110 likes | 325 Views
СОУ “ Ѓорче Петров ”__. Крива Паланка, Р. Македонија. Локациј a. Нашиот град, Крива Паланка, е сместен во североисточниот дел на Р. Македонија под падините на Осоговските Планини, а на само еден километар од центарот на градот се наоѓа средното општинско училиште “ Ѓорче Петров ”.
E N D
СОУ “Ѓорче Петров”__ Крива Паланка, Р. Македонија
Локацијa • Нашиот град, Крива Паланка, е сместен во североисточниот дел на Р. Македонија под падините на Осоговските Планини, а на само еден километар од центарот на градот се наоѓа средното општинско училиште “Ѓорче Петров”.
Кратка историја • Нашето училиште постои од 1960 година, кога броело само 97 ученици, бројот на ученици потојано расте се до 1995 кога достигнува дури 1235 ученици. • Денес во учебната 2011/2012 запишани се вкупно 892 ученика односно 35 паралелки (намалениот број е разултат на намалениот природен прираст во регионот). • Училиштето зад себе има повеќегодишно успешно постоење, работење и квалитет, а значаен број од учениците завршиле и високо образование и станале магистри доктори на науки и угледни граѓани.
Мисија • Да понудиме воспитно-образовни услуги кои што овозможуваат индивидуелен развој на учениците и наставниците, користејќи современа образовна технологија и поттикнувајќи меѓусебна доверба и почитување; • Да ги оспособиме младите за живот и работа преку нивно активно вклучивање во проекти за подобрување на соработката на училиштето и локалната заедница; • Да ги развиемо кај учениците сознанијата за правата на поединецот, но и за одговорностите, демократските вредности и чувството за толеранција.
Училиштето низ бројки • Нашето училиште располага со 3342 метри квадратни училишен и 1220 метри квадратни училнички простор опремен со нов и современ инвентар. • Училиштетоисто така располага со • 22 кабинети; • 1 училишна сала; • 1 библиотека со книжен фонд од 1500 книги; • 1 браварска работилница; • 1 наставничка канцеларија; • 3 канцеларии за административни работници. • Училиштето има обезбедено соодветен наставен кадар кој брои 67 професори за сите наставни предмети, што претставува добра основа за успешна реализација на воспитно-образовните цели и задачи. • Во училиштето веќе 4 години е реализиран проектот компјутер за секое дете со што образовниот процес е значително подобрен и усовремен.
Училиштето низ слики Кабинети опремени со современ инвентар Спортска сала Библиотека Канцеларии
Образовни насоки • Гимназиско образование • Оштествено-хуманистичко подрачје • (комбинација А и Б) • Природно-математичко подрачје (комбинација А и Б) • Јазично-уметничко подрачје (комбинација А и Б) • Стручно образование • Машинска струка • Електротехничка струка • Угостителско туристичка струка • Сообраќајна струка
Воннаставни активности • Училиштето преку воннаставните активности соработува со локалната заедница, со други училишта и со разни младински организации. • Дел од воннаставните активности се: • Еколошки акции; • Спортси активности; • Активности од музиката и уметноста; • Хуманитарни акции во соработка со Црвениот крст. • Посети на музеи, историски локалитети, планетаруми и сл. во и надвор од државата.
Воннаставните активности низ слики • Ликовно творење во градскиот парк • Еколошка модна ревија • Посета на природно-научен музеј,Скопје • Спортски ден • Драмски претстави • Забавни настани
Визија и слогани на училиштето • Во нашето училиште најважни се учениците, нивните резултати и постигнувањата кои се темелат на стекнатите знаења од училиштето. Во прв план е развојот на сознанијата за правата на поединецот, но и за одговорностите, демократските вредности и чувството за толеранција. • Нашите слогани се: • Толеранција • Информатичко образование • Спорт да, дрога не • Визија на училиштето е да разлизира современа, модерна, ефикасна и квалитетна настава, приспособена според потребите и интересите на учениците во една безбедна и позитивна училишна средина.
Контакт • ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Крива Паланка, Средно општинско училиште • адреса: 8-ми Октомври бр. 91Крива Паланка, Р. Македонија 1330 • телефон: 031/375-025 031/377-120 • веб страна:http://www.gjorchepetrov.edu.mk