето на поканата НЕГАТИВНИ ПОЕНИ • Во сообраќајните и други прекршоци за кои со закон е предвидено овластување на надлежниот орган во случај на сторување на прекршок да ги регистрира негативните бодови определени со закон, надлежниот орган најпрво е овластен да му предложи на сторителот на прекршокот да ја плати предвидената глоба или да ги регистрира негативните бодови во соодветна исправа определена со закон.

  28. Постапка на посредување • За одделни прекршоци кога е тоа определено со закон, органот што е надлежен за поведување на постапка, ќе му предложи на сторителот на прекршокот постапка на посредување и постигнување согласност со која сторителот на прекршокот треба да ја плати глобата, другите давачки или да ги отстрани последиците на прекршокот. • Службеното лице составува записник во кој се констатира согласноста на двете страни на кои се потпишува и сторителот на прекршокот.

  29. Постапка на посредување со малолетни сторители на прекршоци • Ако сторителот на прекршокот е малолетник, органот надлежен за покренување на постапката ќе ги оцени сите околности што влијаеле на сторување на прекршокот и може да не покрене постапка. • Надлежниот орган може усно да го опомене малолетникот во присуство на родител, односно старател и да го извести Центарот за социјални работи. • Надлежниот орган за покренување на постапка може да се договори со семејството на малолетникот за отстранување на последиците од прекршокот во определен рок, кој не може да биде подолг од 30 дена, а спротивно ќе биде покрената прекршочна постапка.

  30. ПРЕКРШОЧНА ПОСТАПКА Надлежност за прекршок • Прекршочна постапка може да води и прекршочна санкција може да изрече само надлежен суд. • За одделни прекршоци определени со закон прекршочна постапка може да води и прекршочна санкција може да изрече орган на државната управа или организација и друг орган што врши јавни овластувања на надзор над спроведување на законите со кои се пропишани прекршоците.

  31. Надлежност на прекршочен орган • Прекршочен орган води прекршочна постапка кога со закон е пропишана исклучива надлежност за негово постапување. • По исклучок од ставот (1), прекршочниот орган е надлежен да постапува по сите прекршоци: • - за кои е пропишана санкција глоба во точно одреден износ, • - за кои е пропишана санкција за физичко лице глоба до 500 евра во денарска противвредност, • - за кои е пропишана санкција за правно лице глоба до 1.000 евра во денарска противвредност и • - за кои е пропишано изрекување на глоба на самото место.

  32. Судир на надлежност • За судир на надлежност меѓу судовите и прекршочните органи одлучува судот надлежен за одлучување по управен спор. Имунитет • Прекршочна постапка нема да се води против лице кое ужива дипломатски имунитет. Одлука • За прекршок и за изрекување на прекршочна санкција одлучуваат судот, односно прекршочниот орган со одлука, против која се дозволени правни средства утврдени со овој закон. Трошоци на постапката • Трошоци на постапката се издатоци кои ќе настанат во прекршочната постапка или поради неа и издатоци што ќе настанат во врска со обезбедувањето на потребни докази и чување на запленети и одземени предмети пред поведување на постапката.

  33. ПРЕКРШОЧНА ПОСТАПКА ПРЕД ПРЕКРШОЧЕН ОРГАН Овластување за водење постапка • Постапката пред прекршочниот орган ја води комисија за одлучување по прекршок утврдена со закон или друг пропис. • Членови на комисијата од ставот (1), се овластени службени лица со соодветен степен на стручна подготовка и потребно работно искуство, од кои најмалку еден од членовите е дипломиран правник со положен правосуден испит.

  34. Поведување на прекршочна постапка • Прекршочниот орган поведува прекршочна постапка по службена должност, по барање од овластено службено лице или по барање од овластениот орган од членот 80 на овој закон и оштетениот ( подносител на барањето). • Барањето се поднесува до надлежниот прекршочен орган. Ако барањето било поднесено до друг орган, тој веднаш ќе го отстапи до надлежниот прекршочен орган и за тоа ќе го извести подносителот на барањето

  35. Итна постапка • По прекршоците се одлучува во итна постапка, освен во случаите кога со закон поинаку е определено. • Итна постапка не е допуштена: • - ако со прекршокот настанала телесна повреда, • - ако со прекршокот, покрај глобата е пропишана и санкција забрана на управување со моторно возило, забрана на вршење професија, дејност или должност или привремена забрана за вршење одделна дејност, • - ако е потребно да се одлучи за имотно-правно побарување и • - во други случаи утврдени со закон.

  36. Постапка пред прекршочен орган • Прекршочниот орган по службена должност без одлагање ќе ги прибави доказите и ќе ја утврди фактичката состојба потребни за одлучување по прекршокот. • Прекршочниот орган пред донесувањето на одлуката за прекршок, писмено ќе го извести сторителот и ќе го поучи дека во рок од три дена може писмено да се изјасни за фактите и доказите.

  37. Опомена • Прекршочниот орган наместо изрекување на глоба на сторителот на полесен прекршок може да му изрече опомена, врз основа на членот 19 од овој закон. • Прекршочниот орган може да води евиденција за изречените опомени.

  38. СУДСКА ЗАШТИТАПраво на поведување управен спор • Против одлуката за прекршок што ја донел прекршочниот орган може да се поднесе тужба за поведување управен спор. Тужба може да поднесе лицето (физичко или правно) на кого му била изречена санкцијата, неговиот законски застапник, односно бранителот, оштетениот и неговиот застапник и сопственикот на одземените предмети во прекршочна постапка. • Тужбата од ставот (1), го одлага извршувањето на одлуката за плаќање на глобата, освен ако изречената глоба со одлуката и трошоците на постапката вкупно не надминуваат за физичко лице 100 евра во денарска противвредност, за одговорно лице во правно лице, службено лице или за трговец поединец 500 евра во денарска противвредност и за правно лице 1.000 евра во денарска противвредност.

  39. СУДСКА ПОСТАПКА ОПШТИ ОДРЕДБИ Стварна надлежност • Прекршочната постапка во суд во прв степен ја води судија поединец во основниот суд, а постапката по правни лекови совет од тројца судии. ОБВИНЕТ И НЕГОВО ПРАВО НА ОДБРАНА Обвинет • Обвинет е физичко или правно лице против кое се води прекршочна постапка. • Ако за прекршок е обвинето правно лице и одговорно лице во правното лице се спроведува единствена постапка.

  40. Застапување на правно лице • За обвинетото правно лице во прекршочната постапка учествува неговиот застапник, овластен да ги преземе сите дејствија што може да ги преземе обвинетиот согласно со овој закон. • Застапник на обвинетото правно лице е лице кое е овластено да го застапува правното лице врз основа на закон или друг пропис на надлежен државен орган, статут или друг општ акт на правното лице. Застапување на странско правно лице • Странското правно лице го застапува раководителот на подружницата, односно на претставништвото или друго лице овластено од странското правно лице.

  41. Ограничување на застапувањето • Застапник на обвинетото правно лице, не може да биде одговорното лице во правното лице против кое се води прекршочна постапка за ист прекршок. • Застапник на правното лице не може да биде лице кое е сведок во истата работа. • Во случаите од ставовите (1) и (2), судот е должен да го извести правното лице заради определување на друг застапник. • За странско правно лице известувањето од ставот на овој член се доставува до подружницата, односно до претставништвото на странското правно лице.

  42. OTPOVIKUVAWE NA POLNOMOШNONA BRANITELOT • OBVINETIOT KOJ ЌE PRIMI UREDNA POKANA ZA RASPIT, MO@E DA GO OTPOVIKA POLNOMOШNOTO NA SVOJOT BRANITEL NAJDOCNA VO ROK OD TRI DENA PRED PO^ETOKOT NA RO^IШTETO; • OTKA@UVAWE NA POLNOMOШNO OD STRANA NA BRANITEL • BRANITELOT MO@E DA GO OTKA@E POLNOMOШNOTO NA OBVINETIOT NAJDOCNA VO ROK OD TRI DENA PRED PO^ETOKOT NA RO^IШTETO, A ZA TOA DA GO IZVESTI SUDOT ILI E DOL@EN DA OBEZBEDI DA PRISUSTVUVA DRUG BRANITEL NA RO^IШTETO

  43. BARAWE ZA PREKRШO^NA POSTAPKA • Prekrшo~natapostapka se poveduvapobaraweodovlasteniot organ i oшteteniot (podnositelnabaraweto); • Ovlasteniorgani se organitenadr`avnatauprava, javnioobvinitel, organitenal.s., шto vrшat javniovlastuvawavo ~ijanadle`nost spaѓa neposrednotoizvrшuvaweilinadzornadizvrшuvawetonazakonitevokoi se predvideniprekrшoci; • Barawetozapoveduvawenaprekrшo~napostapkasekogaшkogapostoiosnovanosomnevawedeka e storenprekrшok;

  44. Akosudotutvrdideka ne postojatuslovizapoveduvawenaprekrшoчnapostapka, barawetoќe go otfrli so reшenie • Vo sluчajsudot ne donese reшeniezaotfrlawenabaraweto, sudot e dolжen dazakaжe roчiшteizatoada go izvestiobvinetiot; • Vo pokanatazaispituvawenaobvinetiot, sudotќe mu ukaжe naobvinetiotdekaakojaplatiglobatailiako se vodipostapkazaporamnuvaweiposreduvawe, ќe bide donesenaodlukazazapirawenapostapkata. Akoglobata ne e fiksnoopredelena, sudotjautvrduvaglobatavominimaleniznosutvrden so zakonzgolemenzaednadesetina. • Protivodlukataodstavot (1) na^lenot 86, strankatanemapravona @alba

  45. MERKI [TO MO@AT DA SE PREZEMAT SPREMA OBVINETIOT ZARADI OBEZBEDUVAWE PRISUSTVO I ZA VODEWE NA PREKR[O^NA POSTAPKA SE: • POVIKUVAWE; • PRIVEDUVAWE; • ZADR@UVAWE; • GARANCIJA I PRIVREMENO ODZEMAWE NA PATNA ISPRAVA NA STRANEC; • ZADR@UVAWE STRANEC VO PRIFАTEN CENTAR.

  46. DOKA@UVAWE NA PREKR[OK • PRIZNAVAWE NA PREKR[ОК • AKO OBVINETIOT GO PRIZNAE STORUVAWETO NA PREKR[OKOT I PRIZNANIETO E JASNO I CELOSNO NA SUDOT NE MU E POTREBNO DA SOBIRA I DRUG DOKAZI; • SOSLU[UVAWE NA SVEDOCI • SVEDOKOT ]E BIDE SOSLU[AN OD STRANA NA SUDOT PRED KOJ SE VODI PREKR[O^NA POSTAPKA, OSVEN AKO SVEDOKOT NE @IVEE NA NEGOVOTO PODRA^JE. VO OVOJ SLU^AJ SOSLU[UVAWETO ]E GO IZVR[I SUDOT NA ^IE PODRA^JE SVEDOKOT @IVEE.

  47. Sudot so re{enie }e japrekinepostapkata, ako: • Ne mo`eda se utvrdi `iveali{teto, odnosnoprestojuvali{tetonaobvinetiotiliako e vobegstvo, iliodkoibilopri~ini ne e dostapennadr`avniteorganiili se nao|ananeodredenovremevostranstvo • Kajobvinetiotnastapilaprivremena du{evnabolestilirastrojstvo; • Zaistotodelo e pokrenatakrivi~napostapka do zavr{uvawetonakrivi~natapostapka; • Prekinatatapostapka }e prodol`ikoga }e prestanatpri~initezatoa; • Zaprekinotiprodol`uvawetonapostapkata }e se izvestipodnositelotnabaraweto;

  48. TEK NA POSTAPKATA • SKRATENA POSTAPKA SE VODI KOGA: • VO BARAWETO ZA POVEDUVAWE NA PREKR[O^NA POSTAPKA SE SODR@ANI SITE FAKTI I DOKAZI VRZ OSNOVA NA KOI SUDOT MO@E DA ODLU^I BEZ PRISUSTVO NA STRANKA; • BARAWETO ZA POVEDUVAWE NA POSTAPKATA SE ZASNOVA NA JAVNI ISPRAVI IZDADENI OD NADLE@NI DR@AVNI ORGANI И • STORITELOT E ZATE^EN PRI IZVR[UVAWETO NA PREKR[OKOT OD STRANA NA OVLASTENO SLU@BENO LICE. • VO SKRATENA POSTAPKA SUDOT ODLU^UVA BEZ ISPITUVAWE NA OBVINETIOT KOGA E UREDNO POVIKAN, A NEMA DA SE JAVI

  49. ZARADI BRZINA NA POSTAPKATA SUDOT OBEZBEDUVA POSTOJANO RABOTA VO TEKOT NA 24 ^ASA; • DOKOLKU OBVINETIOT SE JAVI NA ISPITUVAWE ZARADI PROVERKA NA NAVODITE VO PODNESENOTO BARAWE ZA POVEDUVAWE NA PREKR[O^NA POSTAPKA, SUDOT MO@E DA POVIKA I NA ZAPISNIK DA SOSLU[A SVEDOCI ILI VE[TACI; • SUDOT [TO JA VODI PREKR[O^NATA POSTAPKA ]E OPREDELI USTEN PRETRES, AKO TOA E POTREBNO ZA RAZJASNUVAWE NA FAKTI^KATA SOSTOJBA; • NA PRETRESOT SE POVIKUVAAT OBVINETIOT, NEGOVIOT BRANITEL, SVEDOKOT I PO POTREBA I VE[TAKOT. AKO OBVINETIOT E PRAVNO LICE NA PRETRESOT SE POVIKUVA NEGOVIOT ZASTAPNIK

  50. PRETRESOT ZAPO^NUVA SO OBJAVUVAWE NA GLAVNATA SODR@INA NA BARAWETO, A POTOA SE PRISTAPUVA KON ISPITUVAWE NA OBVINETIOT; • PODNOSITELOT NA BARAWETO, OBVINETIOT I NEGOVIOT BRANITEL I ZASTAPNIKOT NA PRAVNOTO LICE, KAKO I O[TETENIOT, IMAAT PRAVO VO TEKOT NA PRETRESOT DA PREDLAGAAT DOKAZI I DA STAVAAT DRUGI PREDLOZI, A PO ODOBRENIE NA SUDIJATA [TO JA VODI PREKR[O^NATA POSTAPKA MO@AT DA IM POSTAVUVAAT PRA[AWA NA LICATA KOI SE SOSLU[UVAAT; • SEKOGA[ NA PRETRESOT POSLEDEN ZBOR IMA OBVINETIOT, ODNOSNO ZASTAPNIKOT NA OBVINETOTO PRAVNO LICE;

More Related