1 / 19

Вовед во холистичката теорија

Вовед во холистичката теорија. Предавач: Др. Биљана Ѓуроска Сертифициран хомеопат. основните закони на лекување, кои се природни, поради тоа од секогаш постоеле и делувале, но дури во сегашно време се откриени (или подобро кажано приметени) и формулирани на систематичен начин.

malo
Download Presentation

Вовед во холистичката теорија

An Image/Link below is provided (as is) to download presentation Download Policy: Content on the Website is provided to you AS IS for your information and personal use and may not be sold / licensed / shared on other websites without getting consent from its author. Content is provided to you AS IS for your information and personal use only. Download presentation by click this link. While downloading, if for some reason you are not able to download a presentation, the publisher may have deleted the file from their server. During download, if you can't get a presentation, the file might be deleted by the publisher.

E N D

Presentation Transcript


  1. Вовед во холистичката теорија Предавач: Др. Биљана Ѓуроска Сертифициран хомеопат

  2. основните закони на лекување, кои се природни, поради тоа од секогаш постоеле и делувале, но дури во сегашно време се откриени (или подобро кажано приметени) и формулирани на систематичен начин. • суштинската поврзаност помеѓу духовната евулуција на човекот и состојбата на неговото здравје, без чие разбирање лекувањето не би можело да биде радикално и трајно. Др. Биљана Ѓуроска http://www.homeopatija.com.mk

  3. Ако се свртиме назад низ историјата на медицината, ќе најдеме многу книги кои содржат искуствени податоци и експериментални резултати, но никаде нема да ги најдеме законите и принципите на кои тие податоци би можеле да се темелат. • Не е погрешно да се заклучи дека денешната медицинска гранка е наука која својата структура ја базира на мислење и претпоставки наместо на закони и принципи. Др. Биљана Ѓуроска http://www.homeopatija.com.mk

  4. Историја на медицината • Многу веруваат дека медицината држeла чекор со евулоцијата на човекот. Фактите всушност не го потврдуваат тоа. • На пример и покрај тоа што Грција во текот на шестиот, петиот и четвртиот век п.н.е. била пред другите западни примитивни цивилизации и достигнала состојба на внатрешна еволуција, кое можеби до денеска не е надминато (зборови на Vithoulkas), човештвото и поkрај тоа било принудено да користи примитивни и непроверени методи за одржување на своето здравје. Дури ни големите увиди и дедукции кои им помогнале на овие гиганти на мислата да продрат во филозофската и духовната спекулација, не им помогнала да ја откријат тајната која управува со здравјето и болеста. Др. Биљана Ѓуроска http://www.homeopatija.com.mk

  5. Во ерата на Христијанството, кога се случила масовната и длабока спиритуална еволуција, медицината останала во мрак. Додека човештвото во текот на ерата на Византија и ренесансата и понатаму се качувала кон висините на религискиот и уметничкиот израз, медицината била преокупирана со пуштање на крв и пургативи. Др. Биљана Ѓуроска http://www.homeopatija.com.mk

  6. Во 18 и 19 век научниот дух направил џиновски чекори во развојот, но тој ист дух ја одобрувал употребата на методи на лечење кои биле повеќе од примитивни и за кои не постоело алтернатива. • Значајно е да се напомене дека во овој период се појавил германскиот доктор Samuel Hahnemann кој за прв пат во историјата на медицината ги формулирал потполните закони и принципи кои управуваат со здравјето и болеста и ги докажал низ своето практично искуство. • Повеќе од очигледно е дека неговите идеи биле премногу напредни за примитивната состојба на ум во која се наоѓале неговите колеги. Повеќе од очигледно е дека биле неспособни да направат неопходен чекор за да ги сватат идеите кои биле векови напред од нивниот начин на размислување. Др. Биљана Ѓуроска http://www.homeopatija.com.mk

  7. Широко прифаќање на концептот кој го промовирал Луј Пастер (Louis Pasteur), кој адекватно се вклопувал во потребите на филозофскиот поглед кој владеел и бил базиран на Њутновата физика. • Пастеровата теорија и истражувањата на полето на природата на микробите направило сите да поверуваат дека причината на болеста е објаснета. • Но кога модерната наука за бактериологијата напреднала, се дошло до заклучок дека за настанување на процесот на болеста се потребни и микроби и конституциска подложност. Др. Биљана Ѓуроска http://www.homeopatija.com.mk

  8. 21 Јули 1976-та година Bellevue Stratford Hotel, Philadelphia на двестегодишната конвенција на Американските легионери, со ироничен пресврт на судбината ќе биде запаметена како една од најголемите медицински трагедии на човештвото. Др. Биљана Ѓуроска http://www.homeopatija.com.mk

  9. Имено биле присутни 4 000 Ветерани од втората светска Војна, заедно со нивните фамилии и пријатели. 600 од нив одседнале во спомeнатиот хотел. Еден ден по отворањето на конвенцијата некои од луѓето почнаа да се разболуваат, со симптоми кои наликувале на грип. За наскоро тоа да стане вистинска епидемија. Била пружена медицинска помош на 221, од кои 34 починале. • Во Америка почнала дебата за можност од епидемија од свински грип (дали на некој ова му звичи како познато), и ова ја забрзало прoграмата за вакцинација од свински грип. • Причината била потоа побиена, испитувањата продолжиле со месеци, со дадени голем број на теории од страна на научници и од населението, се тврдело дека се токсини до тероризам (домашен или стран) кој бил насочен кон ветераните. • Целото испитување колку што може да слушнете било насочено кон пронаоѓање на причинител, но не и зошто баш тие 34-ца починале а останатите 187 преживеале. Колку што се разбира дека поголем број од починатите биле ветераните, не членовите на нивната фамилија или пријателите? Во 1977 година била идентификувана Legionella pneumophila. Др. Биљана Ѓуроска http://www.homeopatija.com.mk

  10. Денешната терапија на ова заболување, доколку го изолираат предизвикувачот е еритромицин, и тоа инициално антибиотикот се дава интравенозно за да бидеме сигурни дека ќе го постигнеме посакуваниот ефект (да ја убиеме бактеријата). Може да се издаде и азитромицин (Сумамед) или кларитромицин, но вообичаено ако ги добиете тие тогаш сте попривилегирани бидејќи се поскапи. И секако несакани ефекти на овие антибиотици се гадење, повраќање, исип, оптеретување на црниот доб (благо оштетување на структурите, замастување или нарушување на неговата работа) и појава на некоја друга инфекција на која тие се неактивни (поради намалување на природниот имунитет на човекот). • Ако човекот е алергичен на еритромицин може да му бидат издадени тетрациклини, sulfamethoxazol со триметоприм и ципрофлоксацин. Како несакани ефекти може да предизвикаат затруеност на црниот дроб, гадење и повраќање. Кај потешките инфекции може да биде вклучен и рифампин кој е во групата на туберкулостатици. Овој лек има голема листа на несакани ефекти и тоа жолтица, хепатитис, главоболки, вртоглавици, поспаност, конфузија, исип, промена во формата на црвените крвни зрнца и др. Др. Биљана Ѓуроска http://www.homeopatija.com.mk

  11. За жал опседнатоста на медицинските истражувачи со погрешната идеја за микробите и конкретните предизвикувачи на болеста и нивната упорност да ја следат таа идеја, и покрај разочарувачките резултати, посебно за хроничните болести, прогресивно води до развој на се потоксични медикаменти кои сами по себе претставуваат значајна опсност по јавното здравје. • Поголем број на лековите кои се препишуваат за болести како што се артритис, астма, колитис, болести на срцето, епилепсија, анксиозност и депресија не се ни произведени да имаат исцелително дејство, дури ниту во нивниот изворен концепт. Ако го занемариме фактот за нивната токсичност, тие воопшто не делуваат на причината , туку само нудат бледа надеж за ублажување на тегобите (кортикостероиди, бета-блокатори, метатрексат...). Тие самите по себе се знак на беспомошноста на модерната медицина ефикасно да се соочи со болеста. Др. Биљана Ѓуроска http://www.homeopatija.com.mk

  12. Накратко ќе разгледаме како би требало да изгледа еден идеален терапевтски систем: Еден терапевтски систем би стребало да има јасен концепт на следните прашања: 1. Што е човекот, и тоа егзактно и во потполно значење? а) Што се вистинските знаци за да се биде жив? б) Што е состојба на болест? 2. Терапевтскиот систем треба да биде разбирлив и за терапевтите но и за пациентите. 3. Терапевсткиот систем треба да биде делотворен, а под тоа се подразбира не само да ги олеснува или одстранува симптомите, туку да ја подобри конституцијата на пациентот и да овозможи поубав и поисполнет живот. 4. Ризикот од примената терапија за пациентот мора да биде минимален, или во идеален случај занемарлив. 5. Цената на примената терапија мора да биде прифатлива со цел да биде лесно достапна до сите членови на популацијата. Др. Биљана Ѓуроска http://www.homeopatija.com.mk

  13. Ако овој концепт во потполност не се разбере, нема да биде веројатно дека било која терапија ќе даде солидни, веродостојни и доверливи резултати, дури ни во моментите кога терапевтот ќе го препознае вистинскиот напредок кој може да се случи. Др. Биљана Ѓуроска http://www.homeopatija.com.mk

  14. КОЈА Е ЦЕЛТА НА ВАШИОТ ЖИВОТ • Пари, • сила, • моќ, слава, • земја, • богатство, • секс, • одсутност на патење, • ослободување од потешкотии и напнатост??? Др. Биљана Ѓуроска http://www.homeopatija.com.mk

  15. Состојба на внатрешна хармонија? • Таа состојба на внатрешна хармонија може да биде секако именувана, но кога е во најпрочистена состојба вообичаено останува неименувано. • Таа состојба е безусловна и постојана, бидејќи многу малку зависи од надворешните услови и никогаш не го напушта човекот, и покрај минливите промени кои низ животот поминуваат како во калеидоскоп. Др. Биљана Ѓуроска http://www.homeopatija.com.mk

  16. Кога сето тоа малку подлабоко ќе се разгледа, јасно е дека ако еден човек има ограничувања и потешкотии на физичко, емотивно или ментално ниво на егзистенција, состојбата на внатрешен мир и хармонија нема да биде возможен. • Во случај на потешките заболувања свеста е зафатена со процесот на болеста и нејзините манифестации, поради тоа не е во состојба да помогне личноста да расте и да се трансформира во состојба на вистинска среќа. Др. Биљана Ѓуроска http://www.homeopatija.com.mk

  17. Поради тоа може слободно да заклучиме дека: здравјето е важен услов за човекот да ја достигне фундаменталната цел на животот: безусловна среќа, која може потоа да му помогне да достигне повисок степен на еволутивен стадиум. Др. Биљана Ѓуроска http://www.homeopatija.com.mk

  18. Човековиот дух е тесно поврзан со физичкото тело и заедно чинат единствен интегриран тоталитет. Ваквиот поглед на едно битие го претставува холистичниот концепт, кој многу убаво е објаснет низ следната реченица извадена од Светите Сумерски списи: Др. Биљана Ѓуроска http://www.homeopatija.com.mk

  19. „Почитувај го своето тело, бидејќи тоа е твојот претставник во овој универзум. Неговата величенственост не е случајна. Твоето тело е оквирот низ кое твоите дела излегуваат: низ кои душата и душата на душа и зборува. Телото и душата се две фази на твоето постоење во просторот и времето. Кој едното го игнорира,пропаѓа во неред. Така е запишано...“ Др. Биљана Ѓуроска http://www.homeopatija.com.mk

More Related