1 / 48

Eвропско јазично портфолио (ЕЈП) EAQUALS-ALTE

Eвропско јазично портфолио (ЕЈП) EAQUALS-ALTE. Британски совет, Скопје 18 фе в руари 2011 Предавач: Марија Кусевска. Агенда. Дел 1 Размена на информации во врска со Европското јазично портфолио (ЕЈП) Претставување на ЕЈП на EAQUALS и ALTE Улогата и влијанието на ЕЈП во наставата Дел 2

mali
Download Presentation

Eвропско јазично портфолио (ЕЈП) EAQUALS-ALTE

An Image/Link below is provided (as is) to download presentation Download Policy: Content on the Website is provided to you AS IS for your information and personal use and may not be sold / licensed / shared on other websites without getting consent from its author. Content is provided to you AS IS for your information and personal use only. Download presentation by click this link. While downloading, if for some reason you are not able to download a presentation, the publisher may have deleted the file from their server. During download, if you can't get a presentation, the file might be deleted by the publisher.

E N D

Presentation Transcript


  1. Eвропско јазично портфолио (ЕЈП) EAQUALS-ALTE Британски совет, Скопје 18 февруари 2011 Предавач: Марија Кусевска

  2. Агенда • Дел 1 Размена на информации во врска со Европското јазично портфолио (ЕЈП) Претставување на ЕЈП на EAQUALS и ALTE Улогата и влијанието на ЕЈП во наставата • Дел 2 Пилотирање на ЕЈП во училиштата за странски јазици на МАКС Нашите први лекции Нашите искуства Можности за воведување на ЕЈП во средните училишта

  3. Размена на информации во врска со Европското јазичнопортфолио (ЕЈП) • Како го стекнавте вашето знаење за ЕЈП? • Кои прашања беа истакнати во тие случаи? (во врска со професорите, учениците, општествената средина): придобивки и проблеми

  4. Европско јазично портфолио (ЕЈП) на EAQUALS и ALTE

  5. EAQUALS – Европска асоцијација за квалитет во наставата по странски јазици ALTE – Асоција на центрите за јазични испити во Европа

  6. Проект за воведување на ЕЈП на EAQULS и ALTE во Македонија • МАКС-Македонска асоцијација за квалитет во наставата по странски јазици • Британски совет • DVV International • Министерство за образование и наука

  7. Фази на проектот • Превод на ЕЈП на македонски и на албански (четиријазично) • Тридневна работилница за вредностите и организацијата на ЕЈП и за Заедничката европска референтна рамка на јазичните нивоа (ЗЕРР) • Дводневна работилница за имплементација на ЕЈП во наставата • Пилотирање на ЕЈП во некои од училиштата за странски јазици • Преговори со издавачките куќи за издавање на ЕЈП

  8. Визија • Развивање способност за меѓусебна комуникација меѓу луѓето од Европа, без разлика на нивните лингвистички, социјални и културни разлики • Развивање меѓусебно разбирање, почитување и толеранција • Оспособување на луѓето од Европа да се справат со зголеменото движење и соработка меѓу земјите на континентот

  9. Примена на јазичната политика на Советот на Европа • развивање јазична и културна толеранција • поттикнување на плурилингвизмот • поттикнување на мобилноста • стандардизација на нивоата за познавање на јазиците • иновации во наставата • поддршка на доживотното учење

  10. Основни претпоставки • ЕЈП е сопственост на индивидуата • Заедничка европска рамка за јазичните нивоа • Самооценување • Рефлективен приод во учењето странски јазици • Развивање автономија во учењето странски јазици

  11. Организација на ЕЈП Јазичен пасош Јазична биографија Јазично досие

  12. Јазичен пасош

  13. Содржина на јазичниот пасош • Профил на јазичните вештини • Самооценување • Резиме за учењето на јазикот и на меѓукултурните искуства • Уверенија и дипломи • Курсеви

  14. Europass – Европски пасош • Што е Европскиот пасош? Им овозможува на луѓето од една земја да патуваат било која друга европска земја заради школување, работа и сл. и при тоа да ги прикажат нивните дипломи на начин разбирлив за институциите во таа земја • Од што се состои? CV, Јазичен пасош, Додаток за уверенија, Додадоток за дипломи, Додаток за мобилност

  15. Јазична биографија - педагошки функцииучење, предавање, оценување • самооценување • рефлективен приод во учењето • поголема инволвираност на учениците во наставата • флексибилност во наставата и прилагодување кон потребите на слушателите • развивање автономија во учењето

  16. Вовед за корисниците Јазичната биографија е документ кој можете да го дополнувате со податоци како, зошто и каде сте го учеле јазикот што го знаете. Таа ви помага да ги определите вашите цели во учењето да размислите за вашето учење на јазикот и за меѓукултурните искуства, и да го определите вашето сегашно ниво за секој од јазиците што ги познавате.

  17. Биографијата се состои од четири дела: • Моите цели при учење на јазикот • Моето досегашно учење на јазикот • Моите искуства со другиот јазик и култура • Моите сегашни јазични приоритети

  18. Определување на приоритетите Табелата за самооценување во Пасошот содржи кус опис на она што лицето може да го прави на одреден јазик, на одредено ниво, во поглед на слушањето, читањето, говорната интеракција, говорната продукција и пишувањето. Во Јазичната биографија, обопштените описи се расчленуваат на поконкретни искази кои им помагаат на учениците да ги определат нивните цели во учењето и да проверат дали точно го определиле своето ниво.

  19. А1 - слушање • Табела за самооценување Можам да разбирам познати зборови и основни фрази кои се однесуваат на мене, на моето семејство и на непосредното опкружување доколку соговорникот ми зборува бавно и јасно. • На кој начин тоа е расчленето во Јазичната биографија? (стр. 9)

  20. Активности • Домени Личен домен (семејство, пријатели, хоби,дневник) Јавен домен (учество во организации, превод) Професионален домен (работа или професија) Образовен домен (учење, образовни институции)

  21. Ситуации : Локации и време во коишто се случуваат Институции или организации чии структури и процедури контролираат добар дел од од она што нормално може да се случи Лица кои учествуваат во нив Предметите (живи и неживи) во тие средини Настани што се случуваат Активности што ги изведуваат лицата кои учествуваат во нив Текстови/скрипти коишто се среќаваат во тие средини

  22. Услови и пречки А - Физички услови За говорЈасност на изговорот, Звуци во средината Мешање (гужва на улица, пазар, кафана, забава, диско, и сл.) Пречки (лоши телефонски линии, радио прием) Временски услови За пишување Лоша копија Лош ракопис Лошо осветлување Б - Општествени услови Број и познавање на соговорниците Статус на учесниците (моќ и солидарност, и сл) Присуство/отсуство на публика Општествени односи меѓу учесниците В - Временски притисок Различно време за говорителот/соговорникот и писателот/примачот Време за подготовка (импровизација, рутина, со подготовка) за говори, извештаи и сл. Ограничување на времето за зборување и комуникација Други притисоци: финансиски, испити, нервози и сл.

  23. Комуникациски теми • во разните домени може да се определат теми коишто се карактеристични за дискурсот, конверзацијата, рефлективноста или пишувањето • теми, поттеми, специфични концепти

  24. Теми, поттеми, специфични концепти (notions) – Threshhold level • лични податоци • дом • секојдневен живот • слободно време, забава • патување • односи со други луѓе • здравја • образование • купување • храна и пијалоци • услуги • места • јазици • клима

  25. За секоја тема определени се поттеми: 4. слободно време • активности • хоби и интереси • радио и ТВ • кино, театар, концерт • изложби, музеи • спортови • Весници • За секоја поттема определени се специфичните концепти: за 6. спортови • локации - поле, терен, стадиум • институции и организации – спорт, тим, клуб • лица – играчи • предмети – карти, топка • настани – трка, натпревар • дејства – гледа, игра, се трка, добива, губи, нерешено

  26. Комуникативни цели и задачи Пр. Комуникација на работа: • Барање дозвола за работа • Барање информации за работата, условите, плата, и сл. • Читање огласи • Пишување писма • Пополнување апликации и др.

  27. Задача • Определете ги домените, ситуациите, и темите важни за B1 ниво (стр. 13, 14).

  28. Листите на нивоата содржат: • Слушање • Читање • Говорна интеракција • Говорна продукција • Стратегии • Јазичен квалитет • Пишување

  29. Компетенции За успешно да ја извршат задачата, учесниците се потпираат на своите компетенции коишто ги научиле претходно во курсот. 1. Општи компетенции • Декларативно знаење (знаење за светот, социокултурно знаење, интеркултурна свесност), вештини и знаење, егзистенцијални компетенции (стаови, мотивација, вредности, верувања, когнитивни стилови, карактерни особини), способност за учење 2. Комуникативни јазични компетенции • Лингвистички (лексички, граматички, семантички, фонолошки, ортографски), социолингвистички и прагматички компетенции

  30. Класификација на дескрипторите од 1 до 22

  31. Определување на приоритетите и влијание врз наставата • Учениците ги прегледуваат листите за проверка на нивното ниво (според тоа како се оцениле во Пасошот) дел по дел • Го разгледуваат секој исказ и го обележуваат соодветното квадратче: Ова можам или Моите приоритети • Со обележувањето тие ги определуваат своите цели за учење • Со определување на овие цели учениците ги определуваат своите цели и му покажуваат на професорот на што треба и на што сакаат да работат.

  32. Што понатаму со тоа • учениците може да направат постери со оние компетенции кои сакаат да ги постигнат. Во текот на работењето професорот може да се осврнува на постерите и да се преговара дали тоа што е зацртано е и остварено. • да се изработи план за работа (actionplan) • да се направи договор со професорот и учениците во врска со учењето врз основа на ова (learningcontract) • водење дневник во врска со учењето преку ЕЈП, каде учениците ќе ги запишуваат своите планови, цели, сознанија, искуства, потешкотии, и сл.

  33. Како може професорот да им помогне на учениците коишто го обележале следниот дескриптор А2 - Говорна продукција Можам да се опишам себеси, моето семејство и други луѓе. Можам да го опишам моето место на живеење.

  34. Прашања што професорот би си ги поставил • Кои се домените, темите, подтемите, комуникациските цели и сл. • Како треба да изгледа таа активност • Кој ќе биде крајниот производ (постер, напис, ЦД, радио емисија)

  35. Организација на активности за учење: да се земат во предвид • Видови задачи – симулации, улоги, и сл. • Цели – на групата и на поединецот • Инпут – инструкции, материјали, • Резултат – текст, заклучоци, табели, презентации, и сл. • Активности – когнитивни/афективни, физички/рефлективни, група/парови/индивидуално, рецептивни/продуктивни • Улоги – во задачата, при планирање, и сл • Мониторинг и оценување – успешност на изведување на задачата

  36. Какви треба да бидат задачите • Да имаат краен производ (Што треба ученикот да прикаже на крајот од задачата?) • имагинативни • Да одговара на интересите и активностите на ученикот (да не е хипотетичка) • Треба да се знае кому ученикот му се обраќа (да има комуникативен приод) • Да има отворена структура (да може да се изведе на повеќе начини) • Да биде јасно определена (нејзината структура, содржина, квалитет) • Да се работи тимски • Има за цел да придонесе за усовршување на компетенциите на ученикот

  37. Модел за подготовка на активностите

  38. Која е разликата меѓу вежбите и задачите? • Блогови • Весници • Приговор за одмор • Опишете и изведете една школска претстава (за некое друго училиште во странство) • Разговор и споредување на неколку написи • Имејли • Создадете биографија на личност од земјата во која се зборува јазикот

  39. Досие • Примероци на добро напишани текстови • Аудио/видео записи • Документи, дипломи, уверенија • Опис на курсеви • Размислувања за напредокот во учењето на јазикот • Сèшто сакате да зачувате и да им покажете на другите

  40. Самооценување и оценување ЕЈП им овозможува на учениците да ги оценат своите јазични вештини и да го опишат своето јазично знаење, како и да го споредуваат, преку референтни нивоа признаени во Европа. Тестовите и оценувањата направени врз основа на ЕЈП овозможуваат транспарентност и препознатливост во релевантните европски институции.

  41. Зошто би се поврзувало оценувањето со ЕЈП и ЗЕРР? • постои потреба да се поврзат чеклистите за континуираното оценување со една општа рамка • различни видови на оценување во кои би се вметнале дескрипторите • ЗЕРР помага да се постигне конзистентност, транспарентност • ЗЕРР овозможува поврзување и бенчмаркови за изработка на тестови – стандардизирање на изработката на тестовите.

  42. На кој начин би можела да се искористи ЗЕРР за разни видови оценување? 1. Што се тестира? дескриптори 2. На кој начин се интерпретира/оценува постигнатото. (КОЛКУ ДОБРО) А. скали за постигнување на нивото (Б1, Б1+, Б1++, Б1.8) Б. Скали за испит (дефинирање на дескриптори за секоја релевантна категорија, на пр. од 1 до 5, при што 3 е положено)

  43. Кому ќе му користи ЕЈП? • На учениците • На родителите • На професорите • На работодавачите

  44. На учениците • Самооценување • Развивање на свесноста за сопственото учење • Планирање на своето јазично учење • Документирање на јазичните искуства • Студирање или барање работа во друга земја • Europass

  45. На професорите • Инкорпорирање на ЕЈП во својата практика • Користење различни начини на оценување • Креирање и опис на курсевите • Поттикнување размислување за личните цели и стратегии на учење • Подобро запознавање со своите студенти/ученици/слушатели • Упатување како да се користи ЕЈП за разни намени

  46. На работодавачите • Добивање јасна слика за јазичните компетенции на вработените како и на оние коишто сакаат да ги вработат • Планирање на професионалниот развој на вработените, нивното образование и развивање соодветни курсеви со јасни цели • Организирање тестирања за јазичните компетенции на вработените

  47. Дискусија Влијанието на ЕЈП врз остварување на наставата: позитивни + загрижувачки

  48. Council of Europe www.coe.int ELP www.coe.int/portfolio Europass http://europass.cedefop.eu.int EAQUALS www.eaquals.org ALTE www.alte.org

More Related