1 / 34

Статистика на надворешниот долг и надворешните побарувања

Статистика на надворешниот долг и надворешните побарувања. новини во известувањето. декември, 2010 година. Прописи. Закон за Народна та банка на Република Македонија ( „Службен весник на Република Македонија“ бр . 158/2010 )

questa
Download Presentation

Статистика на надворешниот долг и надворешните побарувања

An Image/Link below is provided (as is) to download presentation Download Policy: Content on the Website is provided to you AS IS for your information and personal use and may not be sold / licensed / shared on other websites without getting consent from its author. Content is provided to you AS IS for your information and personal use only. Download presentation by click this link. While downloading, if for some reason you are not able to download a presentation, the publisher may have deleted the file from their server. During download, if you can't get a presentation, the file might be deleted by the publisher.

E N D

Presentation Transcript


  1. Статистика на надворешниот долг и надворешните побарувања новини во известувањето декември, 2010 година

  2. Прописи • Закон за Народнатабанка на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 158/2010) • Закон за девизно работење(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 34/01, 49/01, 103/01, 51/03, 81/08) • Одлука за евидентирање на кредитни работи со странство(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 146/2010) • Одлука за начинот и условите за поднесување на извештаи за склучени кредитни работи со странство(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 146/2010) • Упатство за известување за кредити земени од нерезиденти кои се предмет на поединечно известување(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 162/2010) • Упатство за известување за кредити одобрени на нерезиденти кои се предмет на поединечно известување(„Службен весник на Република Македонија“ бр. 162/2010) • Упатство за збирно известување за кредитни работи со нерезиденти („Службен весник на Република Македонија“ бр. 162/2010)

  3. Делови од Законот за девизно работењекоишто ги регулираат кредитните работи-1 • Кредитни работи меѓу резиденти и нерезиденти • член 2 од Законот: • Кредитни работи се трансакции на склучување на договори за кредит или договори за заем. • Емствата и гаранциите согласно со овој Закон се сметаат за кредитни работи. • Комерцијални кредити се кредити непосредно поврзани со меѓународниот промет на стоки и услуги, при што еден од учесниците е резидент. • Како комерцијални кредити се третираат и договорените трговски кредити, како што се одложено плаќање или авансно плаќање и нивното финансирање од страна на банка. • Во комерцијални кредити спаѓаат и работи на откуп на побарувања како што се факторинг, форфетинг и слично кога првичната трансакција, заради која побарувањето е настанато, има карактеристики на комерцијален кредит. • Финансиски кредити се сите кредити кои не се дефинирани како комерцијални кредити.

  4. Делови од Законот за девизно работењекоишто ги регулираат кредитните работи-2 • член 20 од Законот: • Овластените банки можат да склучуваат кредитни работи со нерезиденти во свое име и за своја сметка или во свое име и за туѓа сметка. • Резидентите, кои не се овластени банки, можат да склучуваат кредитни работи со нерезидентите во свое име и за своја сметка. • Народната банка на Република Македонија го пропишува начинот на евиденција на кредитните трансакции со странство.

  5. Делови од Законот за девизно работењекоишто ги регулираат кредитните работи-3 • член 42 од Законот: • Резидентите се должни да поднесуваат извештај за сите кредитни трансакции склучени со нерезиденти. • Народната банка на Република Македонија ги пропишува начинот и условите за поднесување на извештаи за склучените кредитни работи. • За потребите на известување, како кредитни работи според овој Закон се сметаат и следниве трансакции меѓу резидентите и нерезидентите: • Трансакции чиј предмет е купување или продажба, односно вршење на одредени услуги, ако плаќањето за стоката, односно на услугите врз основа на таквите работи, не се извршени во рок од една година по доставувањето на стоката, односно понудата на услугата; • Трансакции чиј предмет е купување или продажба, односно вршење на одредени услуги, ако плаќањето за стоката, односно на услугите врз основа на таквите работи, не се извршени во рок од една година по доставувањето на стоката, односно понудата на услугата; • Давање и примање хипотеки и други форми на залог; • Купување на побарувања од правните односи меѓу резидентите, ако купувачот е нерезидент; • Купување на побарувања од правните односи меѓу нерезидентите, акокупувачот е резидент. • За потребите на известувањето, Народната банка на Република Македонија може и други работи меѓу резидентите и нерезиденти кои според економската намена имаат карактер на кредитна трансакција, односно заем врз основа на договор за позајмување да ги утврди како кредитни трансакции.

  6. Новини во прописите Со пакет-измените на: • Одлуката за евидентирање на кредитни работи со странство и • Одлуката за начинот и условите за поднесување на извештаи за склучени кредитни работи со странство, • се изготвени: • две упатства за поединечно известување за кредити земени од и дадени на нерезиденти и • Упатство за збирно известување за кредитни работи со нерезиденти

  7. Цел на измените Целта на измените е да се постигне зголемување на квалитетот на податоците, преку поедноставениот начин на известување со кој се намалува и товарот на известувачите при известувањето за кредитните работи со нерезиденти

  8. Измени во упатствата за поединечно известување • Исклучување на кредитните работи за договорен откуп на побарувања и преземање обврски со нерезидентиод поединечното известување и нивно вклучување во збирното известување. • Намалување на товарот на известување за сите видови кредитни работи со намалување на бројот на документите и обрасците коишто се доставуваат до Народната банка на Република Македонија

  9. Измени во Упатството за збирно известување Новото упатство за доставување збирни извештаи, покрај извештајот за издадени емства, гаранции и други облици на обезбедување, вклучува и ново збирно известување за кредитните работи на договорен откуп на побарувања и преземање обврски. Во збирните извештаи за кредитните работи на договорен откуп на побарувања и преземање обврски ќе се опфаќаат договорите меѓу резиденти кај кои во кредитниот однос се вклучува нерезидент, односно договорите меѓу нерезиденти кај кои во кредитниот однос се вклучува резидент.

  10. Поединечно известување за кредитните работи врз основа на склучен договор за кредит со нерезидент • За склучен договор за кредит со нерезидент се известува најдоцна во рок од 10 дена од денот насклучувањето, со доставување еден примерок од секој од следниве документи: • писмо - барање за евидентирање на кредитната пријава • образец НД1 - за кредит примен однерезидент, пополнет врз основа на договорот за кредит или • образец НП1 - за кредит даден на нерезидент, пополнет врз основа на договоротзакредит • копија од оригиналниот договор • превод на договорот на македонски јазик • решение од Централниот регистар за тековната состојба • документи за обезбедување на кредитот (доколкутој е обезбеден) • по потреба и други документи, на пр. царински декларации, налози за плаќање и наплата и сл.

  11. Известување за настанатите трансакции (користење/отплата) по кредит примен од нерезидент • Користењето средства по кредитот примен од нерезидент се евидентира на образецот НД2. • Доколку кредитот треба да се плаќа во нередовни отплати на главнина, задолжително со образецот НД2 известувачот доставува НД 4 - План на отплата на главнина на искористениот износ на кредитот. • Отплатите на главнина и камата по кредитот се доставуваат на образецот НД3. • Обрасците во еден примерок се доставуваат со доставно писмо во Народната банка на Република Македонија.

  12. Известување за настанатите трансакции (одобрување/наплата) по кредит даден на нерезидент • Одобрувањетосредства по кредитот даден на нерезидент се евидентира на образецот НП2. • Доколку кредитот треба да се наплаќа во нередовни наплати на главнина, задолжително со образецот НП2 известувачот доставува НП 4 - План на наплата на главнина на искористениот износ на кредитот. • Наплатите на главнина и камата по кредитот се доставуваат на образецот НП3. • Обрасците во еден примерок се доставуваат со доставно писмо во Народната банка на Република Македонија.

  13. Други обрасци коишто се доставуваат по потреба • Во случаи кога има измени на основните елементи од договорот за кредит, коишто се дефинирани со потпишан анекс кон договорот, известувачите известуваат за нив со доставување на обрасците НД1, односно НП1. • Доколку во кредит земен од нерезидент учествуваат повеќе кредитори или корисници, за тоа се известува на образецот НД5 - Спецификација на кредитори/корисници. • Доколку во кредит даден на нерезидент учествуваат повеќе корисници или даватели, за тоа се известува на образец НП5 - Спецификација на кредитори/корисници.

  14. Пример: Известување по договор за кредит земен од нерезидент Основни елементи на договорот за кредит: • Фирма ,,А“ – резидент; • Фирма ,,Б“ – нерезидент; • Износ на кредитот - ЕУР 600.000,00; • Датум на склучување на договорот - 15.05.2010 година; • Рок на отплата - 5 години од датумот на користење на средствата, вклучувајќи 2 години период на почек; • Начин на отплата на главнината - полугодишни рати во еднакви износи; • Фиксна каматна стапка од 5% на годишно ниво,за редовна камата; • Календарски број денови за месеци/за година - 360 дена; • Пресметковни периоди за отплата на главнината и каматата - 15 јуни и 15 декември; • Фиксна каматна стапка од 7% на годишно ниво,за задоцнето плаќање; • Датум на користење на средствата - 16.06.2010 година.

  15. Доставување обрасци за известување по договор за кредит земен од нерезидент

  16. Доставување обрасци за известувањеза реализација на користење

  17. План на отплата на главнината и каматата, изготвен во НБРМ

  18. Доставување на обрасци за известувањеза реализација на отплата на камата

  19. Пример: Настанати измени на условите за кредитирање

  20. Доставување обрасци за известувањепо склучен анекс на договор за кредит

  21. Доставување обрасци за известување на реализација на користење

  22. План на отплата на главнината и каматата, изготвен во НБРМ

  23. Доставување обрасци за известувањеза реализација на отплата на главнината и каматата

  24. Пример: Известување по договор за кредит даден на нерезидент Основни елементи на договор за кредит: • Фирма ,,А“ - резидент; • Фирма ,,Б“ - нерезидент ; • Износ на кредитот - ЕУР 600.000,00; • Датум на склучување на договорот - 15.05.2010 година; • Рок на наплата - 5 години од датумот на користење на средствата, вклучувајќи 2 години период на почек; • Начин на наплата на главнината - полугодишни рати во еднакви износи; • Каматна стапка за редовната камата - шестмесечен ЕУРИБОР+1%; • Календарски број денови за месеци/за година - 365 дена; • Пресметковни периоди за отплата на главнината и каматата - 15 јуни и 15 декември; • Каматна стапка за задоцнето плаќање - шестмесечен ЕУРИБОР+3%; • Датум на користење на средствата - 16.06.2010 година.

  25. Доставување обрасци за известувањепо договор за кредит даден на нерезидент

  26. Доставување обрасци за известувањеза реализација на одобрување

  27. План на наплата на главнината и каматата, изготвен во НБРМ

  28. Доставување обрасци за известувањеза реализација на наплата на камата

  29. Пример: Настанати измениво условите за кредитирање

  30. Доставување обрасци за известувањепо склучен анекс на договорот за кредит

  31. Доставување обрасци за известувањеза реализација на одобрување

  32. План на наплата на главнината и каматата, изготвен во НБРМ

  33. Доставување обрасци за известување на реализација на наплата на главнината и каматата

  34. Контакт со НБРМ Почитувани известувачи, Доколку наидете на дилеми во врска со начинот на известување за одделна кредитна работа, ве молиме да не контактирате преку испраќање на порака на следната e-mail адреса: Contact.statistika@nbrm.mk Или да се јавите на некој од следните телефонски броеви: 02/3215-181 локали: 125, 130, 128, 126, 120, 121 02/3215-477 локали: 125, 130, 128, 126, 120, 121 02/3215-235 локали: 125, 130, 128, 126, 120, 121 Дирекција за статистика, Народна банка на Република Македонија

More Related