1 / 41

ЈП "МАКЕДОНСКИ ШУМИ"

ЈП "МАКЕДОНСКИ ШУМИ". СОСТОЈБА НА ПАТНАТА ИНФРАСТРУКТУРА во ЈП ПОТРЕБА ОД НЕЈЗИНО ПОДОБРУВАЊЕ ЗА РАЦИОНАЛНО И ПРОФИТАБИЛНО КОРИСТЕЊЕ НА ШУМИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА шум.инж Стојан Иванов. ЈП "МАКЕДОНСКИ ШУМИ". КАРАКТЕРИСТИКИ

lyris
Download Presentation

ЈП "МАКЕДОНСКИ ШУМИ"

An Image/Link below is provided (as is) to download presentation Download Policy: Content on the Website is provided to you AS IS for your information and personal use and may not be sold / licensed / shared on other websites without getting consent from its author. Content is provided to you AS IS for your information and personal use only. Download presentation by click this link. While downloading, if for some reason you are not able to download a presentation, the publisher may have deleted the file from their server. During download, if you can't get a presentation, the file might be deleted by the publisher.

E N D

Presentation Transcript


  1. ЈП "МАКЕДОНСКИ ШУМИ" СОСТОЈБА НА ПАТНАТА ИНФРАСТРУКТУРА во ЈП ПОТРЕБА ОД НЕЈЗИНО ПОДОБРУВАЊЕ ЗА РАЦИОНАЛНО И ПРОФИТАБИЛНО КОРИСТЕЊЕ НА ШУМИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА шум.инж Стојан Иванов

  2. ЈП "МАКЕДОНСКИ ШУМИ" КАРАКТЕРИСТИКИ Во Република Македонија површини под шума се1.091.857 ха, од кои: - Обраснато земјиште 835.056 ха - Необраснато шумско земјиште 256.802ха - Високостеблени шуми30.5% или 255.444,74 ха - Нискостеблени шуми, 65% или 546.179,40ха - Шумски култури, 1.7% или 14.159,50 ха - Шикари 2.3% или 18.978,18 ха.

  3. ЈП "МАКЕДОНСКИ ШУМИ" КАРАКТЕРИСТИКИ Вкупна дрвна резерва во шумите на РМ, 75.939.573 м3 односно 91м3/ха. Вкупен годишен прираст, 1.616.782м3, односно 1.93м3/ха. Вкупен предвиден годишен етат, 1.094.815м3. Според сопственоста се делат на државни и приватни. Шуми во државна сопственост отпаѓаат 90.14%, Приватните шуми учествуват со 9.86%. Шумарството како стопанска гранка во БНД учествува со 0.3-0.5% без учество на општокорисните функции на шумата Учеството на дрвната индустрија и нејзините подсистеми во БНД изнесува од 2.5 - 3.0%.

  4. ЈП "МАКЕДОНСКИ ШУМИ" ВОВЕД Транспортот на шумски сортименти во шумарската практика е една од најважните фази во процесот на користењето на шумите, почнувајки од најпримитивните па до најсовремените начини. Услов за рационално и економско стопанисување со шумите и интегрално користење на шумските ресурси е изградбата и одржувањето на шумските патишта, кои трајно ги отвараат шумите и ги поврзуваат со индустриските центри каде што се користат шумските производи.

  5. ЈП "МАКЕДОНСКИ ШУМИ" ВОВЕД Патиштата не се градат и не постојат сами за себе, туку се дел од одредена патна мрежа, која ја надополнува севкупната патна инфраструктура на една држава. Според методологијата која што се употребува во шумарската пракса, а во зависност од сообраќајното оптоварување досега, шумските патишта се делат на тврди и меки. Отвореноста на шумите е прикажана во вкупна должина во километри, диференцирани според квалитетот и густината на шумска патна мрежа, искажана во должни метри пат на еден хектар шумска површина.

  6. ЈП "МАКЕДОНСКИ ШУМИ" Состојба и проекција на отвореноста на шумите со кои стопанисува ЈП "Македонски шуми".

  7. ЈП "МАКЕДОНСКИ ШУМИ" Состојба на шумските патишта во регионот

  8. ЈП "МАКЕДОНСКИ ШУМИ" Во Република Македонија преовладуваат меките патишта, кои со своите конструктивни карактеристики овозможуват нивно користење само во сушниот период од годината, со што шумарството го прави стопанска гранка од сезонски карактер.

  9. ЈП "МАКЕДОНСКИ ШУМИ" Од прикажаните податоци, споредени со податоците од 1999. година ќе се забележи дека има видно подобрување во степенот на отвореност на шумите во оваа декада дури со 30% зголемување. Меѓутоа, мора да се истакне дека подобрувањето е во однос на патиштата со мека подлога, што значи дека се работи во делот на отварањето додека квалитетот и начинот на изградба на патиштата останува непроменет.

  10. ЈП "МАКЕДОНСКИ ШУМИ" Од табелата бр.5 може да се види дека најголема отвореност на шумите имаме во подружницата "Бор" - Кавадарци со 22.4м/ха, а најмала во подружницата "Лешница" – Тетовосo 3,5m/ha.Треба да се нагласи дека механичко споредување на степенот на отвореност на шумите, како помеѓу одредени држави, така и меѓу шумски региони во рамките на една држава, може да доведе до погрешен заклучок, зашто продуктивноста на шумите не секаде подеднаква. Шуми со поголема продуктивност имаат поголема отвореност со патишта.

  11. ЈП "МАКЕДОНСКИ ШУМИ" СОСТОЈБА НА ПАТНАТА МРЕЖА ВО РМ Од дадените показатели се гледа дека должината на шумските комуникации е скоро идентична со категоризираната патна инфраструктура. Од тука може да се заклучи дека, доколку се направат сериозни интервенции на одредени делници од примарната патна мрежа во шумарството, а особено на делниците кои ги отвараат сливните подрачја на одредени шумски комплекси, значително ќе се зголеми категоризираната патна мрежа во државата.

  12. ЈП "МАКЕДОНСКИ ШУМИ" БЕЗБЕДНОСНИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ШУМСКИТЕ ПАТИШТА Според постоечката шумска патна мрежа во зависност од можниот сечив етат, секоја година во РМ од шума се сечат и превезуваат од 750 000 до 1 000 000 м3 дрвна маса. Ако земеме средна носивост на едно возило од 10 м3 ќе се дојде до констација дека 75 000 до 100 000 возила се движат годишно во шума или 200 до 300 возила дневно кои извршуваат одредена работа или вршат превоз на дрвна маса за потребите на населението и стопанството.

  13. ЈП "МАКЕДОНСКИ ШУМИ" Мекиот строј на шумските патишта претставува опасност за учесниците во сообраќајот, создава несигурност во извршувањето на планските задачи, недостапност до природните ресурси и го поскапува производството, со што шумарството во РМ станува неконкурентно, несигурно во остварувањето на јавниот интерес. Ако се има предвид фактот дека возилата се движат по патишта со лоши конструктивни елементи (големи наклони, тесни коловози, мек горен строј, со мали радиуси на кривини, необезбедени и необележени, отсуство на патна инфраструктура), тој постанува небезбеден и опасен за учесниците во него. Од тие причини се случуваат несреќи, во кои се причинуват големи материјални штети и се губат човечки животи.

  14. ЈП "МАКЕДОНСКИ ШУМИ" ОБЕМ И ИЗГРАДБА НА ШУМСКИ ПАТИШТА И ПОТРОШЕНИ СРЕДСТВА НА НИВО НА ЈП "Македонски шуми" (2000-2008) ЈП "Македонски шуми" перманентно вложува средства за зголемување на степенот на отвореност на шумите како и средства за нивно одржување.

  15. ЈП "МАКЕДОНСКИ ШУМИ" Преглед на изградба и реконструкцијасо прочистување на патишта за 2000. Преглед на изградба и реконструкцијасо прочистување на патишта за 2001.

  16. ЈП "МАКЕДОНСКИ ШУМИ" Преглед на изградба и реконструкција со прочистување на патишта за 2002. Преглед на изградба и реконструкција со прочистување на патишта за 2003.

  17. ЈП "МАКЕДОНСКИ ШУМИ" Преглед на изградба и реконструкција со прочистување на патишта за 2004. Преглед на изградба и реконструкција со прочистување на патишта за 2005.

  18. ЈП "МАКЕДОНСКИ ШУМИ" Преглед на изградба и реконструкција со прочистување на патишта за 2006. Преглед на изградба и реконструкција со прочистување на патишта за 2007.

  19. ЈП "МАКЕДОНСКИ ШУМИ" Преглед на изградба и реконструкција со прочистување на патишта за 2008.

  20. ЈП "МАКЕДОНСКИ ШУМИ" Преглед на изградба и реконструкција на патишта од 2000 - 2008. Од изнесените податоци може да се заклучи дека годишно во просек ЈП "Македонски шуми" отвара од 250- 300 км. нови шумски патишта, а од 1.800 - 2.200 км. постојна патна мрежа се реконструира и прочистува при што се трошат (во зависност од потребите) над 100.000.000 милиони денари, што претставува од 0.6 - 10% од вкупниот годишен приход на претпријатието.

  21. ЈП "МАКЕДОНСКИ ШУМИ"

  22. ЈП "МАКЕДОНСКИ ШУМИ"

  23. ЈП "МАКЕДОНСКИ ШУМИ" Од шематскиот приказ се гледа дека ЈП "Македонски шуми" троши годишно за одржување на постоечката патна мрежа околу 40% од вкупните средства што ги троши за изградба на нови патишта.

  24. ЈП "МАКЕДОНСКИ ШУМИ" УЛОГАТА НА ШУМСКИТЕ ПАТИШТА ВО ИЗВРШУВАЊЕТО НА СЕЧИВИОТ ЕТАТ Отвореноста на шумите со шумски патишта и нивото на нивниот квалитет има значајна улога во остварувањето на сечивиот етат во Јавното претпријатие. Користењето е директен одраз на квалитетот на шумските патишта и степенот на отвореност на шумските комплекси.

  25. ЈП "МАКЕДОНСКИ ШУМИ" ЈП "МАКЕДОНСКИ ШУМИ" Остварување на етатот во однос на можниот сечив етат

  26. ЈП "МАКЕДОНСКИ ШУМИ" Можен етат и остварено техничко и огревно дрво

  27. ЈП "МАКЕДОНСКИ ШУМИ" При анализа на користењето на сечивиот етат, според прикажаните податоци и дијаграми, може да се види дека се користи (од 40%-70%) од можниот етат, за разлика од другите држави каде се користи до 90%. Со недоволно користење на шумите, процентот на учество на шумарството како стопанска гранка во БНД и во енергетскиот биланс на државата е многу мал. Затоа, а со цел да се зголеми производството и постигне рентабилност и профитабилност во работењето, при градењето на патиштата во шума, мора да се утврдат приоритети и да се поаѓа од принципот на технички и економски критериуми.

  28. ЈП "МАКЕДОНСКИ ШУМИ" З А К Л У Ч О К

  29. ЈП "МАКЕДОНСКИ ШУМИ" 1. Македонија се наоѓа на најниското скалило во регионот, поради: • релативно големото учество на нискостеблените шуми, деградираните шуми и голини во структурата на шумите и шумското земјиште во државата должи на на помалата дрвна залиха по единица површина; • на релативно помал сечив етат; • помало учество на квалитетна дрвна маса; • оддалеченоста на посечената дрвна маса до потрошувачките центри; • лоша патна мрежа без горен строј.

  30. ЈП "МАКЕДОНСКИ ШУМИ" 2. Степенот на отвореност на шумите во РМ не одговара на потребите (особено кај категоријата тврди патишта). И покрај евидентното ангажирање на ЈП "Македонски шуми", состојбата не можа да се поправи без поддршка и учество на државата

  31. ЈП "МАКЕДОНСКИ ШУМИ" 3. Производството во шумарството со вакви патишта е од сезонски карактер и се остварува 60% до 70%, во сушните месеци и во летниот период. Се произведуваат дрвни сортименти (техничка дрвна маса) со послаб квалитет, кои се продаваат по пониска цена на чинење што го намалуваме профитот.

  32. ЈП "МАКЕДОНСКИ ШУМИ" 4. Совладувањето на сезонскиот карактер може да се надмине со реконструкција на главните шумски патишта, особено на оние од јавен карактер, што е предвидено во Стратегијата за развој на шумарството (прифатено од Владата на РМ), да се изврши класификација на шумските патишта со цел (дел од тие патишта)да се прогласат за патишта од јавен карактер.

  33. ЈП "МАКЕДОНСКИ ШУМИ" 5. Квалитетот на патната инфраструктура е лош со 89% учество на меки патишта во вкупната отвореност на шумите, со што се попречува максималното користење на шумите врз основа на реалните можности и потребите на пазарот

  34. ЈП "МАКЕДОНСКИ ШУМИ" 6. Сигурноста и безбедноста на шумските патишта е многу мала. Во иднина треба да се градат патишта според стандардите и нормативите за сигурност.

  35. ЈП "МАКЕДОНСКИ ШУМИ" 7. Со изградба на квалитетни и современи патишта, според предвидените стандарди се исполнуваат еколошките стандарди и законитости. Заштита на животната средина заснована врз еколошки принципи, заштита на животната средина од ерозија и емисија на штетни гасови, субституција на фосилните горива и заштеда на електрична енергија, нема нарушување на шумскиот амбиент и загадување на водите...

  36. ЈП "МАКЕДОНСКИ ШУМИ" 8. Правилно планирана и квалитетна патна инфраструктура овозможува: • непрекинато снабдување на пазарот со производите од шумарството, со што Шумарството во Република Македонија ќе излезе од рамките на сезонска стопанска гранка, • поефтино производство на шумски производи, • поголема конкурентност на пазарот, • профитабилност во работењето, • поголема сигурност на учесниците во шумскиот транспорт, • употреба на возила со поголема носивост, • полесен пристап и користење на другите шумски и минерални суровини,

  37. ЈП "МАКЕДОНСКИ ШУМИ" • привлекување на домашни странски инвеститори за сите стопански гранки, • развој на сточарството и земјоделието во ридско-планинските делови, • зачувување на природната средина, • откривање на природните убавини и понуда на странскиот туристички пазар (селски и ловен туризам, планинарење) • развој на туризмот со користење на шумите за спорт и рекреација • Шумските патишта во функција на огнозаштитни појаси за заштита од пожари • Употреба на современа механизација при гасењето на шумските пожари • Заштита на животната средина од ерозија и емисија на штетни гасови, • Субституција на фосилните горива и заштеда на електрична енергија.

  38. ЈП "МАКЕДОНСКИ ШУМИ" 9. Следејки ги современите трендови во патниот сообраќај, Република Македонија се стреми за приближување кон ЕУ со исполнување на нормите стандардите и во сферата на шумските комуникации.

  39. ЈП "МАКЕДОНСКИ ШУМИ" Благодарам на вниманието!

More Related