900 likes | 1.15k Views
Ажурирање на Меѓународните стандарди за ревизија - МСР од 2003 г. до 2008 г. Андреас Микромасторас Грант Торнтон Грција. Вовед и цели МСР од 2003 г. -2008 г. Цел на презентацијата.
E N D
Ажурирање на Меѓународните стандарди за ревизија-МСРод 2003г.до 2008г Андреас Микромасторас Грант Торнтон Грција
Вовед и цели МСР од 2003г. -2008г.
Цел на презентацијата Презентацијата се однесува на развојот на МСР од 2003 година сé до 2008 година. Oвие години беа мошне важни за развојот на Меѓународните стандарди за ревизија. Причините се осврнуваат главно на развојот на светската економија, до тој степен што тој развој ја обележа ревизорската професија во истиот период. Презентацијата ќе започне со неколку воведни информации за Одборот за Меѓународни стандарди за ревизија и уверување (ОМСРУ) и ќе продолжи со презентација на важните промени во МСР по година.
Цел на презентацијата Целта на презентацијата е да го опфати развојот на Стандардите како и промената на целите на самите Стандарди и во исто време, промената на ревизорската професија.
За Одборот за меѓународни стандарди за ревизија и уверување ОМСРУ Одборза меѓународни стандардиза ревизијаи уверување(ОМСРУ) е телото кое ги утврдува стандардите кое работи под и е назначено од страна на Меѓународната федерација на сметководители (МФС).
За Одборот за меѓународни стандарди за ревизија и уверување ОМСРУ • Која е целта на ОМСРУ? • Служи на јавниот интерес преку: • Утврдува независно и според неговата компетентност стандарди за високо квалитетна ревизија, контрола на квалитет и други поврзани услуги. • Помага при конверзијата на националните стандарди во меѓународни стандарди.
За Одборот за меѓународни стандарди за ревизија и уверување ОМСРУ При тоа, го зголемува квалитетот и сообразноста на практиката во светски рамки и ја зајакнува довербата на јавноста во глобалната професија на ревизијата и уверувањето. Цел на Одборот за меѓународни сметководствени стандарди (ОМСС):“да развие единствен комплетен на високо квалитетни, разбирливи и применливи глобални сметководствени стандарди кои бараат високо квалитетни, транспарентни и споредливи информации во финансиските извештаи…."
За Проектот за појаснување Во 2003 година, ОМСРУ изврши проверка на неговите нацрт конвенции со цел да идентификува начини за подобрување на јасноста на неговите стандарди и доследноста на нивната примена (Проект за појаснување). Проектот за појаснување е еден од назначајните проекти на ОМСРУ кој се стреми да ја подобри јасноста на и разбирливоста на Меѓународните стандарди за ревизија. Тоа беше потребно заради предлозите на Регулаторите.
За Проектот за појаснување • Подобрувањата кои се опфатени од Проектот за појаснување нашироко ги вклучуваат следните: • Утврдување на цел за професионалниот сметководител во однос на секој стандард посебно. • Појаснување на обврските кои се наметнати на професионалниот сметководител од страна на условите на стандардите, користејќи ревидирана терминологија. • Елиминација на двосмисленоста во врска со тоа дали користењето на сегашното време во стандардите наметнува обврска за професионалниот сметководител; и
За Проектот за појаснување • Подобрување на севкупната читливост и разбирливост на стандардите преку структурни и концепирани подобрувања, вклучувајќи и појаснување на применливиот материјал во стандардите • Ги појаснува стандардите • Води кон подоследна примена • Го промовира нивното усвојување и • Ја помага меѓународната конверзија Како Проектот за појаснување ги подобрува МСР?
Ажурирани МСР- 2003 година • Светската економија во 2003 година • Слаба светска економија (Кризата во Азија) • Скандали во финансиското известување (на пр. Енрон, Пармалат) • Загриженост околу улогата на подготвувачите, раководството, оние кои се задолжени за управување и конечно се разбира, улогата на ревизорите. • Сите овие фактори создадоа рамка на сомнеж.
Ажурирани МСР- 2003 година • Понатаму, тука е и утврдувањето на Одборот за надзор сметководството во јавни компании (ОНСЈК) и критичната дискусија во светски рамки во врска со последиците од Актот Сарбанес-Оксли во САД. • Фокус на развојот на високо квалитетни стандарду за ревизија. • Фокус на стандардите кои го опфаќаат ризикот на ревизијата, одговорности на контролата на квалитет на ниво на претпријатија и ангажмани. ОДГОВОР НА ОМСРУ
Ажурирани МСР- 2003 година • Развива рамка за уверување • Издава друг ревидиран стандард за уверување на ангажмани покрај ревизија или проверка на историски финансиски информации. • Во 2003 година, повеќе од 70 земји наложија дека или ги усвоиле МСР или забележале дека не постојат значајни разлики помеѓу нивните национални стандарди и МСР.
Ажурирани МСР- 2003 година • ОМСРУ во 2003 година: • Успешно ги финализираше неговите стандарди за ризик на ревизија. • Успешно ја финализираше неговата рамка за уверување и неговиот прв стандард за уверување на ангажмани покрај оние за ревизиите.
Ажурирани МСР- 2003 година • Одобрени и издадени МСР во 2003 година: • Меѓународни стандарди за ревизија • МСР 315- Разбирање на ентитетот и неговата средина и проценка на ризикот за материјалните погрешни прикажувања (Октомври 2003 година). • МСР 330- Ревизорската постапка во однос на проценети ризици (Октомври 2003 година). • МСР 500- Ревизорски доказ (Ревидиран Октомври 2003 година).
Ажурирани МСР- 2003 година • Одобрени и издадени МСР во 2003 година: • Меѓународни стандарди за ревизија • МСР 200- Цели и општи принципи кои ја предводат ревизијата на финансиски извештаи (изменет Октомври 2003 година).
Ажурирани МСР- 2003 година • Стандарди за уверување издадени во 2003 година: • Меѓународна рамка за уверување на ангажмани (Ревидиран –Декември 2003 година). • Меѓународен стандард за ангажмани за уверување (МСАУ 3000)- Ангажмани за уверување освен за ревизии (Декември 2003 година).
Ажурирани МСР – 2004 година Во 2004 година, ОМСРУ успешно финализираше и издаде пет нови или ревидирани стандарди.
Ажурирани МСР – 2004 година • Одобрени и издадени МСР во 2004 година • Меѓународни стандарди за ревизија • МСР 220- Контрола на квалитет на ревизија на историски финансиски информации (Ревидиран –февруари 2004 година) • МСР 240- Обврската на ревизорот да земе предвид измама при ревизија на финансиски историски извештаи (ревидиран –февруари 2004 година)
Ажурирани МСР – 2004 година • Одобрени и издадени МСР во 2004 година • Меѓународни стандарди за ревизија • МСР 300- Планирање ревизија на финансиски извештаи (ревидиран – јуни 2004 година) • МСР 700- Извештај на независниот ревизор за комплетната група финансиски извештаи сп општа намена
Ажурирани МСР – 2004 година • Одобрени и издадени МСР во 2004 година • Меѓународни стандарди за контрола на квалитет • МСКК 1- Контрола на квалитет на претпријатија кои вршат ревизија и проверка на историски финансиски информации и други ангажмани за уверување и поврзани услуги (февруари 2004 година).
Стандарди за контрола на квалитет – 2004 година • Контрола на квалитет е значајна цел на ОМСРУ. • Контрола на квалитет е основна за високо квалитетна ревизорска работа. • ОМСРУ одобри два стандарди за контрола на квалитет. • МСКК 1- Контрола на квалитет на претпријатија кои вршат ревизија и проверка на историски финансиски информации и други ангажмани за уверување и поврзани услуги.
Стандарди за контрола на квалитет – 2004 година • МСКК1 ги утврдува одговорностите на претпријатието за утврдување и одржување на систем за контрола на квалитет за сите ревизии, други ангажмани за уверување и поврзани услуги. • Ревидираниот Меѓународен стандард за ревизија (МСР 220) Контрола на квалитет на ревизија на историски информации, кој утврдува стандарди за специфичните обврски на персоналот на претпријатието за индивидуални ревизорски ангажмани и се темели врз барањата за стандарди за контрола на квалитет во рамките на целото претпријатие, утврдени во МСКК 1.
Стандарди за контрола на квалитет – 2004 година • Стандардите за контрола на квалитет се изработени со цел да: • Помогнат при воспоставувањето на довербата на јавноста во ревизорската професија следствено на корпоративните скандали во изминатите години, и • Осигура највисоко ниво на квалитет при спроведувањето на други услуги за уверување од страна на професионалните сметководители. Зошто се фокусираме на Стандардите за контрола на квалитет?
Ревидиран МСР 240 Измама- 2004 година • Ревидираниот МСР 240: • бара ревизорот да вложи пофокусирани напори во областите каде постои ризик од материјално погрешно прикажување во финансиските извештаи заради измама, вклучувајќи и измама од менаџментот. • бара ревизорот да изработи и изврши ревизорски постапки кои ќе одговорат на идентификуваниот ризик од материјално погрешно прикажување заради измама, вклучувајќи и постапки кои се осврнуваат на ризикот од надминување на контролите од страна на менаџментот.
Ревидиран МСР 240 Измама- 2004 година Иако секогаш ќе биде тешко да се детектира измамата од менаџментот, сепак ревидираниот стандард ги нагласува обврските на ревизорот да идентификува и одговори на ризикот од материјално погрешно прикажување заради измама. Овие нови услови ќе резултираат со зголемени работни напори за ревизорите.
Ревидиран МСР 300- Планирање ревизија-2004 година Ревидираниот МСР 300 бара ревизорите да бидат поригорозни при планирањето на нивните ревизии со цел нивните ангажмани да бидат извршени на ефективен начин. Ревидираниот МСР 300 бара ревизорот да утврди севкупна стратегија која го утврдува делокругот, временската рамка и насоката на ревизијата.
Ревидиран МСР 300- Планирање ревизија-2004 година • КЛУЧНА УЛОГА НА • СЕВКУПНАТА СТРАТЕГИЈА • Распределба на ресурсите на ревизорот во високо ризичните области. • Постапки за планот на ревизорот за проценка на ризик. • Дополнителни ревизорски постапки кои се фокусираат на областите каде има ревизорски ризик.
Ревидиран МСР 700- Извештај на ревизорот-2004 година • Ревидираниот МСР 700 утврдува нов облик на ревизорскиот извештај. • Стандардот поставува рамка со која се одвојуваат барањата на ревизорскиот извештај поврзан со МСР ревизија и дополнителните обврски за известување во други правни области. • Новиот облик на ревизорскиот извештај е: • Споредлив во сите правни области • Флексибилен за да опфати специфични локални услови за известување.
Ажурирани МСР – 2005 година Примарниот фокусна ОМСРУ останува на повторно воспоставување на довербата во ревизијата на финансиските извештаи. Во 2005 година, ОМСРУ направи значајни чекори во подобрувањето на Меѓународните стандарди за ревизија.
Ажурирани МСР – 2005 година • Подобрување на читливоста и разбирливоста • Новите термини или изрази беа дефинирани во Делот за дефиниции во Стандардот. Сите стандарди ги содржат следните четири примарни делови: • Вовед:делокругот и датумот на којшто Стандардот стапува во сила; • Целта:цела којашто треба да се исполни од страна на професионалните сметководители;
Ажурирани МСР – 2005 година • Подобрување на читливоста и разбирливоста • Услови:условите кон коишто треба да постои согласност, заедно со материјалот за објаснување којшто е потребен делот да биде разбирлив од страна на искусниот професионален сметководител; • Материјал за применување - материјал, дополнет во некои случаи со анекси кои овозможуваат дополнително објаснување и насоки како поддршка за правилна примена на Стандардот.
Ажурирани МСР – 2005 година • ОМСРУ финализираше два (2) стандарди во 2005 година. • Меѓународни стандарди за ревизија • МСР 230, Ревизорска документација (Ревидиран – септември 2005 година). • Меѓународни стандарди за ангажмани за проверка • МСАР 2410, Проверка на меѓу-периодски финансиски информации извршена од страна на независниот ревизор на ентитетот (јуни 2005 година). • Исто така, ОМСРУ одобри промени на МСКК 1.
МСР 230- Ревизорска документација 2005 година Ревизорската документација е критичен елемент во ревизијата. Таа овозможува документација на ревизорската работа и ревизорските докази кои го поддржуваат извештајот на ревизорот. Ревидираниот стандард воведува важни промени изработени да го подобрат квалитетот на ревизорската документација.
МСР 230- Ревизорска документација 2005 година • Стандардот бара ревизорот да подготви ревизорска документација која е доволна да му овозможи на искусниот ревизор, кој претходно не бил поврзан со ревизијата, да го разбере следното: • Ревизорската работа • Ревизорскиот доказ • Значајните работи кои произлегуваат во текот на ревизијата, и • Заклучоците на ревизорот.
МСР 230- Ревизорска документација 2005 година • Ревидираниот стандард го утврдува следното: • Нови услови за ревизорот навремено да подготви ревизорска документација. • Нови услови за ревизорот да ги затвори ревизорските документи во разумна временска рамка. • Нови услови повразани со документацијата, кога ревизорот смета дека е потребно да скршне од условите поставени во МСР за да ја постигне целта на ревизијата.
МСАП 2410- Проверка на меѓу-периодски информации -2005 година Новиот стандард им помага на ревизорите во извршувањето на нивните професионални обврски при проверка на времени финансиски информации на ревизорскиот клиент. Стандардот наведува општи начела на проверка на времени финансиски информации, обезбедува насоки за испитувања и аналитичките и други постапки кои треба да ги изврши ревизорот, и ја пропишува содржината на извештајот за проверка.
МСАП 2410- Проверка на меѓу-периодски информации -2005 година • Исто така, стандардот дава насоки за писмата за ангажман и изјави од менаџментот коишто ревизорот треба да ги стекне при вршењето на проверка, и вклучува илустративни извештаи за проверка.
Ажурирање на МСР – 2006г. – Патот до појаснување • Во 2006 година, ОМСРУ направи значителен напредок во неговата работна програма. • Четири финални преформулирани стандарди и поправен Предговор, одобрен според проектот за појаснување. • Седум ревидирани стандарди, издадени како нацрт стандарди според конвенциите за нацрт на појаснувањето. • Три ревидирани стандарди издадени за објавување или повторно објавување.
Ажурирање на МСР – 2006 година • Четирите конечни стандарди се анализираат на следниот начин: • МСР 240- Одговорност на ревизорот да ја земе предвид измамата во ревизијата на финансиските извештаи.(Преформулиран– октомври 2006 година). • МСР 300- Планирање на ревизија на финансиски извештаи (Преформулиран– септември 2006 година). • МСР 315– Разбирање на ентитетот и неговата средина и проценка на ризикот за материјалните погрешни прикажувања(Ревидиран – септември 2006 година).
Ажурирање на МСР – 2006 година • Меѓународни стандарди за ревизија • МСР 330- Ревизорска постапка во однос на преценетите ризици (Преформулиран– септември 2006 година) • Понатаму, под “Проектот за појаснување” ОМСРУнаправи измени на Предговорот во Меѓународни стандарди за контрола на квалитет, ревизија, проверка, уверување и други поврзани услуги со што се формираат новите нацрт конвенции кои ќе се користат при развивање на идните МСР, како и надлежностите и облигациите кои се приклучени на тие конвенции.
Ажурирање на МСР – 2006 година Меѓународни стандарди за ревизија и конечно ОМСРУобјави Изјава за политиките, Модификации на Меѓународните стандарди на Одборот на меѓународни стандарди за ревизија и уверување (ОМСРУ) – Насоки за Составувачите на националните стандарди кои ги усвојуваат Меѓународните стандарди на ОМСРУ, но сметаат дека е неопходно да направат ограничени модификации.
Ажурирање на МСР – 2006 година Меѓународни стандарди за ревизија Сите претходно споменати МСР се преформулирани под “Проектот за појаснување”кој ги прави МСР појасни, појаснувајќи дека претходните упатства содржеле некои посилни барања. Ова ќе доведе до поконзистентна примена на МСР, и ќе помогне при нивно усвојување во правните области ширум светот.
Ажурирање на МСР – 2007 година Во текот на 2007, ОМСРУ оствари значаен развој на својата работна програма. Приоритет на ОМСРУ беше развојот на високо квалитетни МСР кои ќе бидат глобално прифатени и кои ќе помогнат при конверзијата. МСР сé пошироко се прифаќаат ширум светот. Многу составувачи на национални стандарди ги препознаваат предностите на конзистентни ревизорски стандарди и ги прифаќаат Меѓународните стандарди за ревизија (МСР).
Ажурирање на МСР – 2007 година До денес повеќе од 100 држави покажале или дека ги прифаќаат МСР или пак изјавиле дека нема значајни разлики меѓу нивните национални стандарди за ревизија и МСР.