1 / 36

БИОХЕМИЈА

БИОХЕМИЈА. Што е биохемијата? -наука што ги проучува хемиските реакции и хемиските промени во живите (биолошките) системи. Што ќе изучуваме во овој курс по Биохемија? -пред се, МАКРОМОЛЕКУЛАРНИ СОЕДИНЕНИЈА (јаглехидрати, протеини, липиди, витамини, хормони, нуклеински киселини...)

marisa
Download Presentation

БИОХЕМИЈА

An Image/Link below is provided (as is) to download presentation Download Policy: Content on the Website is provided to you AS IS for your information and personal use and may not be sold / licensed / shared on other websites without getting consent from its author. Content is provided to you AS IS for your information and personal use only. Download presentation by click this link. While downloading, if for some reason you are not able to download a presentation, the publisher may have deleted the file from their server. During download, if you can't get a presentation, the file might be deleted by the publisher.

E N D

Presentation Transcript


  1. БИОХЕМИЈА Што е биохемијата? -наука што ги проучува хемиските реакции и хемиските промени во живите (биолошките) системи Што ќе изучуваме во овој курс по Биохемија? -пред се, МАКРОМОЛЕКУЛАРНИ СОЕДИНЕНИЈА (јаглехидрати, протеини, липиди, витамини, хормони, нуклеински киселини...) -својствата на соединенијата што се неопходни за правилно функционирање на животот -структурите на тие соединенија и специфичностите во нивните реакции -начинот на кој функционираат овие соединенија -начините на кој овие соединенија се синтетизираат или разложуваат во живите организми

  2. Стадиуми во развојот на живите организми На почетокот настанале некои клучни молекули како нуклеинските киселини, протеините, јаглехидратите и липидите преку процеси што не биле биолошки Вториот стадиум бил преминот од првобитната хемија кон репликациона хемија. Овој стадиум бил круцијален за формирање на живите клетки. Третиот стадиум опфаќа механизми на интерконверзија на енергијата, и креирање на молекули што може да учествуваат во синтезата на нуклеинксите киселини и протеините од поедноставни молекули Четвртиот стадиум подразбирал креирање на механизми што им овозможиле на клетките да се прилагодат кон околината и промените во околината

  3. Клучно прашање: како настанал живото на Земјата NASA neodamna ja otkri „bo`jata raka“

  4. Првобитни реакции : Urey-Miller Experiment,1950 Првобитната атмосфера на земјата се состоела од: CH4 NH3 H2O H2

  5. Амино киселини добиение приUrey-Miller Experiment

  6. Формирање на пребиотски аденин:со кондензација на HCN -Останатите азотни бази исто така можеле да бидат синтетизирани од други поедноставни молекули -Шеќерите (рибозата, на пример) можела да биде синтетизирана од формалдехид Иако не биле формирани сите молекули што денес се неопходни за правилно функционирање на живите организми, сепак овој експеримент покажал дека креирање на покомплицирани молекули било возможно при условите што постоел при формирањето на Земјата

  7. Клетка-структура и функција

  8. Теорија за клетка • Клетка е основна структурна и функционална • единка кај сите живи организми • Сите живи организми се изградени од клетки. • Клетките се најмалите работни ќелии кај живите организми. • Сите биохемиски процеси во живите организми се одвиваат во клетките.

  9. Примери за некои видови на клетки Amoeba Proteus Plant Stem Bacteria Red Blood Cell Nerve Cell

  10. Генерално постојат два типа на клетки и тоа • Прокариотски и • Еукариотски

  11. Прокариотски клетки • Кај овие клетки не постои структура што е обиколена со мембрана • Во нив има малку внатрешни структури • Од ваквки клетки се изградени едноклеточните организми-бактериите

  12. Еукариотски клетки • Содржат oрганели обиколени со мембрани најголем број од живите организми се изградени од еукариотски клетки Растителна еукариотска клетка Животинска еукариотска клетка

  13. “Tипична” животинска клетка

  14. “Tипична” растителна клетка

  15. Структура на клетката • Органели-се посебни форми во внатрешноста на клетката кои извршуваат специфични функции

  16. Околина на клетката Клеточна мембрана • Надворешна мембрана на клетката што ги контролира движењата во и надвор од клетката • Изградена е од двоен липиден слој, протеини, јаглехидрати... ептен сложена структура

  17. Клеточен ѕид • Најчесто се среќава кај растителните клетки и бактериите • Ги штити клетките (најчесто) од механички влијанија

  18. Внатрешност на клетките Јадро (Nucleus) • Ги определува функциите и активностите на клетките • Одделен е од цитоплазмата со јадрена мембрана • содржи генетски материјал - DNA

  19. Мембрана на јадрото • Го обиколува јадрото • Изградена е од два слоја • Кога се отвора, тогаш овозможува материјал да влегува или да излегува од јадрото

  20. Хромозоми • Се структури што се наоѓаат во јадрото • Изградени се од DNA • Содржат инструкции за карактеристиките и наследните особини кај живите организми

  21. Нуклеоли • Се телца сместени во внатрешноста на јадрото • Содржат RNA со чија помош може да се синтетизираат протеиниво клетките

  22. Цитоплазма • Волуминозна смеса што наликува на гел • Обиколена е со клеточна мембрана • Содржи „наследен„ материјал односно • супстанци што се одговорни за пренесување на наследните особини

  23. Органели во цитоплазмата 1. Ендоплазматичен ретикулум (ЕР) • Ги движи супстанците во клетката • Мазен тип на ЕР: има недостаток од рибозоми • Груп тип на ЕР: содржи рибозоми вметнати на површината

  24. Рибозоми • Секоја клетка содржи илјадници рибозоми • Тие се структурите кои помагаат во синтезата на протеините

  25. Митохондрија • Произведува енергија во форма на АТП преку биохемиски реакции на разградување на јаглехидратите и липидите • Го контролира нивото на вода и други материи во клетките • Ги рециклира и деградира протеините, липидите и јаглехидратите • Има двојна мембрана во својот состав

  26. Golgi тела • Врши Protein ‘пакување на протеините„ откако тие ќе бидат синтетизирани • Ги движи супстанците низ клетката и надвор од клетката

  27. Лизозоми • Тоа се „варивни фабрики„ за протеините липидите и јаглехидратите • Ги транспортираат несварените и неразградените материи до клеточните мембрани за да бидат отстранети од клетката • Клетките се распрскуваат доколку лизозомите пукнат

  28. Вакуоли (кај растителните клетки) • Тоа се „кеси„ врзани за клеточната мембрана што служат за складирање, варење и исфрлање на отпадот од клетките • Содржат воден раствор • Им помагаат на растенијата да ја сочуваат формата

  29. Хлоропласти • Најчесто се присутни во растителните клетки • Содржи зелен хлорофил • Во овие органели се одвива процесот на фотосинтеза

  30. Приказ на сите делови и органели на една клетка

  31. Молекули неопходни за животот 1. Амино киселини/полипептиди/протеини

  32. 2. Нуклеински киселини RNA & DNA DNA е стабилна форма што ги чува генетските информации

  33. 3. Аденозин три фосфат ATPнајзначајна молекула што обезбедува енергија за најголем број од процесите во живите организми

  34. 4. Липиди (масти и масла)мембраните на клетките се изградени од липиди Липидите „се амфифилни„ молекули, т.е. а содржат и поларни (хидрофилни) групи имаат долг липофилен (хидрофобен) јаглероден ланец

  35. Липиден двоен слој (билејер) Овој двоен слој може да се свитка и да креира сферична форма која е обвивка на нова клетка

  36. 5. Јаглехидрати (шеќери) -енергетски материигликоза + O2 =ЕНЕРГИЈА O2се добива преку процесите на фотосинтеза (кај растенијата) или преку дишењето При реакцијата на гликоза + O2 се добиваCO2 и 30 молекули ATP!

More Related