1 / 62

ФИТОТЕРАПЕВТСКИ ПРИСТАП ВО ТРЕТМАНОТ НА РЕСПИРАТОРНИ ЗАБОЛУВАЊА

ФИТОТЕРАПЕВТСКИ ПРИСТАП ВО ТРЕТМАНОТ НА РЕСПИРАТОРНИ ЗАБОЛУВАЊА. Проф. д-р Светлана Кулеванова Институт за фармакогнозија Фармацевтски факултет, УКИМ, Скопје. Респираторен систем.

lucius
Download Presentation

ФИТОТЕРАПЕВТСКИ ПРИСТАП ВО ТРЕТМАНОТ НА РЕСПИРАТОРНИ ЗАБОЛУВАЊА

An Image/Link below is provided (as is) to download presentation Download Policy: Content on the Website is provided to you AS IS for your information and personal use and may not be sold / licensed / shared on other websites without getting consent from its author. Content is provided to you AS IS for your information and personal use only. Download presentation by click this link. While downloading, if for some reason you are not able to download a presentation, the publisher may have deleted the file from their server. During download, if you can't get a presentation, the file might be deleted by the publisher.

E N D

Presentation Transcript


  1. ФИТОТЕРАПЕВТСКИ ПРИСТАП ВО ТРЕТМАНОТ НА РЕСПИРАТОРНИ ЗАБОЛУВАЊА Проф. д-р Светлана Кулеванова Институт за фармакогнозија Фармацевтски факултет, УКИМ, Скопје

  2. Респираторен систем • Основната функција на респираторниот систем е дишење со кое се испорачува кислород во крвта, а се отстранува јаглерод диоксид. • Анатомски респираторен систем се состои од: нос, фаринкс, ларинкс, трахеа, бронхии и бели дробови. • Поделба -горен респираторен тракт -долен респираторен тракт

  3. ФИТОТЕРАПЕВТСКИ ПРИСТАП • Третман на: • Воспалителни катарални состојби на горните делови на респираторната мукоза (настинка, ринитис, синузитис, воспаление на средното уво), • Акутни бронхиални и трахеални инфекции, • Алергиски ринитис. • Менaџмент на: • Хронични обструктивни белодробни болести • (хроничен бронхитис, емфизем), • Астма, • Хроничен трахеитис, • Кашлање предизвикано од постојани локални иританти.

  4. ФИТПТЕРАПЕВТСКИ ПРИСТАП (2) • Martindale’s Extra Pharmacopoeia: • “Во фитотерапевтскиот третман на заболувања на респираторниот тракт постојат големи разлики помеѓу традиционалниот и модерниот пристап” • Традаиционален/модерен пристап • Традиционална стратегија: • - поткрепување и тонизирање, • - потпомагањe нa одбрамбениот систем. • Модерна стратегија: • контролирање на симптомите и • отстранување на причинителите.

  5. Хербални производи во третманот на респираторните заболувања: • Топични агенси (надворешна администрација): • Апликации во грло, • Инхалации. • Стимулирачки (рефлексни) експекторанси, • Експекторансни растенија кои содржат етерични масла, • Муколитици, • Респираторни демулценти, • Респираторни спазмолитици, • Антикатар растенија, • Антитусици, • Мултинаменски препарати.

  6. Топични агенси • 1. Апликации во грло • Заден дел од усната празнина и ждрелото: • Ринитис, синузитис, отитис. • Намалување на иритација: • Површински антиинфламатори, • Адстригенси. • Rubus • Hamamelis

  7. Топични агенси (2) • 1. Апликации во грло • Локални антисептици. • Calendula, Salvia, Thymus, прополис • Thymus • Calendula • Propolis • Salvia

  8. Топични агенси (3) • 2. Инхалации • Вдишување на пареа од хербални инфузи (попароци): • деконгестија • хумидификација • Растенија со етерични масла: • Антиинфламаторно. • Chamomilla • Chamomilla

  9. Pinus • Топични агенси (4) • 2. Инхалации • Антимикробно. • Pinus, Picea, Mentha, Melaleuca, Thymus • Picea • Mellaleuca • Mentha

  10. Експекторанси • Дефиниција: • Оксфордски речник:средства што го потпомагаат исфрлањето на шлајм со кашлање или плукање! • Bruton (1885):лекови кои го олеснуваат отстранување на секретите од дишните патишта. • - Експеторанските се агенси што го промовираат исфрлањето ексу- • дати преку кашлање или плукање (Оxford Dictionary); • - Експекторансите се фармаколошки супстанци што го зголемуваат • исфрлањето на течностите од респираторниот тракт (Boyd, 1954); • - Експекторансите се агенси што ја зголемуваат секрецијата од рес- • пираторниот тракт и ја редуцираат вискозноста на мукусот чија ак- • тивност всушност е благотворна (Lewis, 1960); • - Експекторансите се лекови што го олеснуваат исфрлањето на сек- • ретите од воздушните каналчиња (Brunton, 1885).[2] • Какви експекторанси? • Стимулирачки (рефлексни) експекторанси, • Директни, експекторансни растенија што содржат етерични масла.

  11. А. Стимулирачки (рефлексни) експекторанси • Предизвикуваaт зголема мукоцилиарна активност. • (рефлексна стимулација на горниот дигестивен ѕид) Cappaso, 2003

  12. А. Стимулирачки (рефлексни) експекторанси (2) • Индикации: • Кашлица пропратена со бронхијална конгестија, • Бронхитис, емфизем. • Контраиндикации : • Гастрична иритација, • При состојби на диспепсија. • Сува и иритирана состојба на белите дробови: • при астма, • кај мали деца, • Апликација: • Инфузи, тинктури, течни екстракти (пред јадење), • Долгорочна терапија при хронични состојби.

  13. А. Стимулирачки (рефлексни) експекторанси (3) • Еметици (искашлување како пропратен ефект). • Cephalisipecacuanha, Lobelia inflata, Uriginea • Cephalis • Lobelia • Uriginea

  14. А. Стимулирачки (рефлексни) експекторанси (4) • Растенија со сапонини. • Primula, Bellis, Saponaria, Polygala • Primula • Bellis • Saponaria • Polygala

  15. Табела 1. Растенија што се користат како стимулирачки (рефлексни) експекторанси

  16. В. Експекторансни растенија што содржат етерични масла: • Ресорпција во ГИТ, а делумна елиминација преку респираторниот тракт. • Издишаните молекули од етерично масло: • Зголеменасерозна бронхијална секреција, • Супресија на жлездените клетки на мукозата, • Сурфактантен ефект (го намалуваат површинскиот напон), • Ја подобруваат мукоцилиарната активност. Поради тоа што активнитев компоненти доаѓаат во директен контакт со бронхијалните слузници и директни ги стимулираат бронхијалните жлезди, се нарекуваат директни експекторанси!

  17. В. Експекторансни растенија што содржат етерични масла (2) Cappaso, 2003

  18. В. Експекторансни растенија што содржат етерични масла (3) • Индикации: • Кашлица придружена со бронхијална конгестија, • Бронхитис, емфизем. • Контраиндикации: • За Eucaliptus: продолжена употреба–миопатија, • Алергиски реакции. • Апликација: • Инфузи, тинктури, течни екстракти (пред јадење), • Долгорочна терапија при хронични состојби.

  19. В. Експекторансни растенија што содржат етерични масла: (4) • Растенија со етерични масла • Pimpinella, Eucalyptus, Pinus, Picea, Ilicium, Thymus • Pimpinela • Eucaliptus • Illicium

  20. Табела 2. Експекторансни растенија штo содржат етерични масла

  21. Муколитици • ја зголемуваат мукоцилиарна активноство долниот тракт, • (рефлексна стимулација на горниот дигестивен ѕид) • ја намалуваат вискозноста на мукусот и го омекнуваат секретот, • (хемиски ја менуваат структурата на мукополисахаридните во секретот) • го ублажуваат воспалението на мукозната мембрана. • Индикации: • Продуктивна кашлица придружена со настинка, • Бронхитис, емфизем, • Состојби на катар. • Контраиндикации: • Гастроезофагијален рефлукс.

  22. Муколитици (2) • Pimpinelaanisum, Foeniculum,Cinamommum, Zingiber, Alliumsativum, Angelica archangelica • Pimpinela • Foeniculum • Cinamommum • Angelica • Allium • Zingiber

  23. Респираторни демулценти • Делуваат омекнувачки и антиинфланматорно на долниот дел од респираторниот тракт и ја зголемуваат мукоцилиарната активност. • (наспроти стимулирачките експекторанси кои дејствуваат рефлексно на горниот дел на фаринксот). • Индикации: • Сува, непродуктивна, иритирачка кашлица, • Кашлица кај деца. • Контраиндикации: • Катар и конгестија на мукозата. • Апликација: • Ладни водени мацерати или инфузи (пред јадење), • Долгорочна терапија-добро прифатена од пациентите.

  24. Респираторни демулценти (2) • Althea • Tussilago • Plantago • Glycyrrhiza • Verbascum

  25. Табела 3. Растенија со слузи кои се користат во третман на кашлица и бронхитис

  26. Респираторни спазмолитици • Ги релаксираат бронхиолите во белите дробови • - парасимпатолитично дејство (блокада на мускаринските рецептори и намалена холинергична активност, поради што се потенцира адренергичната активност). • Индикации: • Сува, непродуктивна, загушлива кашлица, • Астматични симптоми. • Контраиндикации: • За растенијата од Solanaceae: глауком, интестинална атонија и обструкција, ретенција на урина, • За Ephedra: апептични нарушувања, глауком. • Апликација: • Во било кое време на денот, по потреба за непосреден ефект, • Долгорочна терапија-не за растенијата од Solanaceaeи Ephedra.

  27. Респираторни спазмолитици (2) • Ephedra, Datura, Atropa, Solanumdulcamara, Hyssopus, Thymus, Lobelia, Marrubium, Glycyrrhiza, Inula • Ephedra • Datura • Atropa • Solanum • Marrubium • Glycyrrhiza • Hyssopus • Inula • Thymus • Lobelia

  28. Анти-катар растенија • Катаревоспаление на мукозната мембрана и зголемување на течната содржина во респираторниот тракт. • Непознат механизам на дејство. • Индикации: • Состојби на катар, особено во горниот респираторен тракт, • Синузитис, • Отитис медиа. • Алергичен ринитис. • Контраиндикации: • генерално безбедни дроги. • Апликација: • Најдобро пред јадење, • Прифатлива толеранција кон долгорочна терапија.

  29. Анти-катар растенија (2) • Euphrasia, Plantago, Sambucusnigra, Nepeta, Solidagovirgaurea, Verbascum • Plantago • Euphrasia • Sambucus nigra • Solidago virgaurea • Nepetha • Verbascum

  30. Фитотерапија на респираторни заболувања • Алергиски и неалергиски ринитис • Настинка и грип • Акутен и хроничен синузитис • Хроничен тонзилитис и црвено грло • Запаление на средното уво (otitis media) • Акутен бронхитис • Голема кашлица (pertusis) • Хроничен бронхит и емфизем

  31. Ринитис • Ринитисот претставува инфламација на мукозната мембрана на носот. Во однос на причинителите ринитисот се категоризира во две групи: А) алергиски ринитис • сезонски • траен Б) неалергиски ринитис • вазомоторен • густаторен • неалергиски ринитис со синдром на • назална еозинофилија • Симптоми • назална конгестија • кивање • икање • затнатост и течење на носот • слевање на секретот од носот во грлото

  32. Ринитис (2) • Третман • третманот на сезонски алергиски ринитис треба да започне шест недели пред сезоната и да продолжи во текот на цела сезона. • стресот може да го влоши ринитисот и треба да се третира со тонични растенија, смирувачки тоници, дроги со седативно дејство и адаптогени, • третманот на ринитис во поодмината фаза може да вклучи и употреба на депуративи,лимфатици како Phytolacca и холеретици, • имуностимулирачки растенија како Echinacea, посебно во случаи како алергиски ринитис, • антиалергени растенија како Albizzia (само кај алергиски ринитис), • анти-инфламаторнирастенија за двата видови на ринитис (Euphrasia, HydrastisиPlantagolanecolata).

  33. Ринитис (3) • Melaleuca spp. (M.viridiflora) – ниаули Хемиски состав: маслото ниаули содржи цинеол (= еукалиптол) (50-69%) и терпинеол(15%). Други поважни копоненти се неролидол и линалол. • Дејство и употреба: ниаули маслото е антисептик. Влегува во состав на комерцијални препарати што се користат за третман на ринитис и бронхијални инфекции. Препаратите кои што содржат масло се користат како мешавини за инхалации и наменети се само за носните патишта. Hydrastis canadensis– канадска жолтика • Хемиски состав: содржи протоберберински алкалоиди, хлорогенска киселина, јаглехидрати, масни киселини и др. • Дејство и употреба: се користи во облик на капки за очи за хиперемија на конјуктивата при појава на сезонски алергиски реакции.

  34. Petasites hybridus – лопух Хемиски состав: содржи сесквитерпени (петасин и изопетасин), испарливи масла и пиролизидински алкалоиди. • Петасин Изопетасин Дејство и употреба: • антиспазмодична и антиинфламаторна активност. За разлика од антихистаминиците предизвикува помалку седативни ефекти. Клиничка ефикасност – традиционално се користи за третман на респираторни заболувања, особено за кашлица, голема кашлица и бронхијална астма. –Имаклиничка потврда за ефикасноста во лекувањето на алергиски ринитис во случаи кога седативните ефекти на антихистаминиците треба да се избегнат.

  35. Petasites hybridus - лопух Несакани ефекти, контраиндикации – лопух е безбеден за употреба. Не се забележани несакани ефекти и нема објавени податоци за хронична токсичност, канцерогеност, имунотоксичност. – определен ризик се пиролизидинските алкалоиди. Екстрактите што се комерцијално достапни се со одстранети алкалоиди. – со оглед на големата потрошувачка во призводство на фитопрепарати за третман на алергиски ринитис, астма и мигрена, се култивира на големи површини, и тоа сорти од Petasites кои што не создаваат пиролизидински алкалоиди. Препарати, дози – екстрактите од Petasites се стандардизирани на петасин и изопетасин. Во употреба се таблетите што содржат екстракт еквивалентно на 8 mg петасин (се зема по една таблета, четири пати на ден).

  36. Настинка • Настинката е вирусна инфекција на мембраните кои што го покриваат носот, синусите, грлото и дишните патишта. • Симптоми • Конгестија на главата и градите, можно е отежнато дишење, • Кивање, • Треска, • Течење на носот - слаб и бистар исцедок или густ и зелено-жолт, • Болки во грлото и главата, • Сува ноќна кашлица и продуктивна кашлица, • Суви очи или печење во очите, • Нејасно чувство на болка по целото тело, • Постојан замор.

  37. Настинка (2) • Третман А) Дијафоретици и лекови за затоплување при фебрилни состојби. • Tiliaeflosцвет од липа TiliacordataMill. иTiliaplatyphylosScop., Tiliaceae • Хемиски состав: дрогата содржи етерично масло, флавонски хетерозоиди и флавононски хетерозоид хесперидин, слузи, танини, каротеноиди и др. • Дејство и употреба: дрогата покажува дијафоретично, антимикробно, антиинфламаторно, и диуретичко дејство. Се користи при инфекции на горните дишни патишта, како средство за потење при настинка. • Sambuciflosцвет од бозел, Sambucusnigra L.,Caprifoliaceae • Двете дроги се користат во форма на традиционални препарати!

  38. Настинка (3) • Третман Б) Имуностимулативни природни препарати. • Echinaceaeherba(radix) херба (корен) од ехинацеа Echinacea spp. , Asteraceae • Хемиски состав: содржи големи количини на полисахариди, фенолни компоненти од кафена киселина (цинарин, посебно E.angustifolia )цикорија киселина (во изобилство во E.purpurea), ехинакозид(отсутни во E.purpurea ), пиролизидински алкалоиди (изотусилагин и тусилагин ) и алкиламиди. Други состојки се бетаин, масни киселини, фитостероли, смоли и испарливи масла. • Дејства: - имуностимулирачко • Употреба -настинка и грип • Andrographis paniculata L. , Acanthaceae • традиционални хербални лекови!

  39. Настинка (4) • Третман В) Антинфламаторни природни средства. • Sambuciflos– цвет од бозел Sambucusnigra, Caprifoliaceae • Хемиски состав: содржи главно хетерозиди на кверцетин и кемпферол, хетерозиди на фенолни киселини, траги од цијаногени хетерозиди (пруназин и самбунигрин), тритерпенски деривати и др. Во помали количини содржи етерично масло, слузи, танини, фитостероли и други компоненти. Community herbal monograph (HMPC/EMA). Комитетот за хербални лекови при Европската агенција за лекови во монографијата на дрогата цвет од бозел, предвидува употреба на дрогата само: • во производство на традиционални хербални лекови, • во форма на чаеви или во форма на тинктура или течен екстракт, • за орална употреба, • индикација: ослободување од раните симптоми на настинка.

  40. Акутен и хроничен синузитис • Синузитис е заболување на параназалните синуси. Може да биде предизвикано од различни патогени (вируси, бактерии, габи) и се јавува почесто во есен и зима. • Симптоми - синусна главоболка која зафаќа различни делови на главата, вклучувајќи ги лицето и забите - болки зад увото, вратот и врвот на главата, - карактеристично течење од носот, течно, обилно, обично со зелено-жолта боја. • Третман • ако синузитисот е од бактериско потекло се препорачуваат имуностимулирачки растенија како што се: Echinaceae, Andrographispaniculata, Picrorrhiza; • антиинфламаторни растенија (Euphrasia)и деконгестиви(Ephedra) за да ги прочистат носните канали, се препорачува и Hydrastiscanadensisкое има антимикробно и аниинфламаторнодејство, • слузни дроги како Allium sativum и Cochlearia armoracia (рен), • инхалации со дроги кои што содржат антимикробни и антиинфламаторни етерични масла.

  41. Акутен и хроничен синузитис (2) Синупрет Содржи растителна комбинација од пет растенија: • Sambucusnigra (Caprifoliaceae), • Primulaveris(Prumulaceae), • Rumexacetosa(Polygonaceae), • Verbena officinalis(Verbenaceae), • Gentianalutea(Gentianaceae). Се користи за третман на синузитис, и акутен и хроничен бронхитис. До 1998 година направени се 12 контролирани клинички испитувања, во четири од нив ефикасноста на синупретот е компарирана со плацебо, а во 8 други со референтни конвенционални лекови (амброксол, миртол, ацетилцистеин и бромхексин). Во сите плацебо контролирани студии синупретот се покажал значајно супериорен во споредба со плацебо, додека во двојно-слепите студии покажал иста или подобра ефикасност и толеранција во споредба со амброксол. Безбедноста на препаратот е добро поткрепена со токсиколошките студии направени од Марц и сор. во 1998 година и со податоците од долгогодишното искуството од употребата на препаратот.

  42. Отитис медиа • Отитис медиа е воспаление на средното уво. • Симптоми: - болка и гноен исцедок, - пореметување на слухот, - вртоглавица и покачена температура. • Третман • антиалергиски деконгестиви се растенија како што се Albizzia, Ephedra, Scutellaria baicalensis. • антиинфламаторни растенија како што се Euphrasia, Solidagovirgaurea, Hydrastis, Plantago lanceolata, Glechoma hederacea. • депуративи или лимфатични растенија како Phytolacca • имуностимулирачки растенија за подобрување на алергијата или инфекцијата, Echinacea, Astragalus.

  43. Голема (магарешка кашлица) (пертусис) • Магарешката кашлица е високо инфективно заболување предизвикано од Bordetella pertussis. • Третман • имуностимулирачки растенија Echinacea, Astragalus и • респираторни антисептици како Inula helenium, Thymus vulgaris, Allium sativum. • Drosera rotundifolia L.е специфично растение кое се користи за магарешка кашлица и има антиспазмодично, демулцентно и експекторантно дејство. • антитусични и слузни дроги за да го потиснат рефлексот на кашлање, доколку се појави повраќање третманот треба да продолжи со гастроинтестинални спазмолитици • респираторни спазмолитици кои имаат и експекторантно дејство. Такви се Grindelia, Inula helenium.

  44. Бронхијална астма • Се карактеризира со тешкотии во дишењето предизвикани од бронхоспазам и диспнеа. • Клиничките карактеристики на астма се верува дека произлегуваат како резултат на воспалителни реакции на дишните патишта, вклучувајќи акумулација на локалните инфламаторни клетки.

  45. Фитотерапија на астма • Четири класи на лекови кои во моментов се користат за лекување на астма, односно: • β2–агонисти, • антихолинергици, • метилксантини и • хромони, • Оваа терапија има потекло од хербалните третмани, стари повеќе од 5000 години наназад. • Фитотерапијата на астма главно вклучува употреба на: • бронхијални спазмолитици и/или • анти-инфламаторни лекови. • Иако клиничките испитувањата на хербални лекови за астма даваат позитивни резултати, потрербни се дополнителни истражувања пред да се даде позитивна препорака за нивна употреба. Затоа повеќе се зборува за употреба на хербални препарати за менаџирање на заболувањето, од колку за вистински третман.

  46. Фитотерапија на астма (2) Ефедра Се состои од исушен надземен дел или цело растение од EphedrasinicaStapf. (Fam. Ephedraceae), кинеска ефедра. Ефедрин – најзначајното соединение на дрогата, алкалоид, изолиран од растението во 1887 година. Други состојки се: псевдоефедрин, норефедрин, норпсевдоефедрин.

  47. Ефедра (2) • Ефедринот има мешано симпатомиметичко дејство: • го отпушта складираниот норадреналин од нервните завршетоци, и • директно ги стимулира α и β адренергичните рецептори. • Дејство врз α1-адренергичните рецептори дава вазоконстрикција на мукозните мембрани, со што се олеснува до одреден степен конгестијата во носните патишта. • Стимулација на β2-адренергичните рецептори ги опушта бронхијалните мазни мускули. • Ефедринот врши и зголемување на цилијарната • активност што резултира со • слаба експекторантна активност.

  48. Ефедра (3) WHO Monographs on Selected Medicinal Plants - Volume 1 Medicinal uses Uses supported by clinical data HerbaEphedrae preparations are used in the treatment of nasal congestion due to hay fever, allergic rhinitis, acute coryza, common cold, and sinusitis. The drug is further used as a bronchodilatorin the treatment of bronchial asthma (4, 8, 10, 21–23). Uses described in pharmacopoeias and in traditional systems of medicine HerbaEphedrae has been used for the treatment of urticaria, enuresis, narcolepsy, myasthenia gravis, and chronic postural hypotension (4, 8, 22, 23). Uses described in folk medicine, not supported by experimental or clinical data Other medical uses claimed for HerbaEphedrae preparations include its use as an analgesic, an antiviral agent, an antitussive and expectorant, an antibacterial, and an immune stimulant (10, 24,25).

  49. Ефедра (4) Несакани дејства/Контраиндикации • Најчести несакани ефекти: • раздразливост, • главоболка, • тремор и палтипации, • гадење, • повраќање, • нарушување на сонот, • повисоки дози можат да влијаат на • крвниот притисок и пореметување на срцевиот ритам. • Контраиндициран кај пациенти кои страдаатод: • - срцеви заболувања, • покачен крвен притисок, • дијабетес, • болест на тироидната жлезда, • - бенигна хипертрофија на простатата.

  50. Ефедра (5) Подготовка/Дозирање Чај (инфуз): 2 g дрога во сад со врела вода (150 ml) 10 мин., 2-3 пати на ден. Оваа подготовка може да содржи и до 30 mg ефедрин, што претставува и вообичаена доза на алкалоидот, ако се зема како готов лек. Изолирани алкалоиди: Ефедринот е клинички ефикасен антиасматичен лек, но неговата употреба е намалена по воведувањето на β2–адренергичните агонисти. Псевдоефедрин и ефедрин се користат за лекување на назална конгестија од различно потекло. Најчесто употребуван препарат се капки (0,5 или 1,0 % ефедрин).

More Related