760 likes | 982 Views
ИОРРМ – КПУ 2011 ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ. Предавач Роберт Манасиев. Содржина. Вовед Поим за трансферни цени Поврзани лица Пазарен принцип (Arm’s Length Principle) Методи за пресметка на трансферни цени Компаративна анализа Регулатива во РМ. 1. ВОВЕД. 1. ВОВЕД.
E N D
ИОРРМ – КПУ 2011ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ Предавач Роберт Манасиев
Содржина • Вовед • Поим за трансферни цени • Поврзани лица • Пазарен принцип (Arm’s Length Principle) • Методи за пресметка на трансферни цени • Компаративна анализа • Регулатива во РМ
1. ВОВЕД • Развојот на меѓународната трговија придонесе за: • Пораст на обемот на тргување помеѓу субјекти од различни земји • Капитално поврзување на субјекти од различни земји (превземање или основање) и создавање на меѓународни претпријатија – МНП (multinational enterprises - MNE) • При тоа, МНП во своето работење како групација, се соочува со различни даночни прописи во земјите во кои делува
1. ВОВЕД • Во зависност од усвоената политика на меѓусебни цени (трансферни цени) помеѓу членките на МНП, истите би можеле: • Да влијаат врз продажните цени на своите зависни друштва – поврзани субјекти • Да влијаат на висината на остварената нето добивка • Да влијаат врз висината на данокот на добивка • Да ги финансираат зависните друштва – поврзани субјекти и обратно, и • Да вршат дистрибуција на добивката според своите потреби и желби
1. ВОВЕД • Усвоената политика на трансферни цени од страна на МНП, може во голема мера да влијае врз износот на пресметан и уплатен данок на добивка а со тоа и државата, во која делува едно или повеќе зависни друштва – поврзани субјекти, може да биде оштетена • Со цел да се спречат злоупотреби од страна на МНП, даночните власти во многу држави, го регулираат ова прашање преку: • Дефинирање на правилата за трансферни цени • Склучување на меѓународни договори за одбегнување на двојното оданочување
1. ВОВЕД • Поради различните даночни системи, земјите членки на ОЕЦД (САД, ВБ, Австралија, Јапонија, Германија,Турција, Словенија, и многу други земји, вкупно 32) усвоија: • Упатство за трансферни цени (OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administration), прв пат објавен во 1995 година • Модел на меѓународен договор (спогодба) за избегнување на двојното оданочување на данокот од доход и данокот на капитал (OECD Model Tax Convention on Income and on Capital), прв пат објавен во 1992 година
2. ПОИМ ЗА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ • Трансферни цени се нарекуваат цените по кои се врши прометот на стоки, услуги, права и други средства помеѓу поврзани страни • Трансферните цени може да бидат: • Внатрешни – промет во рамките на оперативните сегменти во едно претпријатие • Надворешни – промет помеѓу одделни правни лица, членки на групација и тоа: • Во рамките на иста земја • Помеѓу резиденти од различни земји
2. ПОИМ ЗА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ • Внатрешните трансферни цени, вообичаено предизивикуваат помал интерес кај даночните власти, бидејќи оданочувањето се врши на претпријатието како единствено правно лице, а не одделно на неговите сегменти • Предмет на интерес на даночните власти се надворешните трансферни цени остварени во прометот помеѓу зависни правни лица во иста земја или помеѓу резиденти на различни земји поради можноста од влијание врз пресметката на данокот на добивка
2. ПОИМ ЗА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ • Зависните правни лица во иста земја се подложни на ист даночен систем, што од своја страна може да предизвика помал интерес на даночните власти • Зависните правни лица во различни земји се подложни на различни даночни системи; оттука можни се намерни или ненамерни влијанија врз пресметката на износот на данок на добивка, па поради тоа овие односи/трансакции предизвикуваат поголем интерес кај даночните власти
2. ПОИМ ЗА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ • За подобро објаснување на проблематиката на трансферните цени, потребно е да се разгледаат следните категории: • Поврзани лица • Пазарен принцип (Arm’s length principle) • Методи на трансферни цени
3. ПОВРЗАНИ ЛИЦА • Поимот „Поврзани лица„ се употребува и за правните и за физичките лица • Правните и физичките лица може да се сметаат за поврзани по основ на: • Капитална и гласачка поврзаност • Договорна поврзаност • Роднинска поврзаност
3. ПОВРЗАНИ ЛИЦА • Одредувањето на поврзани лица (друштва) во Република Македонија се дефинира во многу закони: • Законот за трговските друштва (Правилник за сметководството) • Законот за банки, • Законот за хартии од вредност, • Законот за данок на додадена вредност, • Други закони и прописи,
3. ПОВРЗАНИ ЛИЦА • Закон за трговските друштва (член 491): „Поврзани друштва се правно самостојни друштва кои се поврзуваат и кои воспоставуваат меѓусебни односи како: • Друштво кое во друго друштво има учество, значајно учество, мнозинско учество или мнозинско право во одлучувањето или заемно учество и • Зависно, владејачко друштво и друштва кои дејствуваат заеднички.„
4. ПАЗАРЕН ПРИНЦИП • Поимот „Пазарен принцип„ (Arm’s Length Principle), може исто така да се преведе и како: • „доброволен однос„, • „фер однос„, • „фер пазарни приципи„, може да се објасни на повеќе начини: • Како правен термин, означува доброволно склучување на договор помеѓу две независни и слободни страни. • Во економијата, пазарниот принцип претставува слободно креирање на односи помеѓу независни страни во согласност со пазарните услови кои постоеле во моментот на креирање на односот помеѓу нив
4. ПАЗАРЕН ПРИНЦИП • Поради важноста на поимот „пазарен принцип„ (Arm’s Length Principle), за подобро разбирање и примена на правилата за трансферните цени, ОЕЦД го дефинира пазарниот принцип како „меѓународен стандард„ кој што треба да се употребува во усогласена форма од страна на правните лица и даночните власти на државите членки на ОЕЦД
4. ПАЗАРЕН ПРИНЦИП • Според ОЕЦД, пазарниот принцип постои кога независни претпријатија склучуваат меѓусебна трансакција, согласно условите на пазарот. • Пример: цената на стоката или услугата е согласно вообичаената пазарна цена за тој вид на стока или услуга • Секое однесување надвор од овој принцип претставува нарушување на пазарниот принцип
4. ПАЗАРЕН ПРИНЦИП • Од поврзаните страни, односно од зависните претпријатија членки на МНП, се очекува да го применуваат и почитуваат овој принцип при дефинирањето на меѓусебните деловни односи. • Доколку нивните меѓусебни односи не се засновани на пазарниот принцип, постои ризик од нарушување на износот на данок на добивка кај некое (едно или повеќе) зависно друштво – поврзан субјект во рамките на групацијата, преку: • Намалување на износот на одданочива добивка во даночни подрачја со висока даночна стапка и • Зголемување на износот на одданочива добивка во даночни подрачја со ниска даночна стапка
4. ПАЗАРЕН ПРИНЦИП • Иако теоретски е добро поставен, во пракса, пазарниот принцип многу тешко функционира поради: • Различни пазарни услови во различни земји • Различни економски интереси помеѓу независни и зависни претпријатија • Постоење на слободен пазар • Учество на голем број субјекти на пазарот • Недоволно податоци за утврдување на реални пазарни услови • Разни влијанија врз претпријатијата од страна на повеќе државни и регулаторни тела
4. ПАЗАРЕН ПРИНЦИП • Од тие причини, ОЕЦД во својот Модел на меѓународна спогодба за избегнување на двојното оданочување на данокот од доход и данокот на капитал (OECD Model Tax Convention on Income and on Capital), во членот 9, предвидел: „..., ако помеѓу тие две (поврзани) претпријатија во нивните трговски или финансиски односи се создадени или наметнати услови различни од условите кои би биле создадени помеѓу самостојни претпријатија, добивката која би настанала за едно од претпријатијата, кога не би постоеле тие услови, или поради тие услови не настанала, може да биде вклучена во добивката на тоа претпријатие и соодветно оданочена.„
4. ПАЗАРЕН ПРИНЦИП • За да го задоволи барањето на пазарниот принцип, МНП треба внимателно да да ги дефинира трансакциите во рамките на групацијата и при тоа да внимава на: • Природата на трансакцијата – дали трансакцијата би настанала (случила) доколку истата би се склучувала помеѓу независни претпријатија • Трансферните цени – дали утврдените цени помеѓу членките на групацијата се во рамките на вообичаените цени на одреден пазар • За да го намали ризикот, МНП треба да направи „компаративна анализа„ на пазарните услови во земјите во кои делува
5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ • Во упатството на ОЕЦД за трансферни цени, дефинирани се два типа на методи, и тоа: • Традиционални методи • Методи на трансакциска добивка • Покрај овие методи, во пракса се појавуваат и други методи за одредување на трансферните цени, кои може да се употребат, доколку методите дефинирани од страна на ОЕЦД не се соодветни за примена.
5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ • Традиционалните методи овозможуваат дефинирање и проверка на трансфернатацена остварена во контролирана трансакција, додека пак • Методите на трансакциска добивка ја мерат и тестираат добивката или загубата остварена во контролирана трансакција • И двата типа на методи имаат за крајна цел пресметка и проверка на примената на пазарниот принцип (Arm’s Length Principle)
5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ • Традиционални методи • Метод на споредливи цени (Comparable Uncontrolled Prices – CUP) • Метод на трговски цени (The resale price method) • Метод на чинење, зголемена за вообичаената заработувачка (Cost plus method)
5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ Метод на споредливи цени (Comparable Uncontrolled Prices – CUP) • Според овој метод, се врши споредба на остварените трансферни цени помеѓу зависни лица и остварените цени помеѓу независни (неповрзани) лица • Помеѓу овие две цени постои споредливост во случај кога: • Разликата помеѓу нив, не може значајно да влијае врз цената на слободниот пазар • Со голема доза на сигурност може да се утврди разликата помеѓу споредливите цени, со цел да се изврши соодветна корекција
5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ Метод на споредливи цени (Comparable Uncontrolled Prices – CUP) • Пример: Поврзана страна 1 Поврзана страна 2 Контролирана трансакција/цена Неповрзана страна А Неповрзана страна Б Не-контролирана трансакција/цена
5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ Метод на споредливи цени (Comparable Uncontrolled Prices – CUP) • Овој метод е најмногу користен за утврдување на трансферните цени и е многу често префериран од страна на даночните власти • Проблемите во примената на овој метод се : • Тешкотии во идентификување на слична трансакција помеѓу неповрзани лица • Немање доволно податоци за остварените цени во трансакција помеѓу неповрзани лица • Разлики во количините и условите за испорака
5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ Метод на трговски цени (The resale price method) • Методот на трговските цени, започнува од цената по која производот, кој е набавен во контролирана трансакција (поврзана страна), се продава на неповрзани страни. Оваа цена, потоа се намалува за вообичаената трговска маржа, која треба да ги покрие трошоците на работењето и да оствари вообичаена добивка за ентитетот. • Овој метод особено е погоден за примена кај ентитети чија дејност е поврзана со трговија/дистрибуција
5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ Метод на трговски цени (The resale price method) • Пример:
5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ Метод на трговски цени (The resale price method) • Некои од проблемите кои се јавуваат при примената на овој метод се: • Разлика во процесите и функциите помеѓу ентитетите, вклучувајќи ги и користените средства и ризиците во работењето • Ефикасност на менаџментот • Додадена вредност од страна на ентитетот на производите и услугите • Време на лежење на залихата/извршување на услугата • Различни канали на дистрибуција (ексклузивна продажба)
5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ Метод на чинење, зголемена за вообичаената заработувачка (Cost plus method) • Овој метод започнува од трошоците за производство или набавка на производ/услуга на кои се додава вообичаена бруто заработувачка (маржа), која треба да ги покрие трошоците на работењето и да оствари вообичаена добивка за ентитетот. • Овој метод особено е погоден за примена кај ентитети чија дејност е поврзана со производство и услуги
5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ Метод на чинење, зголемена за вообичаената заработувачка (Cost plus method) • Пример:
5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ Метод на чинење, зголемена за вообичаената заработувачка (Cost plus method) • Главни проблемите кои се јавуваат при примената на овој метод се: • Методот на пресметка на трошоците на производство/услуга • Разлика во процесите и функциите помеѓу ентитетите, вклучувајќи ги и користените средства и ризиците во работењето • Ефикасност на менаџментот
5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ • Методи на трансакциска добивка • Метод на нето добивка (Net margin method) • Метод на поделба на добивката (Profit split method)
5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ Метода на нето добивка (Net margin method) • Методата на нето добивката врши споредба на нето добивката со соодветна основа (Приходите од продажба, НВ/ЦЧ на производи/стоки и услуги, средства и друго). • Остварената нето маржа може да се спореди со вообичаената нето маржа остварена во споредливи неконтролирани трансакции (трансакции помеѓу неповрзани страни) со цел да се провери дали постојат значајни отстапувања од пазарниот принцип
5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ Метода на нето добивка (Net margin method) • Предности на овој метод се: • Помали влијание и разлики кај нето профитната маржа, отколку кај традиционалните методи (цената) • Јавно објавени податоци за остварените нето профитни маржи на слични ентитети (ГС/ФИ) • Слабости на овој метод се: • Влијание на производното/услужното портфолио • Влијание на оперативните трошоци врз нето добивката • Влијание на ефиксноста во работењето • Уникатниот придонес на учесниците во трансакцијата (свесност за бренд, квалитет и друго)
5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ Метода на поделба на добивката (Profit split method) • Методот на поделба на добивката претставува поделба на вкупната остварена добивка (или загуба) помеѓу поврзаните страни. • Поделбата на добивката може да се изврши врз основа на: • Анализа на придонесот (Contribution Analysis), или • Анализа на остатокот (Residual Analysis)
5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ Метода на поделба на добивката (Profit split method) • Анализа на придонесот (Contribution Analysis) претставува анализа на релативната вредност на активностите извршени од страна на секој од поврзаните страни во трансакцијата, преку што се врши и поделба на добивката (или загубата) остварена од трансакцијата
5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ Метода на поделба на добивката (Profit split method) • Анализа на остатокот (Residual Analysis) се извршува во два чекори: • Алокација на вообичаената добивка помеѓу поврзаните страни за покривање на вообичаените (рутински) активности • Алокација на остатокот (вишокот) на добивка (или загуба) помеѓу поврзаните страни врз основа на специфичните активности или средства* користени во трансакцијата. * Под „специфични средства„ најчесто се мисли на материјални и нематеријални средства кои вообичаено не би се користеле од страна на независни страни во слична трансакција.
5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ Метода на поделба на добивката (Profit split method) • Предности на овој метод се: • Дава решение за слабостите/проблемите кај другите методи • Врши вреднување на примената на специфични средства (материјални средства, нематеријални средства, посебен пристап во работењето, know-how и друго) • Дава решение во услови кога двете страни во трансакцијата имаат уникатниот придонес (бренд, специфичен квалитет и друго) • Обезбедува порамномерна дистрибуција на добивката • Слабости на овој метод се: • Комплексна примена
5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ • Останати методи се методи кои се применуваат за одредени трансакции кои не можат да бидат опфатени со стандардните методи за трансферени цени, традиционалните методи или методите за поделба на добивката • Како останати методи се јавуваат: • Договор за поделба на заедничките трошоци (Cost Contribution/Sharing Arrangements) • Напреден договор за цените (Advance Price Arrangements)
5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ • Договор за поделба на заедничките трошоци (Cost Contribution/Sharing Arrangements) претставува договор помеѓу деловни страни за поделба на трошоците и ризиците од развој, производство или набавка на средство, услуги или права и за одредување на природата и степенот на учество на секоја од страните во средството, услугата или правото. * ОЕЦД Правилник за трансферни цени (OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administration)
5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ • Договор за поделба на заедничките трошоци (Cost Contribution/Sharing Arrangements) е особено погоден за следните видови на трансакции/активности: • Развој на нематеријално средство • Истражување и развој во нови производи • Развој на нови методи и знаења (know-how) • Истражување на пазарот/проектирање на продажбите • Менаџмент услуги • Ко-сопственост врз одредени средства (права)
5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ • Напреден договор за цените (Advance Price Arrangements) претставува договор помеѓу даночен обврзник/обврзници и даночната власт за утврдување на условите (методот, споредбите, корективните разлики и клучните проекции на идните настани) за утврдување на трансферните цени за одреден период, пред настанување на контролираните трансакции. * ОЕЦД Правилник за трансферни цени (OECD Transfer Pricing Guidelines for Multinational Enterprises and Tax Administration)
5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ • Овој метод ги избегнува класичните адинистративни, судски и арбитражни механизми за разрешување на проблемите поврзани со трансферните цени, па поради тоа е практичен и евтин • Примената наовој договор, напреден договор за цените (Advance Price Arrangements), е возможен само доколку е предвиден со даночните прописите во одредена земја.
5. МЕТОДИ НА ТРАНСФЕРНИ ЦЕНИ • Земјите треба да избегнуваат потпишување на унилатерални напредни договори за цени (Advance Price Arrangements), и наместо тоа треба да преферираат билатерални или мултилатерални договори, во кој ќе бидат вклучени земјите во кои поврзаните страни во контролираната трансакција имаат седиште, односно се даночни обврзници • Во некои земји, правниот систем на земјата не дозволува склучување на вакви договори • Дилема: Дали е можно потпишување на ваков договор во Република Македонија???